Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање
ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
1Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање
2ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
3ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
ЖивотНорвешкиот крал Харалд за роденден го доби моторот што го возел пред 70 годиниНорвешкиот крал Харалд Петти на својот 86. роденден имал големо изненадување кога вработените во кралската палата му подариле мотоцикл којшто пред 70 години го добил за роденден, но кусо потоа го продал.Пред точно седум десетлетија, за својот 16. роденден, принцот Харалд добил син мотор како роденденски подарок од својот татко кој тогаш - во 1953 година сè уште бил престолонаследник, подоцнежниот крал Олав Петти. Младиот принц го возел моторот на шведскиот производител до 1955., кога добил возачка дозвола за автомобил. Возилото на две тркала потоа било продадено. Во дворецот лани имало изложба на возила што ги користеле норвешките кралеви низ годините, па монархот Харалд, кој е на престолот од 1991 година, во еден миг прашал - дали некој знае каде завршил неговиот прв мотоцикл „Хускварна 30 спорт“ (Husqvarna 30 Sport)? Како што соопшти кралското семејство, тоа изминативе месеци било повторно најдено, по што следеле и неопходните прегледи и поправки. Потоа му било предадено на кралот со првичната регистарска табличка. Норвешкиот владетел како и обично во четвртокот го прослави својот роденден приватно. Не се знае дали притоа го возел тој мотор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНеуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирањеЗемјите не успеаја да постигнат нов голем договор за справување со климатските промени на климатската конференција COP31 во Турција. Преговорите, кои требаше да завршат во петокот, продолжија до вчера и станаа најдолгата климатска конференција на он досега. Главната причина за неуспехот се длабоките поделби околу употребата на фосилните горива и финансирањето на климатските мерки. Европската унија и островските држави од пацификот го отфрлија конечниот договор бидејќи во него директно не се споменуваат фосилните горива. Посиромашните земји, пак, реагираа на отсуството на конкретни финансиски обврски од побогатите држави. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабоко разочарување од исходот на преговорите. Тој ги обвини моќните нафтени интереси дека ја искривуваат науката и го попречуваат преземањето мерки против климатските промени. Австралискиот премиер Ентони Албанезе неуспехот го оправда со тешките геополитички околности.Земјите производители на нафта се спротивставија на споменувањето на фосилните горива во договорот, со што преговорите завршија без конкретен напредок.Тагови: COP31 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборавиВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР. Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично. Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци. Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени. Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачиЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вклучување во живо на Фејсбук, во кое разговараше со граѓаните за подготовката на буџетот за следната година. Тој посочи дека кога ја презел функцијата сообраќале 148 автобуси, а денес на линиите има над 200. Заштедата ја поврза со подобрата контрола на потрошувачката преку ГПС-систем и сонди за мерење на горивото. Најави и дека наскоро се очекува пристигнување на 100 нови еколошки автобуси, за кои се подготвува потребната инфраструктура за полнење. Ѓорѓиевски најави и дека Скопје ќе организира дочек на новата 2027 година со програма посветена на македонската музика и домашните изведувачи. Во организацијата повторно ќе помогне Државната лотарија, а новогодишната програма ќе започне околу 15 дена пред 31 декември. Градоначалникот најави дека градот навреме ќе биде украсен за претстојните празници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook