СкијањеНорвешки скијач ја покажа страшната повреда, по падот со 145 км/час (ВИДЕО)Норвешката скијачка ѕвезда Александар Аамод Килде, кој падна со 145 км/час на последниот свиок од спуст во Венген, Швајцарија, и во саботата заврши во заштитната шина, беше опериран во болницата во Берн.Норвешката скијачка ѕвезда Александар Аамод Килде, кој падна со 145 км/час на последниот свиок од спуст во Венген, Швајцарија, и во саботата заврши во заштитната шина, беше опериран во болницата во Берн, но избегнал скршеници на коските и оштетување на лигаментите на коленото. Килде го скина десниот мускул на потколеницата при падот и се здоби со изместување на рамото. Со вестите за здравствената состојба на Килдео, што е многу подобра отколку што беше веднаш по падот, за што беше потребно тој да биде префрлен со хеликоптер од патеката во болница, постои можност уште да го видиме победникот на Големиот кристален глобус за 2020 година на патеката во оваа сезона. Сепак, во моментов нема прогнози за тоа кога Килде ќе може повторно да се натпреварува. Килде денеска објави неколку фотографии на Инстаграм, а меѓу нив се најде и онаа од застрашувачкиот рез кој го заработи по падот. Фотографијата е вознемирувачка и е во галеријата подолу. View this post on Instagram A post shared by Aleksander Aamodt Kilde (@akilde) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Јамал видно уморен и исцрпен по дуелот против Франција Шпанија е во големото финале на Светското првенство по победата над Франција (2:0), но една снимка од стадионот предизвика вистинска бура меѓу навивачите на „Црвената фурија“. По завршувањето на натпреварот, камерите го снимија Ламин Јамал како го напушта теренот видно исцрпен, а она што им падна в очи на сите беше фактот дека младиот ас буквално едвај одеше. Секој чекор изгледа болно, а социјалните мрежи за рекордно време се вжештија од коментари на загрижените навивачи. По мундијалското полуфинале Шпанците се пожалија на грубоста од француските фудбалери кон младата светска фудбалска ѕвезда. Во текот на целиот натпревар, Французите не бираа средства за да ја запрат најголемата ѕвезда на Шпанија. Јамал беше под постојан притисок, претрпе бројни дуели и стартови, а токму врз него беше направен прекршокот по кој Шпанија доби пенал за водство. Иако видеото на кое тој тешко се движи воопшто не е пријатно за навивачите на „Црвената фурија“, првите информации од шпанскиот табор влеваат оптимизам. Не се очекува повредата да го загрози неговиот настап во финалето; станува збор попрво за последици од жестоките дуели и големиот физички напор за време на полуфиналето. Сепак, јасно е дека шпанскиот медицински тим внимателно ќе ја следи неговата состојба во наредните денови.Тагови: Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху ќе патува во САД, сака да се сретне со ТрампИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе патува во САД во сабота, објави „Џерусалим пост“.Се очекува Нетанјаху да остане во Вашингтон до вторник, а за време на престојот планира да присуствува на комеморација за сенаторот Линдзи Греам, објави весникот. Израелскиот премиер сака да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата сè уште не е официјално договорена, соопштија израелски извори. Посетата на Вашингтон ќе биде првото официјално патување на Нетанјаху во САД од почетокот на војната со Иран. Неговата последна посета на САД беше во февруари. За време на неодамнешниот телефонски разговор во кој Нетанјаху му честиташе на Трамп за 250-годишнината од американската независност, двајцата лидери се согласија да се сретнат „наскоро“.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаЗаменик-министерот Ристески на работна средба со претставниците на поголемите стопански комориПоддршка за компаниите од 5,4 милиони евра за вработување на 1385 лица.Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори, Стопанската комора, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. На средбите Ристески пред присутните ја презентираше мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“ во рамки на Оперативниот план за вработување, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. - Креирањето на нови работни места е приоритет за Владата и Министерството за економија и труд, а годинава преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година создаваме повеќе од 3.500 нови работни места. Со мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ обезбедуваме поддршка на компаниите за зголемување на бројот на вработени, годинава со оваа мерка ќе бидат опфатени 1385 лица, а вкупниот буџет изнесува 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра – кажа заменик-министерот Ристески. Со јавниот повик една компанија може да аплицира за финансиска поддршка за најмногу 5 работни места и вкупна поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања. И оваа година најголема финансиска поддршка од 250.000 денари се предвидува за вработување на младо лице до 29 години. Ристески и претставниците на стопанските комори апелираа до сите компании кои имаат интерес и ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат во некој од центрите на Агенцијата за вработување. Јавниот повик е отворен до 24 јули 2026 година Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македонија (https://av.gov.mk/).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook