Норвешки научници: Вакцината на АстраЗенека предизвикува згрутчување на крвта - Канал 5

Норвешки научници: Вакцината на АстраЗенека предизвикува згрутчување на крвта

Според студијата на универзитетската болница Рикшоспиталет во Осло, силниот имунолошки одговор по вакцинацијата со АстраЗенека довело до тоа тројца здравствени работници да добијат згрутчување на крвта, од кои едниот починал.

Норвешки научници: Вакцината на АстраЗенека предизвикува згрутчување на крвта

Оваа вест е објавена утрово од норвешката новинска агенција НТБ, пред ЕМА да го објави својот извештај.

„Добивме наоди кои можат да ја објаснат клиничката слика на нашите пациенти“, рече главниот лекар и професор Пол Андре Холм од Рикшоспиталет на вонредната прес-конференција.

„Веруваме дека ова е важно да се покаже, најдовме разумен модел на објаснување“, рече Холм.

Научниците немаат одговор зошто токму тие тројца здравствени работници добиле згрутчување на крвта, а другите луѓе не.

„Имаме теории, но не знаеме зошто некои ја добиваат, а други не“, рече Холм.

Холм и неговите колеги напорно работеле последните денови за да најдат одговор на прашањето зошто тројцата здравствени работници под 50-годишна возраст биле хоспитализирани поради згрутчување на крвта по примањето на вакцината на АстраЗенека.

Тие веруваат дека вакцината довела до неочекувана реакција на имунолошкиот систем, по што настанало формирање на тромби и низок број на тромбоцити, пишува ВГ.

"Докажавме дека специфичните антитела ја предизвикуваат оваа состојба со тромбоцити, за што активирањето било од администрираниот лек. Нема ништо друго освен вакцина што може да предизвика ваква реакција на имунолошкиот систем", рече Холм.

Еден од тројцата здравствени работници кои добиле згрутчување на крвта откако биле вакцинирани со АстраЗенека починал во неделата. Сите биле примени во болница со акутна болка.

Тие имале тромбови на невообичаени места, како што се стомакот и мозокот, и крвареле и имале мал број на тромбоцити.

Локалните медиуми пишуваат дека здравствениот работник кој инаку бил „во добра здравствена состојба“ починал во неделата поради крварење во мозокот. Таа била хоспитализирана во четвртокот, околу една недела откако била вакцинирана со АстраЗенека.

Друг здравствен работник на околу 30-тите години починал во Норвешка во петокот, 10 дена откако ја примил истата вакцина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ наводно се нашле во центарот на инцидент во познат белградски трговски центар, што ја принудило полицијата да интервенира. 

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Драмата се одвивала во популарна продавница кога во Исидора се посомневало обезбедувањето, кое потоа сакало да ја претресе, пишува Телеграф.

Нејзиниот сопруг Сергеј, јавуваат српските медиуми, реагирал бурно на ова и не им дозволил да ги претресат нејзините работи, што ескалирало во вербален конфликт. Обезбедувањето потоа повикало полициска патрола која го однела парот во полициската станица.

Таа се огласи откако ја напуштила полициската станица

Исидора подоцна сама ја напуштила полициската станица, додека Сергеј, како што се испоставило, си заминал порано. Таа накратко им се обратила на собраните новинари пред станицата.

„Само дојдов да ги земам документите“, рекла кратко, одбивајќи да биде снимена, пренесува Телеграф.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Кина отвори индустриски парк за вештачка интелигенција во северниот регион Внатрешна Монголија, за кој инвеститорот тврди дека е најголем во светот.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Комплексот „Envision Galaxy Campus“, сместен во градот Уланкаб, започна со работа во четврток. Компанијата за зелена технологија „Envision Group“ вели дека е најголемиот поединечен центар за податоци со вештачка интелигенција во светот во однос на капацитетот за обработка на токени, објави „Global Times“.

Капацитет и технички спецификации

Новиот комплекс е исто така најголемиот индустриски парк за вештачка интелигенција во Кина, со планиран капацитет од два гигавати. Зафаќа површина од 120.000 квадратни метри и е дизајниран да ја поддржи компјутерската моќ до еден милион единици за графичка обработка (GPU) кои можат да работат истовремено.

Зелена енергија и глобална иницијатива

Компанијата вели дека повеќе од 80 проценти од електричната енергија потребна за работа на центарот доаѓа директно од обновливи извори. Проектот е водечки развоен напор како дел од иницијативата „Mission Gobi“. Со оваа иницијатива, „Envision“ планира да изгради пет гигавати капацитет за зелено пресметување со вештачка интелигенција во пустински и сушни региони низ целиот свет до 2030 година. Планот комбинира големи центри за податоци со обновливи извори на енергија и системи за складирање.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ги комбинира минатото и иднината: V12 хибрид инспириран од една од најголемите икони.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ја претстави специјалната серија „Revuelto Miura 60° Homage“, која ја одбележува 60-годишнината од лансирањето на легендарниот модел „Miura“.

Премиерата ќе се одржи за време на настанот „Monterey Car Week“, а производството ќе биде ограничено на само 99 примероци.

Специјалното издание е развиено од одделот „Ad Personam“, одговорен за персонализација на возилата.

На клиентите ќе им бидат понудени девет бои на каросеријата инспирирани од оригиналната „Miura“, со контрастни детали во златна или сива боја, ексклузивни тркала и значки „Miura 60“ на праговите.

Внатрешноста има седишта со мотиви инспирирани од оригиналната „Miura“, дополнителен кожен тапацир, вез „Miura 60“ и плочка што потврдува дека е еден од само 99 произведени автомобили.

Нема промени под хаубата. „Revuelto Miura 60° Homage“ е напојуван од познатиот „plug-in“ хибриден систем кој комбинира атмосферски 6,5-литарски V12, три електрични мотори и осумстепен менувач со двојна спојка.

Вкупната моќност е 1.015 КС (747 kW), што му овозможува на овој хипер автомобил да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди, додека максималната брзина надминува 350 км/ч.

Компанијата вели дека специјалната серија претставува комбинација од богатата историја на брендот и модерните опции за персонализација по кои е познат „Lamborghini“ денес.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер