ЖивотНорвешката принцеза го утврди датумот на свадбата со шаман, кој тврди дека воскресналНорвешката принцеза Марта Луиз (51) следното лето ќе се омажи за својот американски партнер, самопрогласениот шаман Дурек Верет, објави парот, а пренесува Би-би-си.Кралот Харалд V им честитал на парот, велејќи дека е среќен што му посака добредојде на г-дин Верет во неговото семејство. Принцезата минатата година се повлече од своите кралски должности за да го води бизнисот со алтернативна медицина што го дели со нејзиниот вереник. Верет е познат по промовирање на неосновани медицински практики. Тој сугерира дека ракот е избор и продавал медаљони преку Интернет кои наводно штитат од Ковид-19, додека принцезата Марта Луиз тврдеше дека може да комуницира со ангели. Тие ја објавија својата свршувачка во јуни 2022 година и го добија кралскиот благослов. „Возбудени сме што Дурек Верет му се придружи на семејството и со нетрпение очекуваме да го прославиме големиот ден со нив“, се вели во соопштението на кралот и кралицата на Норвешка објавено вчера. „Им посакуваме се најдобро на Марта и Дурек.“ Свадбата ќе се одржи во живописниот норвешки град Гејрангер, на брегот на фјорд кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, на 31 август 2024 година, напиша Марта Луиз на Инстаграм. Верет ќе се пресели во Норвешка и ќе му се придружи на кралското семејство без никаква титула, објави норвешката државна телевизија НРК. Холивудскиот гуру, кој се опишува себеси како шаман од 6-та генерација, тврди дека воскреснал од мртвите и ги предвидел нападите од 11 септември во САД две години пред да се случат. Верет, кој е Афроамериканец, призна дека неговите верувања можеби се непријатни за некои и тврди дека критиките со кои се соочува се резултат на расизам. Марта Луиз во ноември минатата година изјави дека повеќе нема да извршува службени должности за норвешкото кралско семејство до понатамошно известување. Одлуката дојде откако принцезата неколку пати беше критикувана за мешање на комерцијални интереси со нејзината официјална титула. Таа со децении предизвикува контроверзии во Норвешка поради нејзината вклученост во алтернативно лекување, вклучително и отворање училиште кое имало за цел да им помогне на луѓето „да стапат во контакт со нивните ангели“. Сестрата на норвешкиот престолонаследник Хакон има три ќерки од првиот брак. Принцезата претходно беше во брак со писателот Ари Бен. Тие се разведоа во 2017 година, а Бен, кој рече дека боледува од депресија, изврши самоубиство на Божиќ 2019 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисГолеми изненадувања во Монтреал! Шок по шок во Монтреал! Големи изненадувања го одбележаа второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал.Мастерсот во Монтреал уште во второто кола остана без првиот и четвртиот ностле. Првиот и четвртиот носител, Александар Зверев и Данил Медведев, се елиминирани од холандски тенисери, а натпреварувањето го заврши и Тејлор Фриц. Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, го одигра својот прв меч по поразот од Јаник Синер во финалето на Вимблдон, но веднаш го заврши своето учество во Канада. Германецот беше поразен од Талон Грикспор со резултат 6:7 (3:7), 6:2, 6:4. Холанѓанецот, кој моментално е 69-ти на АТП-листата, пристигна во Канада со само една победа од претходните осум меча на АТП-турнејата, но успеа да ја забележи својата трета победа во кариерата против Зверев. Престојот во Канада заврши и за четвртиот носител, Данил Медведев. Рускиот тенисер во 2 коло загуби од Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6 (7:5), со што Холанѓанецот ја оствари својата прва победа во нивните меѓусебни дуели.Тагови: Зверев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги - сега праќа тепачиМицкоски повеќе не може да ги скрие неуспесите.Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС. Народот ги прочита. Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела Македонија повеќе не се кријат зад пропаганда. Затоа сега ја увезува и медиумска машинерија на Вучиќ - Ало групацијата (вклучувајќи го озлогласениот Информeр и други). Се увезува лиценца за Еуроњуз што треба да ја води Ивона Талевска. Целата мрежа под команда на „Началникот“ Латас - човек поврзан со српските служби. Треба да почнат во септември. Целта е јасна: медиумски мрак по модел на Вучиќ. А додека мрежата уште не е целосно активирана, веќе ја презеде и техниката на Вучиќ на напад и тепање на неистомисленици кои сакаат да се слушне нивниот глас. Во Србија удираат по неистомисленици, повеќе од една година. Кај нас почна од вчера вечерта. Синоќа во Ново Село беа нападнати млади активисти на СДСМ. Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе. Еден од нив е возачот градоначалникот на Струмица, извесен Наско Димитриев. Ова не смее да остане неказнето. Мицкоски ја премина секоја граница. Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат. Уште денеска да ги идентификуваат напаѓачите и да ги лишат од слобода. Сите до еден. Нема да дозволиме и ова да помине неказнето. Фашистички методи нема да дозволиме. Доволно е што Латас спроведува Гебелсови техники во медиумите, нема да дозволиме тоа да се случува и на улица. Младите не се плашат. Народот е буден. А стравот веќе не им е сојузник! Скопје, 06.08.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПациенти од онкологија ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапијаПациенти од Клиниката за онкологија и радиотерапија денеска ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија. Од Клиниката велат дека станува збор за краткотрајно доцнење и дека најголем дел од лековите веќе се испорачани. Неколку пациентки денеска симболично ќе излезат пред Министерството за повторно да предупредат на честите прекини во снабдувањето со потребните лекови. Од клиниката, пак, соопштија дека кај мал дел од препаратите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување било евидентирано „краткотрајно доцнење во испораката“, кое го поврзуваат со повеќе фактори – зголемена потрошувачка, поголем број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки и делумен недостиг кај дистрибутерите.Најголемиот дел од потребните препарати веќе се обезбедени и доставени на клиниката, додека преостанатите количини се очекува да бидат достапни во текот на оваа недела“, соопштија од установата.Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook