Норвешката министерка за здравство поднесе оставка поради плагијат - Канал 5

Норвешката министерка за здравство поднесе оставка поради плагијат

Министерката за здравство на Норвешка, Ингвилд Кјеркол (48) денеска поднесе оставка по обвинувањата дека нејзината магистерска е плагијат.

Норвешката министерка за здравство поднесе оставка поради плагијат

Универзитетот Норд во Бодо, каде што ја поднела магистерската во 2021 година, по извршената истрага вчера потврди дека нејзината магистерска е плагијат.

Дојдовме до заклучок дека Ингвилд треба да поднесе оставка од функцијата министер, изјави премиерот Јонас Гар Стур, додавајќи оти истрагата утврдила дека плагијатот бил „намерен“.

Кјеркол истакна дека таа и коавторот „немале намера да копираат туѓи достигнувања“.

- Иако боли затоа што не ви веруваат, мора да го прифатиме фактот дека Универзитетот има поинакво мислење, истакна Кјеркол на заедничката прес-конференција со Гар Стур.

Таа ја презеде функцијата во октомври 2021 година, кога Гар Стур ја претстави коалициската влада, составена од неговата Лабуристичка партија и Партијата на центарот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. 

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица.

Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“.

Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење.

Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување.

„Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи.

Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Утринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. 

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици.

Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините.

Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер