Норвешката амбасадорка Мона Јул е суспендирана и ќе поднесе оставка поради контакти со Епстин - Канал 5

Норвешката амбасадорка Мона Јул е суспендирана и ќе поднесе оставка поради контакти со Епстин

Истакнатата норвешка амбасадорка Мона Јул ќе поднесе оставка поради „сериозна грешка во проценката“ кога станува збор за нејзиниот контакт со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин, објави денеска норвешкото Министерство за надворешни работi.

Норвешката амбасадорка Мона Јул е суспендирана и ќе поднесе оставка поради контакти со Епстин

Претходната недела, министерството ја суспендираше Јул од нејзината функција амбасадор во Јордан и Ирак, во исчекување на внатрешната истрага за нејзините врски со Епстин.

Нејзините контакти со него беа откриени од обемните документи објавени од американските власти.

„Контактот на Јул со осудениот сексуален престапник Епстин покажува сериозна грешка во проценката. Овој случај го отежнува враќањето на довербата што ја бара оваа позиција“, рече шефот на норвешката дипломатија, Еспен Барт Ајде.

Британските медиуми пренесуваат дека Јул (66), поранешна помошник-министерка во владата, претходно ја претставувала Норвешка како амбасадор во Израел, Велика Британија и Обединетите нации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст.

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил.

„Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за реализација на истите им беше потребно подостапно и поповолно финансирање. Затоа, заедно со бизнис секторот и банките креиравме и дефиниравме модел со кој 250 милиони евра се ставија на располагање за развојни инвестиции во домашниот приватен сектор, по најповолни услови и со лесен пристап да стигнат до крајните корисници„, стои во објавата.

Таа додава дека првата транша кон домашните компании беше исплатена во март минатата година и дека до овој момент во македонската економија се инјектирани вкупно 239 милиони евра, износ кој поттикна значаен инвестициски циклус во приватниот сектор и придонесе за поголемо производство, нови вработувања и поголема конкурентност на домашните компании.

„Целта на Владата беше да препознае што им е потребно на домашните компании и да создаде услови тие потреби да се претворат во реални инвестиции. Интересот покажа дека мерката одговара на реалните потреби на бизнисот. Влеговме во овој проект со јасна цел, преку поддршка на приватните инвестиции да поттикнеме значаен инвестициски циклус во домашната економија. А ефектот е поголем бидејќи средствата што ги обезбедува Владата се надополнуваат со сопствени средства на компаниите“, посочува министерката за финансии.

Според министерката најважното прашање сега не е само колку средства се пласирани, туку што се случува со економската активност како резултат на ваквиот пристап до капитал и зголемените инвестиции.

Додава дека индикатори се охрабрувачки. Корпоративното кредитирање во овој период во кој се реализира оваа мерка, бележи просечен годишен раст од 15%, односно во периодот од март минатата година до јуни оваа година се движи помеѓу 13,5% и 16,5% што покажува зголемена кредитна активност и подобар пристап на компаниите до финансиски средства. Растот на БДП во првиот квартал од 2026 година изнесуваше 3,1%, по растот од 3,5% во четвртиот квартал од 2025 година, 3,8% во третиот и 3,8% во вториот квартал. Еден од значајните придонеси кон растот се јавните и приватните инвестиции.

Позитивни и охрабрувачки сигнали, стои во објавата, гледаме и кај извозот, индустриското производство и вработеноста.

„Сите податоци покажуваат дека економската активност се движи во посакувана насока и се потврда за позитивните ефекти на политиките коишто ги спроведуваме. Токму затоа поддршката за домашниот бизнис ја гледаме како инвестиција во растот на економијата. Овие податоци се важни бидејќи покажуваат дека економските политики треба да се мерат преку конкретните резултати и промените во реалната економија. Целта на Владата е јасна: повеќе инвестиции, зголемено производство, посилни домашни компании, нови работни места, конкурентна домашна економија и одржлив економски раст„, стои во објавата на министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа истакнува дека Владата со посветеност ќе продолжи да креира и спроведува мерки кои ќе им овозможуваат на компаниите да растат, да инвестираат и да создаваат нова вредност за целата економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времето истекува за Нина – без итна помош може да биде предоцна

Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте.

Времето истекува за Нина – без итна помош може да биде предоцна

Лекарите се јасни – нема време за чекање.

Постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува.

Потребни се најмалку 100.000 евра, а значителен дел од сумата сè уште недостасува.

Ова не е обичен апел.

Ова е трка со времето.

Да помогнеме едно мало дете да порасне. Да ѝ дадеме право на живот без болка.

Медиуми, јавност – Ве молиме објавете и споделете.

Секој ден доцнење значи помала шанса за Нина.

Да не дозволиме болката да победи.

Да не дозволиме да биде доцна.

Благодариме на сите кои ќе придонесат за спас на нашата НИНА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работници при ископ на канализациска цевка во Белгија, пронашле злато вредно 9 милиони евра.

Белгиската полиција ги повика трагачите по богатство да се држат настрана од градилиштето северозападно од Брисел, каде што работниците оваа недела открија златни монети и златни прачки во вредност од 9 милиони евра. 

Работници при ископ на канализациска цевка во Белгија, пронашле злато вредно 9 милиони евра.

Богатството е пронајдено пред четири дена за време на реновирањето на објект во градот Дендермонде, во Источна Фландрија. Полицијата соопшти дека работниците ги повикале откако откриле „големо количество злато“.

Тие објавија фотографии на својата Фејсбук-страница на кои се гледаат околу 50 прачки и куп златни монети. Белгиските медиуми објавија дека богатството, проценето на 9 милиони евра, било пронајдено во ѕидовите на подрумот за време на реновирањето на куќа во сопственост на локалната хуманитарна организација „CAW Источна Фландрија“.

Градежен работник, со кого разговараше фламанскиот јавен сервис VRT, изјави дека првичната реакција на работниците била неверување и вчудоневиденост. „Наидовме на тоа додека копавме за канализациска цевка“, објасни човекот, кој беше претставен само како Кобе. „Секако дека не очекувавме да најдеме злато“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер