Норвешка го освои златото во брзо лизгање

Норвешка го освои златото во тимска потера во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Норвежаните во состав Хавард Боко, Синдре Хендриксен, Симен Спилер Нилсен и Свер Лунде Петерсен триумфираа со резултат 3:37,32 минути, на второ место, на разочарување на домашната публика, заврши тимот на Јужна Кореја со време од 3:38,52 минути.

Бронзата ја освоија Холанѓаните по победата во малото финале над Нов Зеланд./MИА
притисни ентер