Норвешка европски првак, бронза за ракометарките на Хрватска - Канал 5

Норвешка европски првак, бронза за ракометарките на Хрватска

Ракометарките на Норвешка по само две години пауза ја вратија европската шампионска титула во свои витрини.

Норвешка европски првак, бронза за ракометарките на Хрватска

Норвеженките во големото финале по голема и изедначена битка го совладаа досегашниот првак Франција со 22-20 .

За Норвежанките тоа е осмо европско злато со што ја продолжија доминацијата во последните 12 години.

Хит на еврошампионатот во Данска е селекцијата на Хрватска.

Најдобрите ракометарки на Хрватска во малото финале во мечот за бронзата со убедливи 25-19 ја совладаа домашната селекција на Данска и заслужено стигнаа до медал на првенството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и посвежо

Утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. 

Утре променливо облачно и посвежо

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно, во деновите од викендот посвежо, особено наутро, а од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неверојатна глетка од Јадранското Море: Се појави кит од 70 тони, експертите открија зошто доаѓа во ова време од годината

 На островото Блитвеница, југозападно од Жирје, вчера беше забележана импресивна глетка што ги изненади набљудувачите на море - се појави огромен кит во полна големина.

Неверојатна глетка од Јадранското Море: Се појави кит од 70 тони, експертите открија зошто доаѓа во ова време од годината

Станува збор за голем кит (Balaenoptera physalus), познат и како перкаст кит, едно од најголемите животни на планетата.

Експертите истакнуваат дека овој вид е редовен, но сезонски посетител на Јадранското Море, особено во потоплиот дел од годината.

Како што објасни Драшко Холцер, биолог и виш кустос во Хрватскиот музеј за природна историја, овој морски џин повремено влегува во Јадранското Море во текот на пролетта и летото, следејќи богати извори на храна.

Минке китот (Balaenoptera physalus) припаѓа на семејството грбави китови и е второто најголемо животно на Земјата, веднаш по синиот кит. Возрасните можат да достигнат должина од повеќе од 20 метри и тежина до 70 тони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандалозната изјава на првиот човек на ФИФА: Џани Инфантино ја шокираше планетата пред почетокот на Светското првенство!

На прашањето на новинарите дали ја има ситуацијата под контрола, Инфантино ладнокрвно рече: „Кулирајте, опуштете се... Работиме на сè и се обидуваме да ги решиме проблемите“.

Скандалозната изјава на првиот човек на ФИФА: Џани Инфантино ја шокираше планетата пред почетокот на Светското првенство!

Додека светот ги одбројува последните часови пред стартот на Светскиот фудбалски шампионат , а американските власти спроведуваат ригорозни мерки и ги протеруваат од територијата на Соединетите Американски Држави новинарите, навивачите, па дури и судиите и самите учесници на Светското првенство, како што е селекцијата на Иран, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, ја шокираше јавноста со својата изјава.

На прашањето на новинарите дали ја има ситуацијата под контрола, Инфантино ладнокрвно рече: „Кулирајте, опуштете се... Работиме на сè и се обидуваме да ги решиме проблемите“. „Не живееме на Месечината“.

Овој коментар предизвика лавина од негативни реакции, особено затоа што доаѓа во исклучително напната недела.

Деновиве инаку најдобриот африкански судија, Омар Абдулкадир Артан, беше депортиран од аеродромот во Мајами поради наводни „врски со осомничени за тероризам“, додека иранската репрезентација беше итно префрлена во Мексико. На прашањето дали се чувствува засрамено од ваквите настани, претседателот на ФИФА се бранеше со дипломатски клишеа.

„Кога велам опуштете се, не мислам да седиме со скрстени раце, туку да имаме верба во нашата работа зад сцената. Постојат работи на кои можеме да влијаеме, но и работи што се надвор од наша контрола. Се обидуваме да најдеме решенија - понекогаш успешно, понекогаш не. Само по себе го сметам за огромен успех што дури и го натеравме Иран да игра во Америка, не знам кој друг би можел да го направи тоа. Сите веруваме дека тоа е правилно, но ние не живееме на Месечината, ние живееме на Земјата и даваме се од себе. Се надевам на добри вести“, рече Инфантино на официјалната конференција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер