Сиљановска-Давкова по повод одбележувањето на 2 Август – Илинден-државата се чува со вложување во младите, се брани со мудра надворешна политика
1Сиљановска-Давкова по повод одбележувањето на 2 Август – Илинден-државата се чува со вложување во младите, се брани со мудра надворешна политика
ФормулаНорис: Отсекогаш сум бил строг кон себеБританскиот возач на Мекларен Ландо Норис ги сподели своите размислувања за самокритичноста.- Понекогаш имам изговори, но не се гордеам со тоа - 95% од случаите знам дека можев подобро, без разлика на сите околности. Точно дека болидот не е совршен, но сепак се наоѓам себеси како размислувам: „Можев да го направам ова или она подобро“. Отсекогаш сум бил строг кон себе, но не и со другите - никогаш не сум имал никакви критики за тимот, механичарите или поставките за болидот. Се фокусирав на само-подобрување наместо да ги обвинувам другите. Овој пристап ме обликуваше како личност. Овој начин на размислување има и добри и лоши страни. Од една страна, тоа ми помогна подобро да се разберам себеси, да ги анализирам моите грешки и да напредувам. Од друга страна, понекогаш сум премногу тврд со себе и се заглавувам во негативни мисли, изјави Норис за веб-страница на Формула 1. По пет трки, Норис е втор во шампионатот со 89 бодови, зад тимскиот колега Оскар Пјастри, кој има 99 бодови. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаСиљановска-Давкова по повод одбележувањето на 2 Август – Илинден-државата се чува со вложување во младите, се брани со мудра надворешна политикаПретседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, што под нејзино покровителство се одржа пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје.На свеченоста претседателката ја нагласи важноста на Илинден како ден за потсетување и за одбележување на борбата на многу генерации за самостојна македонска држава. Според неа, имаме долг кон историската вистина и кон асномската генерација, којашто со крв извојува слобода и македонска република. Во своето обраќање Сиљановска-Давкова порача дека државата се чува со вложување во младите, се брани со мудра надворешна политика и се јакнее преку националното помирување. Претходно претседателката положи цвеќе пред спомениците на Никола Карев, АСНОМ и Методија Андонов – Ченто. Делегации од Кабинетот на претседателката присуствуваа на одбележувањето на Илинден во Крушево, во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, во манастирот „Св. Прохор Пчински“ и во Смилево. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова. Почитувани граѓани, Почитувани потомци на илинденците и на партизаните, Илинден е вистински ден за потсетување и за одбележување на борбата на многу генерации за самостојна македонска држава. АСНОМ не е стихиен или случаен настан, туку длабоко осмислен демократски државотворен чин, историски инспириран од традициите на Француската револуција и на Илинденското востание. Старите илинденци, Панко Брашнаров, Димитар Влахов и Павел Шатев во АСНОМ ги отелотвориле заветот и аманетот на Гоце Делчев и на илинденските херои. Владимир Полежиновски, млад доктор по право од Сорбона, го вдахнал духот на Француската револуција од 1789 година, со којшто бил задоен, во „Декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија“, по примерот на француската „Декларација за правата на човекот и граѓанинот“. Токму затоа, асномските државотворни документи се концептуално поблиски до западните демократски и либерални традиции, отколку до источните, догматски советски решенија. Харизматичниот народен трибун, Методија Андонов-Ченто пак, кому му се поклонуваме денеска, го афирмирал правото на самоопределување на македонскиот народ. Истото стана составен дел на основачките документи на Организацијата на обединетите нации, но и на уставите на членките на Југословенската Федерација, вклучувајќи го и Уставот на Република Македонија од 1974. Впрочем, на него се повикавме пред 35 години, кога на 8 септември 1991 година, тука, на овој плоштад, прогласивме слободна, суверена и самостојна република, врз основа на резултатите од демократски спроведениот референдум. Да потсетам, исто така, дека партизаните и асномците го вградија антифашизмот како суштинска и трајна македонска определба и еден од темелите на македонската држава. Нашата народноослободителна борба беше епохално, автентично дело, а слободата не ни беше подарена од некој друг, туку сами се ослободивме со нашата 120 000 бројна народноослободителна војска. Значи, никому не му должиме за тешко изборената држава. Токму затоа, никој нема право да ја ревидира нашата национална историја оти секој народ, па и македонскиот, има право на своја историја. Имаме долг кон историската вистина и кон асномската генерација, којашто со крв извојува слобода и македонска република. За жал, набргу, по нашата најголема историска победа, мнозина основоположници на народната македонска држава беа отстранети од политичката сцена. Мојата генерација многу доцна дозна за Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и малку знаеше за неговата судбина и за судбината на неговите истомисленици. Многу подоцна, дознавме за ликот и за делото на Методија Андонов-Ченто, којшто бил прогонуван, затворан и казнуван, но сепак одолеал на искушенијата и опстоил на цврстите македонски убедувања за време на претходните окупаторски режими. Тука лежи причината за неговиот огромен углед меѓу народот и предлогот на Кузман Јосифовски-Питу активно да се вклучи во македонската Народноослободителна и антифашистичка војна, најпрво како член на Главниот штаб и претседател на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, потем како делегат на АВНОЈ и конечно, како носител на една од највисоките функции, претседател на Президиумот на АСНОМ. Неговиот потпис стои на државотворните одлуки и решенија со коишто АСНОМ бил утврден како врховно законодавно и извршно тело, за воведување на македонскиот јазик како службен јазик, за прогласување на Илинден за народен државен празник, за формирање на државните институции и органи, како и на многу други важни одлуки. Многупати сум се прашувала како се случи овој македонски горостас да биде не само отстранет од политиката, туку и на некој начин избришан од историјата? Денес сигурно знаеме дека со својата принципиелност, конзистентност и доследност, тој стекнал некои непријатели меѓу моќните носители на власта, за жал, негови довчерашни соборци. Да потсетам дека со монтиран судски процес, нему му е судено и пресудено за ставови и идеи коишто се идентични со одлуките на Првото заседание на АСНОМ. Прашувам: Може ли Ченто да биде кривично одговорен пред македонскиот народен суд за идеите на АСНОМ? Се разбира, не, но владејачката политичка номенклатура и зависното, комунистичко судство му пресудиле со партиска пресуда, а не според Уставот и законите. На 6 февруари 1956 година, пред 70 години, Ченто забележал: „едно треба да знаете, кога беше Француската револуција сите големи загинаа и еден филозоф рекол – Револуцијата ги јаде сопствените деца“. И тоа, први жртви се најдобрите и најспособните. Си велам: Каква ќе ни беше државата ако најдобрите останеа и беа на нејзиното кормило? Тие, бездруго ќе се опкружеа со слични на себе. Драги сограѓани, Денеска, собрани пред спомеников на еден од најголемите македонски синови, со членовите на неговото семејство, верувам дека не случајно скулпторот го овековечил Методија Андонов-Ченто не во униформа, туку во цивилна облека, како прв граѓанин на новата македонска република, како нејзин прв претседател. И додека со шапката го покрива срцето коешто чука за татковината и за народот, со вперениот прст нè потсетува на нашата генерациска должност да ја чуваме и да ја браниме слободата, како што самиот рекол „како зеницата во окото“. А државава, јас длабоко верувам дека се чува со демократски политички систем и со уставен патриотизам. Како непоколеблив македонски патриот и убеден демократ, Ченто не отстапувал од правото на самоопределување на македонскиот народ и не дозволувал мешање во внатрешните прашања на републиката, вклучувајќи гои почитувањето на највисоките државни акти од секој и секаде. Да не треба да се задумаме кога се во прашање асномските документи и десетиците измени на Уставот од 1991 година?! Се разбира, мирот и соживотот во хетерогеното општество се чуваат преку гарантирање и заштита на правата и на заедниците, но не на штета на индивидуалните човекови права ако сакаме да живееме во европска демократија. АСНОМ води сметка за македонската мултиетничка реалност. Неговиот Манифест бил упатен до сите етнички заедници. И денес, се гордееме со високите стандарди на заштита на малцинските права на Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и другите. Споменати или не, во делот којшто му претходи на нормативниот текст, што вообичаено се нарекува преамбула, сите македонски граѓани ги уживаат истите права и ги имаат истите обврски кон државата, утврдени во нормативниот текст. Државата се чува со вложување во младите. Токму младите се изборија за слободата и ја создадоа државата. Речиси половина од асномците биле помлади од 30 години. За жал, денес, најперспективните млади луѓе масовно се иселуваат во потрага по пристојно место за живеење. Некои, поради блокираните евроинтеграции, посегаат и по пасош од други држави членки. Наша должност е да се бориме против корупцијата и организираниот криминал, против партократијата, ама и против загадувањето. Само кога знаењето и успехот ќе бидат поважни од книшката и познанствата, младите ќе останат да живеат, да работат и да создаваат семејства тука, дома. Државата се брани со мудра надворешна политика. Еден од најголемите гревови на Ченто била неговата прозападна ориентација. Како и дел од асномците, тој се залагал за јасна поделба на власта, гарантирани човекови права и пазарна економија. Дури и во затвор, му забележувале дека наместо да ги чита Маркс, Енгелс и Ленин, тој учел англиски, француски и германски. Нашиот пат е проевропски ориентиран, како и Чентовиот. Знаеме дека секоја земја кандидат прави компромиси врзани за адаптирање на односите и процесите на акито или решавање на различни спорови. Но нашето искуство има уникатен предзнак, како постојана и незавршена низа од барања со коишто се оспорува и се нарушува нашето суверено право на самоопределување. Но, факт е дека не само ние, со блокадата на нашата евроинтеграција, туку и оние што нè блокираат – губат. Губиме сите. Државата јакнее преку националното помирување. На Ченто му замерувале поради неговата подготвеност да се помири со довчерашните неистомисленици, под услов да застанат на истата, македонската линија. Ако сакаме нашата држава да биде пристојно место за живеење, мора да ги надминеме поделбите и да научиме да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес. Тоа денес ни е потребно повеќе од кога било порано. Драги сограѓани, Обраќајќи се на Третото заседание на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто рекол: „Служејќи за доброто на нашиот народ, ние служиме за доброто на државата. Това което народот ни го е дал ние треба да го оствариме за вечни времиња. Само така можеме да одиме напред во прогрес...“. Неговите зборови се моја и ваша должност. Да ни е за многу години Илинден! Да ни е вековита македонската република!Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаМЗ: Состојбата во Гостивар е стабилнаСостојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска.Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови епидемиолошки анкети. Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пријавени нови лабораториски потврдени случаи. Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и другите надлежни установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија. * * * *Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација на СДСМ предводена од потпретседателот Трајановски оддаде почит во СкопјеДелегација на СДСМ предводена од потпретседателот Трајановски оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката. По повод големиот државен и национален празник 2ри август - Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Александар Трајановски, заедно со членката на Извршниот одбор Симона Цветановски и советничката во Советот на Скопје, Кети Штерјова, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на Методија Андонов - Ченто во Скопје. За многу години Илинден! Да живее Македонија! Скопје, 02.08.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter