УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
1УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
ФормулаНорис и Леклер најбрзи на тренинзите за ГН на Австралија Возачот на Мекларен, Ландо Норис и возачот на Ферари, Шарл Леклер беа најбрзи на денешните тренинзи во Мелбурн, пред трката во Формула 1 за Големата награда на Австралија.Норис беше најбрз на првиот тренинг со резултат 1:18.564. Втор беше актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул со заостанување од 0,018 секунди, а на тренингот го оштети подот на својот болид. Третото место го зазеде Џорџ Расел од Мерцедес со 0,033 секунди заостанување. Првиот тренинг беше прекинат во завршните 20 минути, откако возачот на Вилијамс, Алекс Албон, удри во заштитниот ѕид во свиокот осум и го оштети болидот. На вториот тренинг најбрз беше Леклер со резултат 1:17.277 минути, втор беше Верстапен со 0.381 секунди, а трет Саинц со 0.430 секунди. Возачите на Астон Мартин Ленс Строл и Фернандо Алонсо ги освоија четвртото и петтото место, а шести беше Џорџ Расел од Мерцедес. Третиот тренинг се вози ноќта помеѓу петок и сабота, квалификациите се закажани за в сабота од 6 часот по средноевропско време, додека трката за Големата награда на Австралија се вози в недела од 5 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Нова технологија за поефикасен инспекциски надзор Општина Карпош продолжува да ги унапредува своите капацитети преку воведување на современи технологии во секојдневното работење. Во таа насоја, четворица вработени во општинската администрација успешно ја завршија обуката за управување со беспилотни летала (дронови), при што се стекнаа со сертификати за управување со ВБЕ (воздухоплов без екипаж). Сертификати за управување со беспилотно летало добија Душко Андонов и Жарко Радически, општински градежни инспектори, Јованче Цветановски, вработен во Одделението за екологија и енергетска ефикасност, и Саше Трајковски, камерман. Со успешно завршената обука, дронот е ставен во употреба во рамки на Секторот Инспекторат и истиот ќе претставува значајна технолошка алатка за поефикасно, побрзо и попрецизно вршење на инспекцискиот надзор на терен. Неговата употреба ќе овозможи полесно согледување на состојбите на тешко достапни локации, визуелна документација на теренот, како и подобар увид во конкретни ситуации при спроведувањето на инспекциските постапки. Дронот ќе им биде достапен на сите инспектори во Секторот Инспекторат кои имаат потреба од ваков вид теренски надзор, а согласно потребите, неговата примена ќе може да се прошири и во работењето на останатите сектори во Општина Карпош. Оваа обука е особено значење, бидејќи не станува збор само за стекнување нови знаења и сертификати, туку и за создавање современи и поефикасни начини на работа во локалната самоуправа. Примената на беспилотните летала отвора нови можности за подобро следење на инфраструктурата, урбанистичките состојби, јавните површини и состојбите во животната средина, како и за побрзо и поквалитетно собирање информации од терен. Со воведувањето на оваа технологија, Општина Карпош создава дополнителни перспективи за дигитализација и модернизација на своето работење, со цел инспекциските и другите општински служби да располагаат со посовремени алатки, а граѓаните да добиваат поефикасна, поодговорна и поквалитетна услуга.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ТехнологијаФранција продолжува со плановите за забрана на социјалните мрежи за лица под 15 годиниФранцуската влада до Европската комисија поднесува нова верзија на предлогот за забрана на социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, откако Уставниот совет претходно отфрли клучен дел од законската регулатива.Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека, по детална техничка работа, владата пронашла решение што треба да ги задоволи забелешките на Уставниот совет и да биде во согласност со европското право. „Оваа заштита мора да стане стандард и за сите европски деца“, рече Макрон, нагласувајќи ја желбата на Франција да види слична забрана спроведена низ целата Европска унија. На 14 август, Уставниот совет ја отфрли забраната за социјални мрежи за лица под 15 години, оценувајќи дека таа претставува непропорционално ограничување на слободата на изразување. Претходно, на 21 јули, францускиот парламент усвои закон со кој се забранува креирање нови профили за корисници под 15 години почнувајќи од 1 септември и се наложува затворање на постоечките профили во рок од четири месеци, како и задолжителна проверка на возраста. По одлуката на Уставниот совет, Макрон му наложи на премиерот Себастиен Лекорну да подготви нов предлог. Извор: Б92Тагови: социјални мрежи Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ФудбалУЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029Минхен и Барселона ќе бидат домаќини на финалните натпревари во Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година, објави УЕФА на своите официјални канали. Истовремено, финалните натпревари во Лигата на Европа во овие сезони ќе се играат во Букурешт и Белград. Белград ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа, на новиот стадион во Сурчин кој треба да биде изграден во 2027 години Финалето во 2028 година од најважното европско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот на Баерн во Минхен, кој во соопштението на УЕФА е именуван како „Фудбалска арена Минхен“. Една година подоцна, домаќин ќе биде „Камп Ноу“, стадионот на Барселона. УЕФА ја објави веста придружена со фотографии од двата стадиона и порака во која се истакнуваат овие два култни фудбалски објекти, повикувајќи ги навивачите да изберат кое финале би сакале да го гледаат. Белград го очекува финалето на Лигата на Европа, Националната арена во Букурешт ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа за сезоната 2027/28. За сезоната, 2028/29, како домаќин е наведен Националниот стадион во Белград, кој моментално е во фаза на изградба. Тоа значи дека во 2029 година во Барселона и Белград ќе се одржат две големи европски клупски финалиња.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter