НОМАГАС: Трите гасоводни делници планираме да профункционираат во најкраток рок - Канал 5

НОМАГАС: Трите гасоводни делници планираме да профункционираат во најкраток рок

Од НОМАГАС АД Скопје планираат двете магистрални гасоводни делници – ЛОТ 1 и ЛОТ 2 од Куманово до Неготино и од Неготино до Битола, да ги пуштат во употреба во најкраток можен рок.

НОМАГАС: Трите гасоводни делници планираме да профункционираат во најкраток рок

Од НОМАГАС АД Скопје планираат двете магистрални гасоводни делници – ЛОТ 1 и ЛОТ 2 од Куманово до Неготино и од Неготино до Битола, да ги пуштат во употреба во најкраток можен рок, односно во јануари 2026 ќе објават постапка за испитување и заполнување на делниците со природен гас, и тоа да се заврши до август.

Во однос на делницата од Скопје до Гостивар, ЛОТ 5 во тек е постапка на технички прием која наведуваат од компанијата ќе заврши во најкраток рок..

Од НОМАГАС информираат дека сите три делници имаат добиено решенија за ставање во употреба од страна на инспекторатот за садови под притисок, по што се очекува истите во текот на 2026 година да станат целосно оперативни.. Инаку, во последниот ревизорски извештај ревизорите утврдија дека и покрај вложените над 143 милиони евра јавни средства, трите магистрални државни гасоводи во должина од 267 километри, иако изградени, во периодот од 2016 до 2024 година, поради нерешени имотно-правни односи, необезбедени имотни листови и одобренија за употреба сè уште не се ставени во функција.. Забелешките наведени во извештајот на државниот завод за ревизија се однесуваат на недоследности кои настанале и биле наследени од претходното раководство на НОМАГАС Ад Скопје, информираат од компанијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер