Нолчева: СДСМ има зацртано јасни програмски определби за грижата и негувањето на македонскиот јазик

Во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј. Денес е ден на словенската писменост и култура, ден на цивилизациските дострели на кирилометодиевската дејнoст.

Воедно, на сите просветни работници им го честитаме денешниот празник, зашто токму тие, со својата самопрегорна работа, претставуваат промотори на кирилометодиевската визија: да создаваат просветени поколенија, писмени и образовани граѓани.

Потребата на секој човек слободно да се изразува на јазикот што го говори, светите Кирил и Методиј ја издигнаа во универзална вредност. Затоа, ние, со гордост и со достоинство го чествуваме нивното дело и делата на сите нивни ученици и следбеници, од светите Климент и Наум Охридски до Блаже Конески и потоа. Затоа што без кирилометодиевската мисија немаше да израснат ниту такви колоси во македонската култура и традиција.

Ние остануваме посветени на негувањето и на грижата на употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Зашто, токму македонскиот јазик е еден од стожерните словенски јазици врз кој се втемелуваше словенската традиција. Но тоа е и јазик што прерасна во една космополитска категорија, јазик – прибежиште за сите јазици и народи што се чувствуваат загрозени и својата заштита ја препознаа токму под крилото на македонскиот јазик.

Како партија што ја предводи Владата и мнозинството во Собранието, нашата грижа за македонскиот јазик значи грижа за демократските и за човековите вредности.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како државотворна партија, пред себе има зацртано јасни програмски определби за грижата и за негувањето на македонскиот јазик. За краток период се постигнаа неколку придобивки:

Прво, 5 мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик!

Второ, возобновен е процесот за полагање за лектор по македонски јазик што повеќе од четири години воопшто не се одржуваше!

Трето, овозможен е електронски слободен пристап до најновото издание на „Правописот на македонскиот јазик"!

Четврто, со Договорот во Преспа, македонскиот јазик уште еднаш се утврди како меѓународно признат јазик.

Продолжуваме со реализација на програмските определби и реформи, посветени на грижата и негувањето на македонскиот јазик!

Уште еднаш нека е честит и вековит 24 Мај – Денот на словенските просветители, браќата Кирил и Методиј!

Николина Нолчева, СДСМ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер