Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
1Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
3Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
МакедонијаНоќва почнува зимското сметање на времето, 3 часот ќе се смета како 2Од ноќеска во три часот по полноќ започнува зимското сметање на времето. Часовникот ќе се врати еден час наназад односно ќе биде два, а денот ќе трае еден час подолго од останатите во годината. Со менувањето на времето се добива светлина во утрата, но и порано ќе се стеменува. Експертката за проблеми поврзани со спиењето Сања Ѓорѓева објаснува дека секоја промена на часовникот е проблем кај граѓаните и треба време да се навикнат на новата промена. Ѓорѓева објаснува дека проблемите со заспивање не се само заради промена на стрелките на часовникот во есен и пролет. Ѓорѓева објаснува дека многу е зголемен бројот на луѓе кои бараат помош во делот на проблеми со заспивање и рано станување, но свесноста станува поголема. Менување на времето за првпат било воведено во Германија во 1916 година, за време на Првата светска војна, со цел подолг подолго користење на дневната светлина и заштеда на електрична енергија. Во последните години сè почесто се отвора дебата дали ваквото прилагодување има реален ефект во современите услови. Зимското сметање на времето ќе трае до март 2026 година, кога повторно ќе се вратиме на летно сметање. Тагови: зимско сметање на времето 2025 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортови„La decima“: Маркез е шампион – има повеќе титули од Валентино Роси! Марк Маркез стана светски шампион во мотоциклизам по десетти пат во својата кариера, а по осми пат во најсилната категорија.Во Португалија, на 22 ноември, Марк Маркез испиша историја во шампионатот MotoGP и ја освои јубилејната 10-та шампионска титула, а 8-ма во шампионатот MotoGP. Шпанецот сега е мотоциклистот со најмногу освоени титули во историјата на овој спорт! на маркез на денешната трка му беше доволно и освојување на 9 место за конечен триумф во Мото ФП со оглед на тоа што имаше 55 поени повеќе од Хорхе Мартин и 62 повеќе од Марко Бецеки. Во текот на трката беше јасно дека „Дукати“ му наложиле на Маркез безбедно да ја заврши трката во првите 10 и да не презема никакви ризици. NEW LEADER ALERT! Bez hits the front!🚨 #PortugueseGP 🇵🇹 https://t.co/uTphu7F1uG — MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 22, 2026 Во последниот круг Марко Бецеки пред Хорхе Мартин и Раул Фернандез влегоа со голема предност додека Марк Маркез се бореше за титулата од деветтата позиција. И успеа да стигне до неа. It's hugs everywhere 🤗❤️ #MARCmade | #H1STORY https://t.co/3F5RkG3nHH — MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 22, 2026 Тој сега е најтрофејниот возач на сите времиња, додека Валентино Роси е втор со девет освоени титули!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПоранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш и неговата сопруга Џоана Санз одлучија да стават крај на заедничкиот живот, а една од главните причини за разделбата е неговата сè поголема посветеност на религијата. Веста за нивниот развод ја објави шпанскиот новинар Хави Охоса, кој разговарал со сопругата на Алвеш и дознал детали за нивната одлука. Двојката стапи во брак во 2017 година, а во октомври 2025 година ја добија ќерката Хулиета. Според новинарите, Џоана Санз покренала постапка за развод бидејќи начинот на живот на екс фудбалерот на Барселона го оддалечува сè повеќе од неговото семејство. Во последните месеци, 43 годишниот Алвеш патува низ светот како проповедник и предавач, ширејќи ја евангелската вера. На 25 март 2024 година, Алвеш беше пуштен од затворот „Бријанс“ во близина на Барселона откако плати кауција од еден милион евра, а претходно беше осуден на четири и пол години затвор под обвинение за силување. Сепак, на 28 март 2025 година, Апелациониот совет на Судот на правдата на Каталонија го ослободи од обвиненијата, по што тој стана целосно слободен човек. Тогаш тој целосно ѝ се сврте на религијата. Токму оваа животна посветеност, како што е наведено, довела до сериозно отуѓување од сопругата. Наводно, на Санз не му пречело тоа што тој имал вера, што ја читал Библијата или што одел во црква, но ја вознемирувало тоа што религијата станала центар на неговиот живот, поради што таа се чувствувала осамено и запоставено. „Тоа го оддалечи од неа и од нивната ќерка, а таа се чувствува сосема сама. Таа има разбирање за верата на Дани и не би имала ништо против тој да ја чита Библијата или да оди во црква. Сепак, неговата одлука да му го посвети целиот свој живот на религијата го изолираше од неговото семејство“, пренесува новинарот зборови на сопругата на Алвеш. Според истите изјави, Санц конечно одлучила да стави крај на таквиот однос со зборовите: „Доста е, ми е преку глава, овде завршува сè“. Поранешниот дефанзивец на Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен на тој начин би можел да стави крај на бракот што траеше речиси девет години. Засега, ова се информациите што ги објави еден шпански новинар, повикувајќи се на разговор со Џоана Санц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ФудбалНов проблем за европскиот шампион ПСЖ, поради тешка повреда заврши сезоната Дезире Дуе Еден од најталентираните фудбалери на денешницата ја заврши сезоната! Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, 21 годишниот Дезире Дуе во саботата навечер трпеше страшн болка откако се повреди на првенствениот натпревар на францускиот гигант против Ница. Крилото на ПСЖ, Дезире Дуе, ја заврши сезоната откако ги скина предните вкрстени лигаменти на натпреварот против Ница, исто како и Квича Кварацхели еден месец претходно. Само еден ден подоцна пристигна ужасната вест. Дезире Дуе ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе мора да паузира неколку месеци. Тој ќе биде опериран до крајот на ноември, по што ќе започне периодот на рехабилитација, кој во одредени случаи може да трае и до девет месеци. Секако, Дуе нема да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Овој крилен напаѓач на Париз, кој важи за еден од најталентираните фудбалери на планетата, оваа сезона одигра 15 натпревари, при што постигна шест гола и забележа четири асистенции. Се очекуваше тој да биде еден од главните адути на Пари Сен Жермен во продолжението од сезоната, особено со оглед на тоа што Квича Кварацхели е отсутен поради повреда. Пред точно еден месец, Пари Сен Жермен објави дека грузискиот фудбалер ќе мора да паузира подолго време поради скинати предни вкрстени лигаменти – истата повреда што сега ја доживеа и Дезире Дуе. Без овие двајца играчи, ПСЖ ќе биде значително ослабен, особено во Лигата на шампионите, каде што имаат амбиција да ја освојат третата титула по ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter