Нокаут на годината: Борец го заспа противникот и ги шокира сите (ВИДЕО) - Канал 5

Нокаут на годината: Борец го заспа противникот и ги шокира сите (ВИДЕО)

Cage Warriors е една од најголемите и најпопуларни промоции на боречки вештини во Европа, а нејзиното седиште е во Велика Британија, каде викендов се одржа 136-то натпреварување.

Нокаут на годината: Борец го заспа противникот и ги шокира сите (ВИДЕО)

Освен што од неа излезе Конор Мек Грегор, оваа промоција нуди голем број атрактивни потези на секој настан. Вчера можеше да сед види еден од најатрактивните.

Нејзин автор е Мани Акпан (4-1) кој дојде до победа над Конор Хиченс со прекин во второто коло. Паузата дојде со кружен удар кој потсетува на хитот на Еди Горд, лик од култната франшиза на видео игри Текен.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска извршија увид во градежните активности на мостот на „Љубљанска“. 

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината

По години застој, продолжува финалната фаза од поврзувањето на улиците „Љубљанска“ и „Скупи“, со цел до крајот на оваа година мостот да биде ставен во функција.

- Скопје предолго чекаше, време е да се движи напред! Дадениот збор за мене е обврска. А довербата што ја добив од вас, мојот народ, е одговорност што ја носам секој ден. Да работам, да ги решавам проблемите што со години стоеле заглавени и да испорачувам резултати што ќе ги почувствувате во сопственото секојдневие. За нашиот град, ова поврзување има огромно значење. Нова сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на Скопје, подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, побрз и побезбеден излез кон обиколницата и растоварување на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“. Зад сето ова стои она што им е најважно на граѓаните - помалку време во колони, полесно стигнување до работа и повеќе време со семејството – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Значајно е да се нагласи дека застојот поради потребното мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар за заштита на локалитетот „Скупи“ е надминат.

- Со сериозна работа и одговорен пристап, дозволата која моите претходници ја закочија е обезбедена, заштитата на културното наследство е запазена, а градежните активности од денес продолжуваат со засилен интензитет – нагласи Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека се гради современо и целосно сообраќајно решение, со коловоз широк 12 метри и четири сообраќајни ленти, по две во секој правец, на вкупна површина од 5.350 квадратни метри. Од двете страни ќе има пешачки и велосипедски патеки, секоја широка по два метра, со вкупна површина од 3.815 квадратни метри, кои ќе овозможат безбедно и удобно движење за сите учесници во сообраќајот. Изградени се потпорни ѕидови од двете страни на булеварот, со 2.050 кубни метри бетон, атмосферска канализација во должина од 473 метри и улично осветлување со 40 столбови, за поголема безбедност и прегледност.

Паралелно, Град Скопје работи и на изградбата на мега парк на површина од 70.000 квадратни метри во Карпош, со партерно и хортикултурно уредување, пешачки патеки, хидрантска мрежа и урбана опрема.

- Создаваме нов простор за прошетки, рекреација и дружење, а продолжуваат и активностите за расчистување на кејот на Вардар. Скопјани заслужуваат уреден кеј и зеленило во кое ќе уживаат сите генерации - рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за огромната поддршка и личната посветеност, кој со конкретни дела покажува како се сакаат сопствениот град и државата.

- Таа поддршка ни дава сила да ги придвижуваме заглавените проекти и заедно да ги правиме Скопје и Македонија поубаво место за живеење. Скопјани заслужуваат модерен и функционален град. Град во кој се стигнува полесно, се живее поубаво и се гледа дека некој се грижи – истакна Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разорни поплави во Шпанија: Водата носи сè пред себе

Стогодишна жена загина во катастрофалните поплави што ја погодија општината Мадригерас во шпанската провинција Албасете. Водата носеше сè пред себе и предизвикаа огромна штета, јавуваат шпанските медиуми.

Разорни поплави во Шпанија: Водата носи сè пред себе

Несреќната стогодишничка се наоѓала во својот семеен дом кога водата нагло навлегла внатре и таа не успеала да се спаси, потврдија регионалните власти на Кастиља-Ла Манча.

За само два часа наврнаа повеќе од 140 литри дожд на квадратен метар

Поплавата започна во петокот околу 18:15 часот, кога општината ја зафати силен пороен дожд што непрекинато паѓаше речиси два часа. Според првичните мерења, во тој краток период наврнале повеќе од 140 литри дожд на квадратен метар.

Ситуацијата брзо се влошила бидејќи огромни количини вода од блиските клисури и околните ридови се слеале во населбата, целосно поплавувајќи ги улиците на Мадригерас.

На социјалните мрежи набрзо се појавија снимки на кои се гледа како каллива вода ги преплавува патиштата и навлегува во домовите.

Регионалната влада веднаш го активираше првото ниво на тревога од специјалниот план за заштита од поплави (Meteocam), додека службите за итни случаи, пожарникарите и спасувачките екипи ја поминаа целата ноќ на терен, помагајќи им на жителите и расчистувајќи ги остатоците што ги нанела водата. Шпанскиот премиер Педро Санчез исто така се огласи за настанот на социјалната мрежа „X“, изразувајќи сочувство до семејството на починатата жена и истакнувајќи дека обилните дождови предизвикале сериозни штети во неколку делови од земјата, притоа повикувајќи ги граѓаните на крајна претпазливост и почитување на упатствата на службите за итни случаи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

​СДС, исто како и Венко Филипче, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС — дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче.

Нека кажат на кои докази го темелат тоа?

Ако било така како што тврдат од СДС, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДС?

За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДС, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место.

Ако Венко Филипче има какви било дилеми за атентатот, нека го праша Љубомир Фрчкоски, кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти и се лаже дека е некоја величина.

Да потсетиме, истиот тој Љубомир Фрчкоски е познат по пријави за тепање жени, скандали со продажба на името и златни амфори, како и низа скандали во МВР.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер