Ноем: Осомничениот за нападот врз припадниците на Националната гарда се радикализирал во САД - Канал 5

Ноем: Осомничениот за нападот врз припадниците на Националната гарда се радикализирал во САД

Американските власти веруваат дека авганистанскиот имигрант обвинет за нападот од заседа врз припадниците на Националната гарда во Вашингтон не бил радикализиран сè додека не дошол во САД, изјави денеска министерката за внатрешна безбедност, Ноем.

Ноем: Осомничениот за нападот врз припадниците на Националната гарда се радикализирал во САД

Зборувајќи во емисијата „Meet the Press“ на Ен-Би-Си и „This Week“ на Еј-Би-и, Кристи Ноем рече дека властите веруваат дека наводниот вооружен напаѓач, Рахманула Лаканвал, веќе живеел во државата Вашингтон кога се радикализирал.

-Истражителите бараат повеќе информации од членовите на семејството и други извори, рече Ноем, пренесена од британските медиуми.

Властите го идентификуваа Лаканвал( 29) како осомничен за пукањето во среда, само неколку блока од Белата куќа, во кое еден припадник на Националната гарда загина, а друг беше сериозно ранет.

По пукањето, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп посочи на недостаток на проверка на Авганистанци и други странски државјани за време на мандатот на поранешниот претседател Џо Бајден, иако на Лаканвал му беше даден азил од администрацијата на актуелниот претседател.

Лаканвал влегол во САД во 2021 година како дел од масовната евакуација на администрацијата на Бајден на Авганистанци кои им помагале на американските сили за време на дведецениската војна во Авганистан, кога талибанците ја презедоа власта. Администрацијата на Трамп му додели азил во април, покажува владина датотека.

Коментарите на Наом сугерираат дека Лаканвал, кој бил дел од единица поддржана од ЦИА во Авганистан, можеби го прифатил екстремизмот по пристигнувањето во САД.

- Веруваме дека тој е радикализиран откако е тука во оваа земја - изјави Ноем за Ен-Би-Си Њуз.

„Веруваме дека тоа било преку врски во неговата матична заедница и држава, и ќе продолжиме да разговараме со оние кои комуницирале со него, кои биле членови на неговото семејство“, додаде таа.

Ноем рече дека американските претставници досега добиле „одредени информации“ од луѓе кои го познавале Лаканвал и предупредија дека САД ќе гонат секој што е поврзан со пукањето.

- Секој кој има информации за ова мора да знае дека ќе го бараме и ќе го изведеме пред лицето на правдата, рече Ноем.

Таа, исто така, изјави дека имиграциските службеници ќе ја разгледаат можноста за депортација на луѓето со активни барања за азил, доколку е потребно.

-Ќе го провериме секое лице кое има барање за азил во постапка, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер