Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири - Канал 5

Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири

Американската секретарка за национална безбедност Кристи Ноем изјави дека 37-годишниот медицински болничар, Алекс Прити, кој вчера беше застрелан од полицијата во Минеаполис, бил учесник во „насилни немири“.

Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири

Ноем на прес-конференција во Вашингтон изјави дека не познава ниту еден „мирен демонстрант“ кој „се појавил на протестот со пиштол и муниција“, а не со транспаренти, објави денеска Си-Ен-Ен.

„Ова се насилни немири. Имаме некој што се појавил со пиштол и го користи за да нападне полицајци. Ова лице отишло и ги прекинало нивните операции за спроведување на законот, ги нападнало тие полицајци, имало пиштол и десетици куршуми“, рече Ноем.

Ноем не одговори директно на прашањата дали Прити бил разоружан пред да бидат испукани истрелите кон него, или во кој момент федералните службеници го извадиле пиштолот.

„(Полицајците) реагирале во согласност со нивната обука и презеле мерки за да го заштитат животот на полицаецот и животите на јавноста околу него“, рече Ноем.

Полицијата во Минеаполис вчера соопшти дека Прити имал дозвола за носење оружје.

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, објави табела на социјалните мрежи во која се наведени три чекори за „избегнување на ICE“, или агенти за имиграција и царинска контрола, откако агент на граничната патрола смртно рани човек во Минеаполис.

„1. Не бидете тука нелегално. 2. Не напаѓајте службеници на ICE. 3. Почитувајте ги федералните и државните закони“, пишува на постерот, покрај цртеж на бел човек кој носи документи и футрола за пиштол.

Објавата на Хегсет доаѓа откако тој ги обвини раководството на американската држава Минесота и „лудите на улицата“ по пукањето во Алекс Прити, а тонот на објавата на Хегсет е во согласност со одговорот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на пукањето, која ги поддржа федералните агенти.

Окружниот обвинител на округот Хенепин и Бирото за криминални апсења на Минесота објавија дека поднеле тужба против администрацијата на Трамп за да се спречи фалсификување и уништување на докази поврзани со фаталното пукање во агентот на граничната патрола, Алекс Прити.

„Обвинетите и оние кои дејствуваа по нивни упатства и под нивно овластување, се оддалечија од местото на пукањето, спречувајќи ги државните власти да направат увид на местото на настанот“, се наведува во соопштението.

Тужбата е поврзана со барање за привремена забрана за пристап поднесено вчеравечер во Окружниот суд во Минесота против Одделот за внатрешна безбедност, царина и гранична патрола (ICE), американската гранична патрола и главниот обвинител на САД, Пам Бонди.

„Нашата канцеларија има надлежност да го разгледа ова прашање за потенцијални кривични дела сторени од страна на вклучените федерални агенти и ние ќе го сториме тоа“, рече обвинителката на округот Хенепин, Мери Моријарти.

Таа додаде дека тужбата е „само една од многуте активности“ што ги презема канцеларијата „за да се осигури дека може да се заврши темелна и транспарентна истрага на државно ниво“.

Како што е објавено, Одделот за внатрешна безбедност не ѝ дозволи на Истражната единица на работната група на Минесота да пристапи до местото на пукањето во кое беше убиен Алекс Прити, но сепак беше „ангажирана и вклучена“ во истрагата на инцидентот.

Министерството за внатрешна безбедност на САД вчера соопшти дека федералните агенти на ICE вклучени во фаталната пукотница во Минеаполис дејствувале во самоодбрана и дека човекот кој бил смртно застрелан „силно се спротивставил“ на нивните обиди да се разоружа.

Министерството соопшти дека агентите спроведувале насочена операција против имигрант „без документи баран за тежок напад“ кога „едно лице им се приближило на агентите на американската гранична патрола со полуавтоматски пиштол од 9 мм“.

„Полициските службеници се обиделе да го разоружаат, но вооружениот осомничен пружил жесток отпор. Плашејќи се за својот живот и за животите и безбедноста на неговите колеги полицајци, агентот испукал истрели во одбрана. Медицинските работници на местото на настанот веднаш му пружиле медицинска помош на осомничениот, но тој бил прогласен за мртов на лице место“, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евровизија за првпат се одржува во Азија, ќе се натпреваруваат претставници од 11 земји

Евровизија за првпат се одржува во Азија, ќе се натпреваруваат претставници од 11 земји. Во натпреварот ќе учествуваат претставници од Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Лаос, Малезија, Монголија, Непал, Филипините, Јужна Кореја, Тајланд и Виетнам.

Евровизија за првпат се одржува во Азија, ќе се натпреваруваат претставници од 11 земји

Најголемиот и најдолготрајниот меѓународен музички натпревар, „Евровизија“, за првпат се проширува на азискиот континент; неговото прво издание ќе се одржи во сабота, 14 ноември, во Бангкок, главниот град на Тајланд, со учество на претставници од 11 земји.

„Евровизија Азија“ се одржува во годината кога „Евровизија“ ја одбележува својата 70-годишнина, што претставува прво големо проширување на овој музички настан на друг континент, пренесува Би-Би-Си (BBC).

На натпреварот ќе учествуваат претставници од Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Лаос, Малезија, Монголија, Непал, Филипините, Јужна Кореја, Тајланд и Виетнам.

Организаторите најавија дека изведувачите ќе пеат на десет локални јазици, како и на англиски јазик, со цел да се прикаже јазичната, културната и музичката разновидност на азискиот континент.

Финалето ќе се одржи во „One Bangkok Forum“, а програмата – која ќе трае приближно два и пол часа – ќе започне во 14:30 часот по средноевропско време.

Домаќини на натпреварот ќе бидат тајландските телевизиски личности Вуди Милинтачинда и Синди Бишоп, а меѓу најавените специјални гости се победничката на Евровизија 2026, DARA, како и тајландскиот пејач и актер Џеф Сатур.

Победникот ќе биде одреден преку комбинација од гласовите на стручното жири и публиката, при што секоја од овие групи ќе учествува со 50 отсто во вкупниот резултат.

Гледачите од земјите учеснички нема да можат да гласаат за својот претставник, а процесот на гласање ќе биде отворен и за публиката од остатокот на светот.

Бодувањето ќе се одвива според добро познатиот евровизиски систем, кој вклучува доделување на најмногу 12 поени за најуспешните песни. Натпреварот ќе се емитува бесплатно преку официјалниот YouTube канал на Евровизија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Салма Хајек има 60 години и изгледа подобро од кога било.

Жешката Мексиканка, Салма Хајек и на почетокот на седмата деценија од животот воодушевува со својот изглед и природни бујни облини. 

Видео-фото: Салма Хајек има 60 години и изгледа подобро од кога било.

Кога Салма Хајек во раните 1990-ти години пристигнала во Лос Анџелес во Мексико веќе уживала статус на телевизиска ѕвезда. Во Холивуд, сепак, тоа не значеше речиси ништо.

Напротив, раководните лица од филмските студија ѝ рекоа дека е родена во „погрешна земја“, дека нејзиниот акцент ќе ја спречи некогаш да стане главна актерка и дека, штом ќе проговори, ќе ја потсети американската публика на домашните помошнички.

Со текот на годините, Хајек во неколку наврати јавно зборуваше за овие разговори.

На 2 септември таа наполни 60 години. Зад неа се номинација за „Оскар“, значајна холивудска кариера, сопствена продукциска куќа, култни филмови и речиси четири децении во текот на кои таа постојано успеваше да ги надмине очекувањата на филмската индустрија.

Она што е особено интересно е тоа што нејзината приказна сè уште не се претворила во ретроспектива. Само еден ден пред нејзиниот 60-ти роденден, Хајек беше фотографирана во Њу Џерси, на сетот на филмот „Grown Ups 3“, заедно со Адам Сендлер.

Салма Хајек е родена на 2 септември 1966 година во Коацакоалкос, во мексиканската држава Веракруз. На 22-годишна возраст, таа ја добила главната улога во теленовелата „Тереза“, што ја направи едно од најпрепознатливите телевизиски лица во земјата.

Таа можеше сосема комотно да ја продолжи кариерата што веќе ја имаше изградено. Наместо тоа, во 1991 година одлучила да се пресели во Лос Анџелес, иако нејзиниот англиски јазик сè уште не бил доволно добар за работа во американската филмска индустрија. Почнала да посетува часови по јазик и глума, практично почнувајќи од нула.

Јазичната бариера не бил единствениот проблем. Хајек подоцна раскажа дека постојано ѝ велеле оти ниту исклучителниот актерски талент, ниту убавината не можат да го променат фактот дека Холивуд не е подготвен да ѝ додели главна улога – како хероина, адвокатка или деловна жена – на Латиноамериканка со акцент.

Во еден случај, режисерот Иван Рајтман дури не ѝ дозволи ни да оди на аудиција за главната женска улога покрај Харисон Форд во филмот „Шест дена, седум ноќи“, бидејќи ликот не бил замислен како Латиноамериканка. Улогата на крајот ѝ припадна на Ен Хеч.

Хајек уште многу рано сфати уште една работа: филмската индустрија можеби не ја замислувала Мексиканката како главен лик, адвокатка или деловна жена, но ја замислувала како егзотична убавица. Наместо да се преправа дека тој стереотип не постои, таа одлучи да го искористи како влезница.

Подоцна објасни дека свесно усвоила крајно сензуален имиџ, бидејќи тоа бил просторот што Холивуд ѝ го нудел во тоа време, а потоа се обидувала да внесе хумор, интелигенција и карактер во своите улоги, дури и кога сценариото не го барало тоа. Пресвртницата се случи кога Роберт Родригез ја избра за филмот „Десперадо“.

Актерка, продуцентка, режисерка, една од првите големи мексикански ѕвезди во модерниот Холивуд, активистка која со години ја поддржува борбата против насилството врз жените – Салма Хајек изгради кариера многу поширока од онаа што индустријата првично ѝ ја намени.

Денес, заедно со нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино, таа е вклучена и во иницијативите на фондацијата „Керинг“ (Kering Foundation), која собира средства за организации што се борат против родово заснованото насилство.

Убавина и искуство Па така, можеби најмалку интересниот факт во врска со нејзиниот 60-ти роденден е тоа колку добро изгледа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајка

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди.

Златан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајка

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди, сепак, како што често се истакнува, тој никогаш не го заборави своето тешко детство, ниту семејството кое се соочи со бројни животни предизвици.

Неговата мајка, Јурка Гравиќ, зазема посебно место во неговиот живот. Според медиумските извештаи, Златан ѝ подарил нешто навистина извонредно на својата мајка – ѝ купил црква во Шведска, чија вредност изнесува 9,24 милиони евра.

Покрај црквата, тој ѝ купил стан на мајка си во Новаља, а обезбедил и луксузен имот за својата сестра, Санела.

Овие гестови често се наведуваат како доказ за неговата посветеност кон семејството, кое – и покрај неговата светска слава и успех – останало негов најголем приоритет.

Зад животот што го води Златан денес, стои тешка семејна историја. Неговата мајка, Јурка – која потекнува од селото Пркос во околината на Задар во Хрватска – заминала за Германија на само 17-годишна возраст, во потрага по подобар живот. Како што своевремено раскажа нејзиниот брат, Гојко Гравиќ, таа токму таму ги добила ќерките Моника и Виолета, со својот прв сопруг.

Откако тој брак завршил, таа се омажила за таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ – познат како „Кинко“ – фолк-пејач од Бијелина. Тие добиле две деца, Златан и Санела, но семејството подоцна се соочило со бројни тешкотии.

По вториот развод, Јурка живеела со своите деца во Малме, каде што животот бил сè, само не лесен. Златан во неколку наврати зборувал за своето растење во сиромаштија, истакнувајќи дека токму тие искуства го научиле да го цени она што го има денес. „Растев во сиромаштија, но тоа ме научи да го ценам она што го имам денес. Семејството за мене отсекогаш било на прво место“, изјавил фудбалерот.

Денес, Ибрахимовиќ поседува бројни недвижнини, вклучително и вила во Калифорнија – проценета на околу 1,5 милиони евра – која располага со тениски терен и базен. Во приватниот живот, тој ужива во времето поминато со својата сопруга Хелена, која е 11 години постара од него. Исто така, не е многу познато дека неговиот татко, Шефик Ибрахимовиќ, бил фолк-пејач кој настапувал низ цела поранешна Југославија. Тој дури му посветил и песна на својот син, насловена „Злато, Златане“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер