СветЊузмакс ја тужи Фокс њуз за незаконско задушување на конкуренцијата и монополАмериканската телевизија Њузмакс поднесе федерална тужба против Фокс њуз, обвинувајќи ја медиумската куќа за злоупотреба на монополска положба и блокирање на конкуренцијата на пазарот на десно ориентирани кабловски канали.Компанијата Њузмакс соопшти дека во федералниот суд на Флорида покренала антимонополска тужба против Фокс Корпорејшн (Fox Corporation) и Фокс Њуз нетворк (Fox News Network). Во тужбата се наведува дека Фокс со години ги присилувал дистрибутерите да потпишат договори кои го ограничуваат растот на конкурентите како Њузмакс, ги зголемуваат цените и го намалуваат изборот за гледачите. Исто така, се тврди дека Фокс вршел притисоци и заплашувања на гости, како и дека водел кампањи за дискредитација против Њузмакс. Директорот на Њузмакс, Кристофер Руди, изјави дека целта на процесот е „да се врати правичноста на пазарот и да им се овозможи на гледачите вистински избор“. Според федералниот закон, секоја доделена отштета во овој случај ќе биде зголемена за три пати – што значи дека Фокс ќе се соочи со значителна финансиска одговорност доколку Њузмакс ја добие тужбата. Фокс њуз ги отфрли обвинувањата, и во коминике наведе дека „Њузмакс“ не успева да привлече гледачи и се обидува преку судски тужби да ги правда сопствените неуспеси.Тагови: Њузмакс Фокс њуз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаСе зголемува цената на дизелот на 6 денари, бензините поскапуваат за 3 денари по литарМалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,00 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,89% во однос на одлуката од 31.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 4,829%, кај дизелот за 8,922%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 11,644% и кај мазутот исто така има зголемување за 4,163%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5449%. Во оваа Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 8.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 97,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 99,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,001 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,591 ден/кг и сега ќе изнесува 46,001 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: Бензин Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаЈанчев: 82 години слободно Кавадарци!Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци.„Со почит и гордост одбележуваме 82 години од ослободувањето на нашиот град. Денес се сеќаваме на хероите кои го дадоа својот живот за слободата и иднината на генерациите што доаѓаат. Со положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци им оддаваме почит на нивната храброст и жртва. Слободата е наша чест, но и наша обврска – да ја чуваме, почитуваме и пренесуваме на идните генерации. Нека ни е честит 7 Септември! Да живее Кавадарци! Да живее слободата!“- објави Јанчев на фејсбук. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДали е ова можно: Трамп менува друго име на светската мапаАмериканскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека му се допаѓа идејата за промена на името на американската држава Ново Мексико во Нова Америка.„Многу луѓе предложија промена на името на Ново Мексико, една од најголемите држави на сите времиња во однос на изборните измами, во Нова Америка. Тоа е многу попрестижно и поубаво за луѓето од оваа потенцијално неверојатна држава. Многу ми се допаѓа таа идеја“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа „Truth Social“. Trump posts video of renaming NEW MEXICO state to NEW AMERICA pic.twitter.com/8mAeLJS8Ch — Karthik Reddy (@bykarthikreddy) September 7, 2026 Само пред десет дена, на крајот на август, американскиот претседател објави дека го преименувал езерото Онтарио во Езеро Америка. Во тоа време, тој потпиша извршна наредба во Овалната соба со која ѝ наложи на американската канцеларија за имиња на „National Geographic“ да го промени името на ова езеро. Езерото Онтарио, едно од петте Големи езера во Северна Америка, се наоѓа на границата помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12