Њујорк во Скопје: Уметност и забава за сите генерации во Музејот на град Скопје - Канал 5

Њујорк во Скопје: Уметност и забава за сите генерации во Музејот на град Скопје

Музејот на град Скопје преку сликарство, скулптура, музички перформанс и илустрации ќе го доближи духот на светската културна, технолошка и забавна престолнина Њујорк до пошироката популација во Скопје.



Денес во Салонот 2 на Музејот на град Скопје во 20 часот свечено ќе биде отворена изложбата наслики и скулптури на македонскиот интелектуалец и уметник Златко Бојковски. На отворањето на изложбата свое обраќање ќе има директорот на Музејот на град Скопје Љубен Тевдовски, а за творештвото и инспирациите на авторот ќе говори историчарот на уметност и кустос Дора Андова Фотева.

Веднаш по свеченото отворање на изложбата во Салонот 1 на Музеј на град Скопје ќе започне музичкиот перформанс на познатиот џез музичар и интерпретатор од македонско и британско потекло Џон Илија Апелгрин. Искусниот вокал Апелгрин, кој е познат по своите одлични интерпретации на американските класици, како Џорџ Гершвин, Ерол Гарнер или Кол Портер, на македонската јавност вечерва ќе и ја приближи атмосферата на бродвејската музичка сцена, која стана симбол на пулсирањето на американската метропола.

Сликарството на Златко Бојковски презентирано во градскиот музеј се инспирира од архитектурата и амбиентот на светската метропола Њујорк, но во истовреме неговиот сликарски израз низ треперењето на четката уште подлабоко го изразува вибрантното секојдневие на модерниот урбан живот. Во исто време, посетителите на двата салони на Музејот на град Скопје ќе имаат можност да ги погледнат импозантните скулптури кои ги оживуваат металните конструкции и остатоци на секојдневното урбано живеење во комплоти кои совршено се вклопуваат создавајќи еден надреален духовен простор помеѓу урбаното и митското.

Во помошниот дел од Салонот 1 за посетителите преку видео презентација ќе биде достапна и сликовницата „Џони во посета на Њујорк“, која е изработена за американскиот пазар, а илустрирана од македонскиот илустратор и стрип автор Никола Темков. Од 15 јуни во утринските часови едукаторите на Музејот на град Скопје ќе вршат презентации пред детската публика на содржините на сликовницата, која говори за Њујорк, неговите знаменитости, но и традициите и вредностите кои го изградиле овој голем светски центар и американското општество воопшто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција

Околу 300 ретки предмети и уметнички дела поврзани со руското царско семејство Романови, проценети на повеќе од 15 милиони долари, ќе бидат понудени на аукција во „Сотбис“ на 16 декември во Њујорк.

Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција

Според аукциската куќа, дел од колекцијата на њујоршката галерија „A La Vieille Russie“ ќе им биде понудена на колекционери и инвеститори, пренесува ТАСС.

Колекцијата вклучува предмети од широк спектар на периоди и категории, од ремек-дела на накит создадени од Карл Фаберже до слики, порцелан и сребрени предмети.

Многу од лотовите се изложени на големи изложби посветени на делото на Фаберже и руската уметност во водечките светски музеи и уметнички галерии.

Пред аукцијата, избрани ремек-дела ќе бидат прикажани на јавноста во Париз, Женева, Лондон и Њујорк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче

Шпански полицаец и куче трагачи беа убиени денеска, додека друг полицаец изгуби нога откако бомба скриена во ранец експлодираше по пукањето.

Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче

Полициските службеници беа повикани на локација во северниот град Овиедо по пријави за пукање по семејна расправија, за време на која 17-годишно девојче беше тешко повредено, објави Дејли Меил.

Полицијата и членовите на единицата за деактивирање експлозивни направи пристигнаа на местото на настанот, каде што пронајдоа ранец со експлозивна направа, за која се сомневаше дека ја оставил напаѓачот, пред влезот во зградата.

Додека полицајците ракуваа со уредот, се случи експлозија, при што загина еден човек, локално идентификуван како Хуан Хозе, член на Специјалната кучешка единица.

Тригодишен германски овчар по име Дани, кој му помагал за време на операцијата, исто така загинал во експлозијата, соопшти Националната полиција на Шпанија.

Повредениот полицаец беше член на единицата за деактивирање експлозивни направи. Откако ја изгуби едната нога, неговата состојба остана критична.

Тинејџерката повредена во пукањето останува во болница, но повеќе не е во критична состојба.

Полицијата соопшти дека сè уште се обидува да го пронајде осомничениот, 64-годишен шпански државјанин за кој се вели дека има долго криминално досие, објави шпанскиот весник „Ел Паис“. Властите ја исклучија можноста за терористички мотив.

Сопругата на осомничениот веќе е уапсена како дел од полициската истрага. Властите наводно го блокирале подрачјето каде што се случила експлозијата додека се обидуваат да соберат повеќе информации.

Националната полиција на Шпанија изрази сочувство за смртта на Хуан Хозе, велејќи во соопштението:

„Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите, колегите и сите најблиски до него“.

Тие додадоа дека му посакуваат на повредениот полицаец „брзо закрепнување“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез се огласи на социјалните мрежи за да го изрази својот „длабок шок“ поради смртта на службеникот на Националната полиција.

„Нема зборови што можат да ја ублажат болката на неговото семејство и колегите“, напиша тој.

„Им ја испраќам целата моја љубов и мојата целосна поддршка на тешко повредениот полицаец. Вашата посветеност и храброст заслужуваат благодарност од целата земја“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

„Имено со овој амандман предлагаме членот 13 да се избрише и амандманот се предлага во врска со укажувањата на претседателката на републиката. “

Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

„Овој закон директно се носи заради новонастанатите услови во светот по геополитичката реалност и заради тоа што се нефункционални сегашниве услови на законот. Ова е неколку пати овој закон да се менува од кога ова владеачко мнозинство е во Собранието, и претходниот пат за првпат во историјата беше искористен инструментот антикорупциска проверка и сето она коешто антикорупциската комисија го достави до Собранието ние го прифативме и го внесовме.

Така да со бришењето на овој член комплетно ги прифаќаме указите од претседателката и сметаме дека непречено овој закон може да продолжи во својата постапка да биде усвоен и да го олесниме системот и да го направиме попрактичен, позаконски, потранспарентен и поцелоисходен за целата државна управа“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието.

Стојаноски истакна дека измените на Законот за јавните набавки се дел од Реформската агенда и имаат за цел унапредување на системот преку воведување дигитални алатки и вештачка интелигенција, со што ќе се подобри процесот на јавни набавки, ќе се намалат ризиците од корупција и злоупотреби и ќе се поттикне реализацијата на инфраструктурните и другите проекти.

„Овој закон е дел од Реформската агенда, активност којашто треба да се спроведе. Се дополнуваат надлежностите на бирото за јавни набавки во делот на дигитални алатки и вештачка интелигенција како инструменти за подобрување на процесот на јавни набавки и намалување на ризиците од корупција и други злоупотреби. Зошто на крајот од денот се носи овој закон? За да се поттикне реализацијата на проектите и оваа држава да оди напред.

Еве ова е Државен завод за статистика градежништво. Тука можете да видите споредба помеѓу 29 квартали на СДС и 8 на ВМРО-ДПМНЕ, сега да видите која е разликата и зошто овој закон се менува. Кога ќе ги соберете сите 29 квартали на СДС, 14 се негативни, 15 позитивни, ВМРО-ДПМНЕ 8 квартали, 8 позитивни. Плус 14,1 просечен квартален реален раст на градежништво, а СДС во 29 квартали минус 0,2. Има вештачка интелигенција, има усогласување со планот за раст и на крајот од денот има логички работи коишто ќе го подобрат системот на распишување на тендери на јавни набавки“, дециден е Стојаноски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер