Њујорк се поблиску до осмото место на Истокот - Канал 5

Њујорк се поблиску до осмото место на Истокот

Екипата на Њујорк со новата победа постигната ноќеска се повеќе се доближува до осмото место во Источната конференција од НБА лигата, последно кое носи пласман во плеј офот. Њујорк славеше победа на тешкото гостување кај Голден Стејт, а најефикасни беа Џеј Ар Смит со 21 поен и Кармело Ентони со 19.

Њујорк се поблиску до осмото место на Истокот
Со овој триумф „никси“ сега имаат два пораза повеќе од Атланта, но и од два одиграни натпревара повеќе од конкурентот.

Резултати на ноќешните натпревари: Голден Стејт - Њујорк 84:89, Оклахома Сити - Јута 116:96, Кливленд - Индијана 90:76, Бруклин - Минесота 114:99, Орландо - Торонто 93:98, Бостон - Чикаго 102:107 и ЛА Лејкерс - Феникс 115:99.

Вечерва се играат 10 натпревари: Шарлот - Вашингтон, Индијана - Сан Антонио, Атланта - Филадлфија, Детроит - Милвоки, Мајами - Торонто, Чикаго - Бостон, Минесота - ЛА Клиперс, Њу Орлеанс - Сакраменто, Денвер - Мемфис и Јута - Њујорк.

Пласман Источна конференција: Индијана 52-22 (победи-порази), Мајами 50-22, Торонто 42-31, Чикаго 41-32, Бруклин 39-33, Вашингтон 38-35, Шарлот 35-38, Атланта 31-41, Њујорк 31-43,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 57-16, Оклахома Сити 54-19, ЛА Клиперс 52-22, Хјустон 49-23, Портланд 48-27, Голден Стејт 45-28, Феникс 44-30, Далас 44-30, Мемфис 43-30,...



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре врнежливо време, попладне поројни дождови

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, информира УХМР. 

Утре врнежливо време, попладне поројни дождови

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

12 Попова Шапка, 16 Крушево, 17 Охрид, Претор, Лазарополе, 18 Тетово, Маврови Анови, 20 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, 21 Крива Паланка, Демир Капија, 22 Скопје-Петровец, Велес, Штип, Кавадарци, Берово, Струмица, 23 Виница, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 17 часот во (l/m2)

1 Маврови Анови.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладнево во западните делови имаше повремен локален дожд.

До крајот на денот и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време и ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степена.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во петок во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ: Подготвени сме да разговараме со Украина за крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина.

Кремљ: Подготвени сме да разговараме со Украина за крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Таквите преговори не се одржани од февруари. Ушаков рече дека новата рунда преговори треба да се фокусира на „изградба на безбедносен систем за Русија и Украина по завршувањето на конфликтот“.

Виткоф го информираше Путин за разговорите одржани еден ден претходно во Осло, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, норвешкиот премиер и финскиот претседател, рече Ушаков.

Претставникот на Трамп разговараше со Путин

Според него, Виткоф „укажал на некои нови пристапи и нови елементи во позициите на Европејците и Киев, иако тие не содржеа многу корисни за решавање на украинската криза“.

За време на речиси тричасовниот состанок, Путин и американскиот претставник разговараа и за спроведувањето на договорот што Путин и американскиот претседател Доналд Трамп го постигнаа на 9 октомври за снабдување на американските и светските пазари со руско дизел гориво, додаде Ушаков.

Тие разговараа и за кризата во Иран. „Владимир Путин нагласи дека дипломатските опции сè уште не се речиси исцрпени и дека е можно и неопходно да се постигне договор со Техеран, кој е наш стратешки партнер“, рече Ушаков.

Тој додаде дека Русија ја потврдила својата подготвеност да продолжи да помага во наоѓањето политички и дипломатски решенија за иранското прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: Топлотните бранови можат да го зголемат ризикот од предвремено породување за 26%

Ризикот од предвремено породување значително се зголемува кога бремените жени се изложени на топлотни бранови, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денес.

СЗО: Топлотните бранови можат да го зголемат ризикот од предвремено породување за 26%

СЗО се повикува на студија од 2024 година, објавена во научното списание „Nature“, која укажува дека изложеноста на топлотни бранови може да го зголеми ризикот од предвремено породување за дури 26 отсто.

Истата студија покажува дека изложеноста на екстремни горештини за време на бременоста, исто така, го зголемува ризикот од мртвороденост, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес – форма на дијабетес што се јавува за време на бременоста.

Според податоците на СЗО, доенчињата во 2024 година биле изложени на топлотни бранови речиси пет пати почесто отколку децата родени помеѓу 1986 и 2005 година. „На глобално ниво, се проценува дека 1,5 милијарди деца се изложени на топлотни бранови кои стануваат сè почести, подолготрајни или поинтензивни“, се наведува во извештајот.

Што им советува СЗО на бремените жени?

Светската здравствена организација препорачува бремените жени да внесуваат доволно течности за време на периоди со екстремни горештини, по потреба да ги ладат вратот и стапалата со влажни крпи и – секогаш кога е можно – да ги планираат своите активности за постудените делови од денот. СЗО, исто така, ги повикува здравствените власти да воспостават системи за рано предупредување за екстремни горештини и да преземат дополнителни мерки за подобро информирање на семејствата за потенцијалните ризици. Во извештајот се предупредува дека здравствените системи мора да се подготват за обезбедување грижа за поголем број бремени жени и доенчиња, бидејќи бројот на денови со екстремно високи температури е во пораст. СЗО исто така ја нагласува потребата од собирање повеќе податоци на сите нивоа, што ќе им овозможи на властите попрецизно да проценат кои здравствени ризици се зголемуваат и во која мера.

Фото: ВИ

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер