Цветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен
2Цветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен
3Петрушевски: Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
2Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
СветЊТ: Хегсет споделил воени планови во група за пораки на платформата СигналАмериканскиот секретар за одбрана Пит Хегсет споделил детали за напад на Хутите во Јемен во група за размена на пораки на платформата Сигнал, во која биле вклучени неговата сопруга, неговиот брат и адвокат, објави „Њујорк Тајмс“.Како што е наведено, Хегсет наводно ги споделил истите детали за воените планови кои се објавени минатиот месец во списанието „Атлантик“. Според неименувани извори на кои се повикува њујоршкиот весник, во таа група станало збор за деталите за временскиот распоред на воздушните напади. Овие откритија доаѓаат во момент кога еден од највисоките советници на Хегсет, Ден Колдвел, минатата недела беше „испратен“ од Пентагон, откако беше идентификуван за време на истрагата за протекување информации во Министерството за одбрана.Тагови: воени информации Пит Хегсет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамШкода влегува во нова лига: Пристигнува голем електричен теренец со три реда седиштаЕлектричниот Шкода Пеак е поголем од Кодијак и доаѓа со три опции за возење.Шкода го претстави сосема новиот Шкода Пеак (Peaq), својот најголем и најнапреден електричен автомобил досега. Станува збор за теренец со три реда седишта кој ќе го заземе местото на новиот најголем (и најскап) модел на чешката марка. Пеак е поголем од Шкода Кодијак и носи препознатлив дизајнерски јазик „Modern Solid “ со нов светлосен потпис, скриени рачки на вратите и аеродинамика што овозможува коефициент на отпор од само 0,249. Во ентериерот доминира дигитална инструмент табла и вертикално поставен 13,6-инчен инфозабавен екран. Верзии со пет и седум седишта ќе бидат достапни за клиентите, а опциите вклучуваат аудио систем „Sonos“ со 16 звучници, безжично полнење на телефон и пакет „Relax“ со масажни седишта. Багажникот нуди до 2.150 литри волумен, додека под предниот капак има дополнителен простор за складирање. „Peaq“ користи подобрена „MEB+“ механичка основа и ќе биде достапен во три верзии. Основниот модел има батерија од 63 kWh, моќност од 204 КС и дострел до 459 километри. Верзијата од средната класа на „Peaq 90“ носи батерија од 91 kWh, 286 КС и дострел до 647 километри според „WLTP“ стандардот. На врвот на гамата е „Peaq 90x“ со погон на сите тркала и 299 КС, со дострел до 613 километри. Брзото полнење овозможува полнење на батеријата од 10 до 80 проценти за помалку од 30 минути, а моделот поддржува и двонасочно полнење, како и влечење приколка со тежина до 2.000 килограми. Со новиот „Peaq“, Шкода јасно ја покажува својата амбиција да стане еден од клучните играчи во сегментот на големи електрични семејни теренци. Датумот на почеток на продажбата и цените ќе бидат објавени подоцна. Извор: Б92Тагови: Шкода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско, следува соодветна пријаваПо целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 23.06.2026 во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозенЖивотот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски.Нема медицински кадар на Детската клиника. Распад на здравствениот систем кој не може ниту за здравјето на децата да се грижи. Цената за потрошените пари во буџетот сега треба да ја платат дечињата? Кочоска се правда дека доцна пристигнало барањето за согласност за вработување. Па зошто порано не се надминале административните пречки, особено кога се работи за живот на деца? Вистината е дека согласности за вработување имало, и се барале дури од почетокот на оваа година, ама од финансии доцнел четири месеци. Нема пари во Буџетот за нови вработувања, затоа што на оваа криминална и расипничка власт не и гиржа за здравјето на граѓаните, ниту за најмладите. Овој хаос и неодговорност, оваа немаштија е на штета на децата. Детски животи се во прашање. Каде ќе се лекуваат сега овие деца со специфична болест која бара редовна контрола и терапија? Кој ја сега дели терапијата? Што треба да се случи, да почине дете поради административни пречки? Кој тогаш ќе понесе одговорност? Ова е цената на неодговорните и расипнички политики на ВМРО и Мицкоски. Кризата со немањето пари во Буџеттот граѓаните ја чувствуваат и по цена на живот. СДСМ бара веднаш да се најде решние, да се обезбедат соодветни вработувањата и да се обезбеди здравствена заштита на Детска клиника. Скраете тендери дајте пари за дечињата. Симона Цветаноски – членка на ИО на СДСМТагови: Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook