Низ Струмица тече река од луѓе под маски - Канал 5

Низ Струмица тече река од луѓе под маски

Кралот вечерва објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“.

Низ Струмица тече река од луѓе под маски

И почна, почна да тече реката од карневали составена од 41 групи со 1.200 учесници со 300 гости од странство, кои на Интернациналната вечер повеќе од 3,5 часови ќе дефилираат низ улиците на градот.

Реката од маски само на момент запираше кога групите ги претставуваа своите кореографии пред жирито и публиката. Темите беа најразлични-Струмичка корида, љубов, музика, јунаци од филмовите и многу други кои под ритмот на музиката имаа волшебен сјај.

-Струмичката корида освен традицијата низ движење и музика ја истакнува храброста на момчињата и девојките и ја слави љубовта, бикот не го убиваме, што е и порака за хуман однос на луѓето кон животните, порача учителката Соња Цицимова од ОУ „Видое Подгорец“, која и годинава со своите ученици и нивните родители учествуваат со маската „Струмичка корида“.

На почетокот на карневалот се обрати градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Денес сите патишта водат кон Струмица, затоа што вечерва Струмица е центар на светот. Тоа не прави неизмерно горди, оти сите ние сме верни негувачи на традицијата, оти сите ние ја вардиме културната оставнина на овој град, оставнина на чиј пиедестал се наоѓа нашиот Струмички карневал. Станува збор за традиција која има древно минато од повеќе векови, станува збор за прекрасно „разгрането дрво“ кое има многу длабоки корени. Тие корени на Струмичкиот карневал зборуваат и за нашите корени, но и за корените на овој град под кулите на Струмица, кој датира од многу, многу одамна, рече струмичкиот градоначалник кој во своето обраќање ги поздрави гостите од земјава и странство, претставници на дипломатскиот кор во државата и владини претставници.

Најдобрите карневалски креации ги оценува жири комисија, а и публиката може преку онлајн гласање да гласа за една маска. За најдобрите во повеќе категории се предвидени парични награди.

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат утре, на празникот Прочка, кога се одржува традиционалниот Детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија- десетици повредени (ВИДЕО)

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија вети решителен одговор на бранот напади од страна на јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, во кои утрово беа повредени најмалку 73 лица.

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија- десетици повредени (ВИДЕО)

Генерал-мајор Турки Ал-Малики, портпарол на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, ги опиша нападите како „бесмислени“, велејќи дека силите на Хутите гаѓале „цивилни и комерцијални цели“ во градовите Абха, Хамис Мушаит, Џазан и Наџран.

И покрај напорите да се држи подалеку од војната со Иран предводена од САД, Саудиска Арабија беше цел на ракетни напади на Хутите во јули, со што заврши четиригодишното фактичко примирје меѓу бунтовничката група и саудиската монархија.

Јасно кршење на суверенитетот на кралството

Ал-Малики во соопштението изјави дека меѓу повредените во нападите има жени и деца. „Нападите претставуваат јасно кршење на суверенитетот на кралството и директна закана за безбедноста и заштитата на неговите граѓани и жители“, додаде тој.

Заедничката команда на коалициските сили, групата предводена од Саудиска Арабија што се бори против Хутите за време на повеќегодишната граѓанска војна во Јемен, ќе преземе „сите потребни оперативни мерки“ за да ги одврати силите на Хутите и „решително да се спротивстави на нивниот непријателски пристап“, потврди Ал-Малики.

„Командата, исто така, ќе ги преземе сите потребни мерки и активности за да одговори на изворите на заканата и да ја неутрализира нивната опасност“, објави тој.

Наср ал-Дин Амер, член на политичката канцеларија на Хутите поддржани од Иран, изјави на Телеграм дека „одговорот што е во тек и се спроведува во длабочина е многу поголем од она што се објавува на социјалните медиуми и е многу поширок по обем“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се смирува западнонилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Пет дена нема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со западнонилска треска..

Се смирува западнонилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Од Клиниката за Канал 5 потврдија дека денеска е пуштен пациент од Клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба..

Засега на Клиниката има седум пациенти со западнонилска треска, двајца се во тешка состојба и се во Одделот за интензивно лекување..

Осум пациенти починаа поради компликации од западнонилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години..

Од Град Скопје најавија дека утре ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија протера десет руски дипломати, Захарова се закани: Одговорот ќе боли

Унгарската влада објави дека им наредила на 10 членови на руската дипломатска мисија да ја напуштат земјата поради активности што се сметаат за неприфатливи за дипломатите.

Унгарија протера десет руски дипломати, Захарова се закани: Одговорот ќе боли

Рускиот амбасадор бил информиран дека „според проценката на унгарските власти, 10 членови на руската мисија учествувале во активности во Унгарија што се неприфатливи за дипломатите според Виенската конвенција“, изјави министерката за надворешни работи Анита Орбан. Станува збор за меѓународен договор што го регулира однесувањето на дипломатите.

Министерката за надворешни работи, која не е во роднинска врска со поранешниот премиер Виктор Орбан, не прецизираше какви активности вршат или колку време имаат руските дипломати да ја напуштат Унгарија. Сепак, таа нагласи дека нејзината земја сака да одржува дипломатски контакти со Москва.

„Оваа одлука ја штити безбедноста и суверенитетот на Унгарија. Не подразбира прекин на дипломатските односи со Русија. Унгарија има намера да го продолжи потребниот дијалог, врз основа на меѓусебно почитување и почитување на правилата“, изјави Орбан во соопштението за медиумите.

Русите најавија дека ќе одговорат

Руското Министерство за надворешни работи објави во изјава за руската државна новинска агенција РИА Новости дека ќе одговори на протерувањето. „Одговорот на русофобичното лоби во Будимпешта ќе биде остар и болен“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за ТАСС.

Унгарија ја донесе оваа одлука за време на мандатот на премиерот Петер Маѓар, кој ја презеде функцијата на почетокот на оваа година со ветување дека ќе ја прекине проруската политика на земјата. Претходникот на Маѓар, Виктор Орбан, беше сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Орбан постојано ги одложуваше или блокираше европските санкции против Русија и склучуваше енергетски договори со Москва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер