Низ што се поминуваат пациентите со рак? – Сторија на Канал 5 - Канал 5

Низ што се поминуваат пациентите со рак? – Сторија на Канал 5

„Организираниот скриниг за откривање на рак на гради ми го спаси животот пред седум години“, раскажува Зденка Николовска.

Низ што се поминуваат пациентите со рак? – Сторија на Канал 5

По добиената покана заминала на мамографија, но не очекувала дека ќе и соопштат да дојде и на итна биопсија. Тогаш се потврдил и рак. Се лекувала на клиниката за онкологија и успешно ги завршила терапиите. Во 2020 години биле потврдени нови метастази. Зденка раскажува дека лекувањето на онкологија завршила, и нејзиното лекување морало да продолжи во Грција. Таа еден месец оди на лекување неделно оди два пати на терапија и остануваат уште два месеци. Лекувањето не го покрива фондот и чини вкупно околу 40 илјади евра.

Лекувањето е сакпо и не може сама да го покрие во овој момент и е потребна финансиска помош. Таа вели љубовата и поддршката ја има од сите и навистина се чувствува силно и со желба да продоложи да живее. Убвите зборови дека воопшто не се познава болеста, туку во неа секој гледа убава слика на мир и дваат надеж за ново утро. Во разговорот со Зденка таа ниту еднаш не спомна добиена битка или војна против ракот, за неа тоа се непотребни зборови. Таа вели дека секој кој е во ваква состојба важно е да ја прифати состојбата во која се наоѓа. Таа по професија е животен тренер за личен раст и развој, но сега ги учи најголемата лекција „колку е важно да се не заборавиме себе си’.

Пред Зденка останува голем предизвик, таа им благодари на сите за поддршката. Она што таа го дава како помош кон останатите е нејзината професија. Преку разговори и пронаоѓање на она што секој го има во себе да си помогне и да прифати, зошто тоа му се случува.

БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИЈА

A1 143 475

ТЕЛEКОМ 070 143 127

Стопанска Банка

Зденка Николовска

200000205170027

Донации надвор од Македонија

Зденка Николовска

Уч. 1010 бр. 10 Скопје Карпош

МК 07210501595138374

НЛБ АД СКОПЈЕ

Мајка Тереза бр. 1

Северна Македонија

TUTNMK22

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44).

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.

Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.

Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. 

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење.

Актерка сподели снимка од прославата

Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент.

„А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото.

Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење.

Вучиќ го призна поразот

За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер