Средба Муцунски – Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
2Средба Муцунски – Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
2ТИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ПОКАЖА ИСТРАЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОСОБЕНО ТЕШКОТО ИЗДАНИЕ НА 24 ЧАСА LE MANS
СветНиз Ормутскиот теснец помина првиот крузер од почетокот на војната Крузерот „Селестијал Дискавери“ стана првиот патнички брод што помина низ Ормутскиот теснец од почетокот на војната.Бродот под малтешко знаме денеска исплови од Дубаи, каде што беше закотвен 47 дена, а неговата дестинација е Оман. Според извештаите, тој плови без патници, пишува „Еуроњуз“. Преминувањето на крузерот се случи неколку часа откако Иран и САД објавија дека овој стратешки воден пат, кој практично е затворен од почетокот на конфликтот, ќе биде целосно повторно отворен за комерцијален сообраќај до крајот на прекинот на огнот. Според податоците од службата за следење на морскиот сообраќај „МаринТрафик“, пристигнувањето на бродот во Оман се очекува утре. Приказната е во фаза на изработка и ќе се ажурира штом ќе бидат достапни нови информации.Тагови: крузер Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаОсумдневен притвор и кривична за скопјанецот кој запали две возила на бугарската амбасада Изречен осум дневен притвор за лицето кое предизвика опожарување на две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје. Против 44 годишниот скопјанец кој го признал делото по итна постапка е поднесена и кривична за предизвикување општа опасност, информираат од МВР. Иако случајот е целосно расчистен од македонските институции осуди за настанот и понатаму пристигнувааТ од страна на Бугарија. Премиерот Мицкоски на критиките од Софија го повтори ставот на владата за осуда на инцидентот и кажа дека нема да брза со квалификации За опожарените возила се дебатираше и на седница во бугарското собрание. Дел од тамошните пратеници настанот го окарактеризираа како провокација, но и напад кон Бугарија и ЕУ. „Нема да имаме разбирање, ниту да бидеме трпеливи, ниту толерантни кон какво и да е насилство. Ги повикув МВР но и целата Влада да бидат крајно категорични во соопштенијата кои ги упатуваат кон Македонија до надлежните органи кои треба да го истражат случајот и да го казнат виновникот. Нападот врз бугарската амбасада не е само напад на една држава, туку атак врз земја членка на ЕУ, а во оваа смисла и врз целата Унија“ – Георг Георгиев, пратеник од ГЕРБ-СДС. „Опожарувањето на дипломатските возила во секој случај представува провокација и таа провокација е од сили во Македонија кои сакаат да го попречат европскиот развој на државата“- Николај Денков, пратеник од ПП-ДБ . Опожарените дипломатски возилата пред амбасадата на Бугарија во Скопје се повод и за најавената блокада на сите три гранични премини кон Бугарија в недела во времетраење од два часа во организациија на бугарската фондација „Македонија“, чиј основач Виктор Стојанов има забрана за влез во државава. Граничните премини кај Делчево, Ново Село и Дебе Баир ќе бидат блокирани од 11 до 13 часот по бугарско време, а целата како што најавуваат оранизаторите е да се испратела политичка порака до македонските власти против наводен „прогон на Бугари“ во земјава. Протестот како што тврдат од Фондацијата е одобрен од бугарското минситерство за внатрешни работи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаСредба Муцунски – Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со ИрскаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Даблин оствари средба со министерката за надворешни работи, трговија и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти.На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји.Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската интеграција, во пресрет на претстојното ирско претседавање со Советот на Европската Унија, кое започнува на 1 јули. Министерот Муцунски изрази благодарност за принципиелната и континуирана ирска поддршка на политиката на проширување и на европските аспирации на државата. Притоа, ја нагласи цврстата определба на Владата за продолжување на реформскиот процес и напредокот на европскиот пат, истакнувајќи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел и најсилен двигател на демократскиот, економскиот и општествениот развој. Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и глобални прашања, при што се согласија дека во услови на зголемени геополитички и безбедносни предизвици, на Европа повеќе од кога било ѝ се потребни единство, солидарност и блиска соработка. Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари средба и со претседавачот и членовите на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на ирскиот парламент. Притоа, тој изрази благодарност за силната и принципиелна поддршка што Ирска ја дава на политиката на проширување на Европската Унија и на европскиот пат на државата. На средбата беше разговарано за актуелната состојба во процесот на евроинтеграција, при што министерот Муцунски ја истакна посветеноста на Владата на спроведувањето на реформите, особено во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и јакнењето на институциите. Тој потенцираше дека кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми, е од суштинско значење за зачувување на довербата во Европската Унија и нејзината трансформативна моќ во регионот.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаВајц за Канал 5: Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија„Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија“, вели во ексклузивно интервју за Канал 5 известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц.Тој признава дека не ја поддржувал спорната терминологија и одредбите кои се однесуваат на билатералните прашања меѓу Скопје и Софија и оценува дека тие не требало да бидат дел од извештајот за напредокот на земјата. Во видеото погледнете кратко парче од интервјуто кое во целост ќе го емитуваме во Вестите во 18 часот... Со Вајц разговараше Јован Ѓорговски Тагови: Томас Вајц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook