Нивелација на платите во културата по дејности до март 2019

Ваквата состојба со платите во институциите во културата произлегува од непринципиелно доделување на бруто коефициенти за пресметка на плата при што не се применувал постоечкиот Колективен договор.

Министерството за култура информира дека до март 2019 година ќе спроведе нивелација на платите во културата по дејности, појаснувајќи дека причината е во тоа што што подолг период е присутен проблемот на неправилности и нелогичности во висината на бруто коефициентите за пресметка на платата, односно за исто работно место во две институции има различен бруто коефициент за пресметка на плата.

-Ваквата состојба со платите во институциите во културата произлегува од непринципиелно доделување на бруто коефициенти за пресметка на плата при што не се применувал постоечкиот Колективен договор. Исто така, во одредени дејности од областа на културата имало покачување на платата за 40 проценти, додека во заштитата и библиотекарството воопшто не е спроведно. Нивелацијата е во согласност и со иницијативата на Синдикатот за култура на РМ, средствата за нивелацијата на платите да бидат изгласани и вметнати во буџетот за 2019 година, соопшти Министерството за култура.

Во дописот до медиумите тоа нагласува дека главен приоритет останува новиот Закон за јавен интерес во културата, со чие усвојување во Собранието на Република Македонија, и по усвојувањето на новиот Закон за јавна администрација, ќе се создадат услови за потпишување на новиот Колективен договор во културата.

-Во тој контекст, сакаме да потсетиме дека од причини што Колективниот договор за културата е истечен веќе 10 години, во изминатиот период во Министерството за култура беше формирана работната група составена од претставници на стручните служби на Министерството и претставници на двата синдиката: Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Синдикатот на културните работници на Македонија (СКРМ), која активно работи на анализата за правичната валоризација на трудот на вработените во културата. Средствата потребни за остварување на овој договор, пак, по спроведените анализи, дополнително ќе бидат обезбедени, наведува ресорното Министерство.

Со склучувањето на новиот Колективен договор за културата во иднина ќе се решат негативните состојби со платите, посочува Министерството, и ќе се регулираат сите досега отворени прашања во врска со работниот однос на вработените во културата.

Претходно, од страна на Владата на Република Македонија беше препорачано средствата што се на располагање на сметката на Министерството за култура, по добиената согласност од Министерството за финансии, да бидат наменети за зголемување на платите на стручните работници во областа на заштитата на културното наследство, а во иднина секое стекнато стручно звање да добие соодветен надоместок на платата.

Се гласа во сите избирачки места во Тетово, на две места со употреба на УВ-ламба

Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. 

Нефункционалноста на апаратот за идентификација е причина гласањето на две избирачки места во Општина Тетово да почне со стариот метод со кој се зема отпечаток од прст на графитно перниче, па се остава отпечаток во избирачки список, а се користат спреј и УВ-ламба за проверка.

- Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. Со одлука на Државната изборна комисија (ДИК) се користи стариот метод со отпечаток од прст и УВ ламба. Истото е направено во едно избирачко место во село Бозовце каде гласањето почна во 9.22 часот, информираше Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател на државата може да гласаат вкупно 86.405 луѓе.

Од вкупнте бројки, вчера имаа можност да гласаат 54 затвореници, како и 181 лице пријавени за болни и немоќни со право на глас.

До 9 часот во Дебар излезноста е 1,1 односно 1,5 отсто, во Центар Жупа 1,60 односно 1,61 отсто

Непречено се одвива изборниот процес од парламентарните и вториот круг од претседателските избори во општините Дебар и Центар Жупа.

Според Јованка Јосифовска, потпретседателка на ОИК-Дебар до 9 часот правото на глас за претседателските избори го искористиле 216 гласачи или 1,1 отсто од вкупно 19.269 запишани во единствениот избрачки список. Во првиот круг гласале 283 лица или еден отсто од вкупно запишаните 19.334 лица.

Што се однесува до парламентарните избори гласале 299 лица или 1,5 отсто од 19.311 лица со право на глас.

Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот на претседателските избори гласале 118 лица или 1,60 отсто од вкупно запишаните 7.368, додека на парламентарните гласале 119 или 1,61 отсто од вкупно запишаните 7.383 гласачи. Во првиот круг од претседателските избори гласале 80 лица или 1,9 отсто.

И во двете општини, уште од почетокот на изборниот ден, избирачките места се посетени од претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХИР.

Кавадарци со 6.22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5.4 проценти

Кавадарци има 6.22 отсто излезност до девет часот, во Росоман 5.4 проценти, информираа од општинските изборни комисии.  

Во Кавадарци се гласа на 60 гласачки места, се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.

Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци.

- Согласно на законот, вчера ден пред претседателските и парламентарните избори, за гласање беа пријавени вкупно 155 лица во домашни услови, болни и немоќни, како и дванаесетмина од дом за стари лица, појасни Петровска.

Во Росоман се гласа на десет избирачки места.

- За потсетување, вчера, ден пред изборите, согласно на законот, гласаа 69 немоќни лица, соопшти претседателот на општинската изборна комисија, Зоран Костов.

Вкупно 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на денешните избори во општината Росоман.

притисни ентер