Ниту синоќа не беше конституиран косовскиот Парламент - Канал 5

Ниту синоќа не беше конституиран косовскиот Парламент

 Ниту доцна синоќа Собранието на Косово (во 54-от обид) не беше конституирано, бидејќи немаше доволно гласови за формирање комисија за тајно гласање за избор на претседател.

Ниту синоќа не беше конституиран косовскиот Парламент

Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа и коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и НИСМА ниту синоќа не предложија членови на изборната комисија за тајно гласање, туку го обвинија претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари, за узурпирање на седницата и погазување на Уставот и одлуките на Уставниот суд на Косово.

Како и претходно, од 1 мај до синоќа Дехари ги прекинуваше во говор сите со исклучување на микрофоните.

Од присутните 103 пратеници, 56 гласаа за формирање на комисијата.

Дехари ја прекина седницата и објави дека според одлуката на Уставниот суд од 26 јуни, од денеска до 8 август, парламентот не може да заседава ниту да одлучува за кое било прашање.

Се очекува до 8 август Уставниот суд да донесе пресуда врз основа на барањето поднесено од пратениците на ДПК и ДСК за уставноста на инсистирањето на претседателот на тајно гласање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон на трибините на Вимблдон?

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон е во центарот на вниманието овие денови откако се појавија шпекулации на социјалните мрежи дека суптилно ги задевала принцот Хари и Меган Маркл за време на нејзината посета на Вимблдон.

Кејт Мидлтон на трибините на Вимблдон?

Кејт Мидлтон присуствуваше на еден од мечевите на престижниот Грен слем во Лондон, каде што разговараше со посетителите и делеше билети за Вимблдон.

Сепак, вниманието на јавноста го привлече еден детаљ што некои интернет корисници веднаш го поврзаа со војводата и војвотката од Сасекс.

Имено, принцезата од Велс не седеше во кралската ложа, туку гледаше дел од мечевите меѓу другите гледачи на трибините, што многумина го протолкуваа како порака дека се чувствува безбедно меѓу луѓето.

- Кејт седи блиску до местото каде што луѓето можат безбедно да поминат без страв од безбедноста. Ова е идната кралица на Англија - напиша еден корисник на социјалните мрежи, објавува списанието OK!.

Набрзо се појавија бројни други коментари на социјалните мрежи.

- Во тоа е разликата. Кетрин не прави драма, за разлика од парот од другата страна на океанот, на кои им треба обезбедување насекаде, а истовремено сакаат да ја зачуваат својата приватност – гласеше еден од коментарите. Друг корисник додаде: - Таа исто така не го зафати просторот околу себе и го остави преминот слободен.

Прекрасна дама. Имаше и такви кои отидоа чекор понатаму.

-Не би се изненадил ако ова е суптилна порака, а искрено, ми се допаѓа – напиша друг корисник. Сепак, треба да се нагласи дека не постојат докази оти Кејт Мидлтон намерно сакала да испрати порака до Хари и Меган.

Тврдењата за наводно „тролање“ се засноваат исклучиво на толкувањата на корисниците на социјалните мрежи и одредени таблоиди, додека принцезата не ги коментираше овие наводи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бонга оди во Реал – 7,5 милиони евра!

Репрезенативецот на Германија, досегашниот член на Партизан, Исак Бонга ќе стане нов кошаркар на Реал Мадрид.

Бонга оди во Реал – 7,5 милиони евра!

Откако настапуваше во НБА за Лејкерс, Репторс и Визардс, Исак Бонга му се приклучи на Баерн Минхен, а потоа премина во белградски Партизан, под водство на Жељко Обрадовиќ.

Откако Партизан остана без најтрофејниот тренер во историјата на европската кошарка, Бонга одлучи истото лето да плати 700.000 евра, да ја активира откупната клаузула и да ја промени средината.

Според порталот „Енсестадо“ (Encestado), тој ќе остане во Европа и ќе потпише договор со Реал Мадрид. Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Бонга тригодишен договор вреден 7,5 милиони евра, што изнесува околу 2,5 милиони евра по сезона! Педро Мартинез се обиде да го доведе Бонга во Валенсија уште минатата сезона, но тоа тогаш не беше изводливо, па една година подоцна неговата желба ќе се оствари.

Инаку, Реал Мадрид имаше „опасна“ конкуренција во лицето на Панатинаикос и Барселона, но се чини дека сепак кралевите ја добиле битката за одличниот германски кошаркар.

Бонга има 26 години, а оваа сезона беше еден од најважните играчи на Партизан, како во одбраната, така и во нападот. Тој забележа просек од 9,9 поени, 5,6 скока и 1,5 асистенција во Евролигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извини Кевин, но Бразил е во срцето: Изабела Гулар во бикини во националните бои

Извини Кевин, но Бразил е во срцето. Убавата манекенка Изабела Гулар во мини-костим за капење во националните бои го освои светот.

Извини Кевин, но Бразил е во срцето: Изабела Гулар во бикини во националните бои

Веќе две недели светот пулсира во ритамот на најважната споредна работа на светот фудбалот, „виновник“ за тоа е 23 Светски шампионат организаран во три држави, САД, Канада и мексико.

Вниманието на спортските фанови го привлекуваат и познати лица од светот на модата и забавата.

Меѓу нив е и бразилската манекенка Изабел Гулар, која не пропушта можност да ја бодри репрезентацијата на својата земја дури и за време на одморот.

Атрактивната убавица, која е во врска со германскиот голман Кевин Трап, објави неколку фотографии од одморот на социјалните мрежи.

На нив, таа позира во впечатливо бикини во боите на Бразил, додека во рацете го држи бразилското знаме, јасно покажувајќи за кого навива во големото фудбалско натпреварување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер