Ниту на третото гласање во грчкиот Парламент не беше избран претседател на Грција

Ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Грција не ги доби потребните минимум 180 гласа при денешното трето гласање во Парламентот,.

Ниту на третото гласање во грчкиот Парламент не беше избран претседател на Грција

Ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Грција не ги доби потребните минимум 180 гласа при денешното трето гласање во Парламентот, а следното, кое се очекува да биде и клучно, ќе се одржи по пауза од пет дена, односно следната среда, јави дописничката на МИА од Атина.

Гласањето е јавно со прозивање на секој од пратениците кои имаат две опции: или да одберат еден од кандидатите или да изјават дека се воздржани.

Четворицата кандидати добија идентичен број гласови како и при првите две гласања одржани на 25 и 31 јануари, а и денеска воздржани беа 52 пратеници.

Константинос Тасулас, кој до неодамна беше претседател на Парламентот, како предлог од владејачката Нова демократија повторно доби 160 гласа.

За поранешната пратеничка и министерка од ПАСОК Лука Кацели предлог од СИРИЗА и денеска гласаа 40 пратеници.

Поранешниот министер и професор Тасос Јаницис предложен од ПАСОК, доби 34 гласа.

За писателот Костас Кирјаку предлог на партијата Победа гласаа повторно 14 пратеници.

При првите две гласања потребно беше двотретински мнозинство, додека пак денеска за избор на шеф на државата неопходно беше еден од кандидатите да добие три петтини, односно 180 од вкупно 300 пратеници, што не беше постигнато, а гласањето ќе се повтори на 12 февруари.

Тогаш ќе биде потребно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно најмалку 151 глас, а според резултатите од трите гласања, се очекува Грција следната среда да добие нов претседател и Константинос Тасулас да биде избран за шеф на државата со поддршка од околу 160 пратеници.

Петгодишниот мандат на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу завршува на 13 март годинава.

Синдикатите незадоволни од одлуката на Владата на минималната плата

Сојузот на синдикати не отстапува од своето барање за минималец од 500 евра – законското усогласување кое го донесе  владата за првиот човек на УПОЗ и потпретседател на ССМ, Трпе Деаноски е неприфатливо.

Синдикатите незадоволни од одлуката на Владата на минималната плата

Според пресметките минималната плата која работниците ќе ја добијат во месец април се зголемува за 1 812 денари и ќе изнесува 24 379 денари. Деаноски вели за прв пат од неговото воведување во 2012 година, за минималецот се одлучи без работниците. Најави дека како синдикат в петок ќе одлучуваат за следните чекори, кога според најавите, треба да се одржи и седница на Комисијата која треба да утврди репрезнатитивност на синдикатот.

„Се доенсе без ЕСС да се разговара таа минимална плата, без да се одлучат и работотдавачите и работниците и Владата. Прв пат се случува ова но имајќи предвид во каква држава живееме нема да биде ни последен пат..... Во петок е закажана и седница на претседателстовто на ССМ на која ќе се одлучува за следните чекори, дека сме задоволни од ова не сме задоволни. “-Трпе Деановски – УПОЗ

Со оглед на тоа што веќе течат роковите да поднесување на пресемтките за плата, владата вчера на седница донесе одлука за утврдување на минималната плата која ќе бележи зголемување од 2 685 денари брути или 1 812 денари нето износ. А заменик министерот за економија Марјан Ристески, денеска рече законот мора да се почитува, одлуката е донесена бидејќи ниту еден синдикат во моментов нема репрезентативност. И повтори дека се остава простор, доколку се постигне договор меѓу синдикатите и работодавачите за повисок минималец Владата ќе го почитува.

„Ние како влада имаме обврска да го почитуваме законот за минимална плата кој што трбеа да почне да се спрвоедува од следниот месец, има доволно време институциите да може да ја пресметаат, покачуувањето да го пресметаат на минималната која законски изнесува 2 200 денари.“- Марјан Ристески – заменик министер за економија

Минималецот се утврдува еднаш во годината во месец март, според законот се пресметува во висина од 50 % од просечната исплата плата и 50 % од порастот на трошоците за живот, од минатата година. Барањето на ССМ беше платата да се зголеми за дополнителни 6 илјади денари однсно да изнесува 500 евра со тоа што разликата на дел од придонесите во рок од 12 месеци да ги покрива државата.

Митева: Постапката за разрешување на Коцевски ќе биде стопирана по добиенто мислење од Советот

До Советот на јавни обвинители не е стасан допис или известување од Владата дека се стопира постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски.

Митева: Постапката за разрешување на Коцевски ќе биде стопирана по добиенто мислење од Советот

За ова информираше престедателката на Советот Душица Димитриевска, пред почетокот на денешната седница на која требаше да се разгледува предлогот на владата на неговоро разрешување, но која беше одложена поради немање кворум. Според Димитриевска роковите и понатаму течат и точката за разрешување на Коцевски ќе биде разгледана најдоцна на почетокот на идната недела. Од владата пак потенцираат дека процесот ќе биде стопиран по добивањето на мислењето од советот, односно дека предлогот нема да биде составен од Валдата до Собранието.

Комеморација за Сара Пројковска на Факултетот за музичка уметност

Со едно минутен молк на Факултетот за музичка уметнст започна комеморацијата во чест на професорката Сара Пројковска, која животот на 48 годишна возраст трагично го загуби во пожарот во дискотеката во Кочани, настапувајки со својод бенд ДНК.

Комеморација за Сара Пројковска на Факултетот за музичка уметност

Сара беше професорка по пијано, но и истакнат македонски музичар, пратечки вокал на бендот ДНК, како и на дел од најголемите македонски музички ѕвезди, вокалист во бројни музички проекти домашни и странски и текстописец на забавни мелодии, за што има освоено и бројни награди..Нејзините пријатели, колеги, студенти, соработници велат Сара засекогаш ќе ја паметат како незаменлива пријателка, секогаш ведра и насмеана, а особено по нејзиниот огромен талент, љубовта за музиката која кај неа се јавила од мали нозе и нејзиниот ангелски глас.

Во нејзина чест настапија студентскиот оркестар и пијанистот Дино Имети, а беше прочитана и поема напишана од македонската поетеса Ана Бунтевска.

На Факултетот за музичка уметност во чест на Сара Пројковска е отворена и книга на жалост каде нејзините колеги и студенти пишуваат пораки за последно збогум.

притисни ентер