Ниту банките, ниту Развојната банка не откриваат кои фирми добија пари од унгарскиот заем - Канал 5

Ниту банките, ниту Развојната банка не откриваат кои фирми добија пари од унгарскиот заем

Ниту банките, ниту Развојната банка на Македонија не кажуваат кои фирми добија пари од унгарскиот заем.

Ниту банките, ниту Развојната банка не откриваат кои фирми добија пари од унгарскиот заем

Досега, според официјланите информации, искористени се пола од достапните средства, односно 125,8 милиони евра.. како поволни кредити ги добиле 470 компании од кои најголем дел се мали фирми - 269, 113 средни, 60 големи и 28 микро компании...

Но, нивните имиња остануваат непознати, иако основната камата за овие пари ќе ја платат сите граѓани преку буџетот. Од развојната банка како пречка го наведуваат Законот за банки.

„Информациите кои се бараат од Развојна банка, се информации со кои банката се стекнала при вршење на банкарски и други активности за поединечни лица и истите согласно Законот за банките, член 111 и член 112 претставуваат банкарска тајна која банката е должна да ја заштити и чува.“-Развојна банка.

Единствено познати се дејностите за кои ќе се користат кредитите - Најголем дел од парите се за инвестиции во градежништвото, 48 % или околу 60 милиони евра, 40 % или околу 45 милиони евра се за инвестиции во опрема, а останатите 13 % или околу 20 милиони евра се кредитеи за обновливи извори на енергија и за инвестиции во транспортни средства... По кои кретериуми биле делени парите исто така останува нејасно, но од Развојната банка велат дека од информациите што ги имаат од банките, сите што ги исполнувале условите добиле.

250 милиони евра од унгарскиот кредит се достапни за компнаиите со камата од 1,95% кон банките, но основната камата од 3,25% кон Унгарија ќе ја плаќа државата, односно сите граѓани.

Според пресметктие, доколку парите се искористат во целост, годишно за овие кредити ќе се плаќа камата од 8,1 милиони евра, односно околу 100 милиони евра за целиот период на исплата, кој истекува во 2039 година..

Унгарски кредит за компаниите - 250 милиони евра

-камата кон банките 1,95% (плаќаат компаниите)

-основна камата кон Унгарија 3,25% (плаќа државата)

-Камата за една година: 8,1 милион евра

-Грејс период 3 години, отплата до 15 години

-Вкупна камата за 12 години 97,2 милиони евра

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи.

Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци.

Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. 

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози.

Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност.

Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни.

„Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер