Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала
1Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала
НБАНиту 42 поени на Дончиќ на им помогнаа на Лејкерс да го избегнат третиот пораз по редЛос Анџелес лејкерси ноќеска загубија од Сакраменто на гостински терен со 124:112.ПНајефикасен на теренот беше Лука Дончиќ со 42 поени. Во домашниот тим се истакна Демар ДеРозан со 32 поена. Лејкерси го претрпеа својот трет пораз по ред и се петти во Западната конференција на НБА. Сакраменто е 14. на Запад. На другите средби од НБА-лигата одиграни ноќта понеделник кон вторник постигнати се следниве резултати: Кливленд – Јута 112:123 Индијана – Бостон 98:96 Торонто – Филаделфија 102:115 Далас – Бруклин 113:105 Лос Анџелес клиперс – Шарлот 117:109.Тагови: Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотРусија издаде меѓународна потерница за апсење на основачот на „Телеграм“Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) поднесе обвиненија против основачот на „Телеграм“, Павел Дуров, и издаде меѓународна потерница за негово апсење. Тој е обвинет за олеснување на терористички активности; оваа вест во средата ја пренесе агенцијата „Интерфакс“, пишува „Ројтерс“. Според извештаите на руските државни медиуми од март, ФСБ тврди дека од почетокот на војната во Украина, преку „Телеграм“ биле извршени повеќе од 153.000 кривични дела. Меѓу нив, како што наведуваат, има околу 33.000 случаи поврзани со саботажа, тероризам и екстремизам – како што се организирање експлозии, подметнување пожари во воени објекти и убиства. Дневниот весник во државна сопственост „Росијскаја газета“, повикувајќи се на материјали од ФСБ, тврди дека благодарение на работата на безбедносните служби биле спречени 475 терористички напади, наводно планирани преку „Телеграм“. Според истите наводи, оваа бројка вклучува 61 планиран напад врз училишта. Руските власти исто така тврдат дека терористичкиот напад врз концертната сала „Крокус сити хол“ во март 2024 година бил координиран преку „Телеграм“. Понатаму, тие наведуваат дека апликацијата се користела за собирање податоци за руски воени претставници, блогери и нивните семејства, вклучувајќи информации за нивното движење и секојдневни навики. Според Москва, регулаторното тело „Роскомнадзор“ во последниве години испратило повеќе од 150.000 барања до „Телеграм“ за отстранување незаконска содржина, но компанијата наводно ги игнорирала. Руските власти инаку, уште во февруари го прогласија „Телеграм“ за закана по националната безбедност. Павел Дуров тогаш го обвини Кремљ за ограничување на пристапот до апликацијата со цел да ги принуди граѓаните да ја користат државната апликација за пораки „МАКС“ (MAX), која Москва ја претставува како безбедна домашна алтернатива на „Телеграм“ и „Ватсап“. Истовремено, во неколку руски градови беа забележани прекини и забавување на работата на „Телеграм“. Според „Киев пост“ (Kyiv Post), руските власти постепено ги насочуваат корисниците кон апликацијата „МАКС“, додека некои руски воени блогери предупредуваат дека станува збор за технички полошо и помалку безбедно решение, кое не поседува енд-ту-енд (end-to-end) енкрипција.Тагови: русија Телеграм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗемјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скалаУтрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Албанија.Утрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Албанија, на околу 144 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, 4.0. соопшти Сеизмолошката опсерваторија при природно-математичкиот факултет во скопје,земјотресот е почувствуван од жителите на градот струга и околината, со интензитет од три степени според европската макросеизмичка скала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на ЈапонијаСе зголемува бројот на загинати во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија.Според Премиерот Санае Такаичи, во земјотресот досега загинале 13 лица , тој воедно истакна дека спасувачите се во „трка со времето“. Спасувачките напори се во тек во трговски центар каде што многу луѓе се заробени. Се урнаа најмалку 18 куќи во градот Хикава и има жители кои сè уште се заробени во две од овие куќи. Јавниот радиодифузен сервис, исто така, објави дека пожарникарите и војската спроведуваат спасувачки операции и ги расчистуваат оштетените згради. Земјотресот, кој според Геолошкиот завод на САД е проценет на 6,8 степени по рихтер, го погоди островот кјушу во во вторникот.Тагови: земјотрес јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook