Мицкоски: Владата продолжува со силна поддршка за развој на Скопје, следува набавка на нова комунална опрема и електрични автобуси
1Мицкоски: Владата продолжува со силна поддршка за развој на Скопје, следува набавка на нова комунална опрема и електрични автобуси
3Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
МакедонијаНиските температури ги уништија овошните насади - ќе јадеме ли скапи праски и кајсии годинава? Праски и кајсии годинава ќе нема а тие што ќе ги има ќе бидат скапи.Ниските тепмератури кои се спуштија и до -8 целзиусови степени оставија зад себе пустош во росманскиот регион кој е нашито главен производен центар за праски и кајсии за домашниот пазар. Штетите се проценуваат во милиони евра бидејќи овој регион производеува 1% од светското производство на праска која главно беше наменета за извоз. Кога се работи за неколку часа ниски темератури земјоделците преку разни мерки се обидуваат да го спасат насадите но во овој случај студот траел три ноќи по ред и на дрвата се изрзнати и цветовите и оние мали плдови кои штотуку се формирале Штетата за росоманскиот крај е огоромна бидејќи тие досега инветирале во орања ѓубрење, кроење зимски и први пролетни прскања а ќе нема од каде да земат цела година пари бидејќи родот предвреме го собра прлетниот мраз. Овој регион го посети и министерто за земјдоелство кој вети забрзана исплата на помошта за обештетување од елементарни непогоди, пари кои годинава им се потребни на овоштарите да продолжат да инвестираат во насадите за да имаат род догодина. -Не ги оставаме на милост и немилост земјоделците од Росоман и околината. Ќе ги забрзаме процесите за обештетување на посевите од замрзнување на повеќе култури како што се праска, кајсија, дуња, цреша и други. На 20-ти месецов на двете мерни станици над населените места Рамниште и Чаир во Росоман беа измерени температури од -8 Целзиусови степени кои за жал направија голема штета. Од УХМР велат дека во престојнаат недела не се очекуваат ниски температури под нулата а времето ќе биде речиси цела недела променливо облачно и врнежливо. Тагови: праски кајсии ниски температури Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Владата продолжува со силна поддршка за развој на Скопје, следува набавка на нова комунална опрема и електрични автобуси„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде.“„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде, односно беа заглавени и со посветена работа, можам да кажам дека за овие неколку месеци откако Орце е градоначалник се гледа огромен напредок, еве како што самите слушнавте до Нова година очекуваме не само овој проект туку уште други 2, па и би рекол 3 проекти ќе бидат завршени. Тука би сакал уште еднаш да додадам дека Градот Скопје од Владата исто така треба да добие до Нова година камиони, цистерни и метларки за подобра хигиена. Тендерот тука е завршен, мислам и дека оние формални процеси со царина и слично се завршени. Таму некаде до крајот на август месец денеска разговарав со потпретседателот на Влада и министер за транспорт ќе можеме да направиме промоција и на таа опрема се разбира бидејќи таа опрема нема да добие само Скопје туку и уште неколку други поголеми општини низ државата, исто така сега е процесот на жалби. Очекувам и тој да заврши како процес и да се добијат новите автобуси електрични што исто така ќе ги добие Градот Скопје, но и другите општини низ државата, така што се интензивираат активностите, се работата проектите, се реализирано она коешто е ветено. За жал, не можеме преку ноќ сето она коешто со децении е уништувано да го поправиме, но се разбира со фокусирана работа, со посветена работа гледате дека и тие работи што се невозможни стануваат реалност и стануваат возможни. Благодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата на Град Скопје, на колегите од Владата, на сите коишто се вклучени во реализирањето на овие проекти, тука пред сè мислам на градоначалниците во Градот Скопје. Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме општините, а јас сум убеден дека Орце онаков каков што е карактер, уште попосветено, иако и сега е максимално посветен, уште попосветено ќе продолжи да ги реализира проектите коишто наумил да ги реализира, а се приоритет на Скопје.“, рече премиерот Христијан Мицкоски при увидот на градежните работи на клучката Момин поток во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПожарот во Франција се приближува до Бордо- пожарникарите користат нова метода во гаснењето (ВИДЕО)Илјадници луѓе беа евакуирани од периферијата на Бордо, бидејќи големите шумски пожари во југозападна Франција се приближуваа кон градот. Француската војска, исто така, се приклучи во борбата против невидениот пожар, со воен транспортен авион Ербас А400М кој беше распореден за прв пат. Снимен е како испушта 20 тони хемиски ретардант за да го спречи ширењето на пожарот, објави Јутарњи. Објавените снимки го покажуваат авионот како лета ниско над загрозената шумска област додека испушта црвена мешавина од ретардант за пожар, обидувајќи се да го пресече патот на пожарот што се заканува да се прошири во нови населби. Црвениот ретардант - мешавина од вода, хемиски средства за ретардант за пламен и пигмент - не се користи за директно гаснење на пламенот, туку се прска врз вегетацијата пред фронтот на пожарот за да се намали запаливоста на растенијата и да се забави напредокот на пожарот. Пожарот моментално е на околу 30 километри од Бордо, познат центар за одгледување вино и клучен транспортен центар за туристи на атлантскиот брег. Watch an A400 military plane drop an anti-fire substance in southwest France to stop wildfires spreading, Sky's @BarbaraGSerra has the latest Live updates ➡️ https://t.co/PAiZ4D1jU3 📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/yxluybtOaM — Sky News (@SkyNews) July 25, 2026 Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека рекордни 98.000 хектари земја се изгорени во Франција досега оваа година во пожарите, предизвикани од интензивниот топлотен бран низ Европа. „Очекуваме долга и тешка битка“, предупреди Нуњез, додека францускиот премиер Себастијан Лекорну рече дека пожарите достигнале невидени нивоа. Властите ги евакуираа жителите од општините Ле Агебланш, Ејсин и Мерињак, а вкупно 167.000 луѓе се евакуирани од поширокиот регион Жиронд досега. На возачите и патниците на возот им е советувано да ја избегнуваат областа. Според климатскиот монитор на Ројтерс, просечната температура во поширокиот регион Аквитанија во јули била 32,2°C, 7,3°C над повеќегодишниот просек.Тагови: пожар Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКарамбол во Германија: Кампер удри во колона возила на автопат - 34 повредени, меѓу кои и децаВкупно 34 лица, меѓу кои и неколку деца, се повредени во сообраќајна несреќа на повеќе возила на автопатот А9 во германската покраина Тирингија, откако кампер-комбе не застана во сообраќаен метеж, соопшти полицијата.Сите повредени имаат полесни до умерени повреди и ничиј живот не е во опасност, изјави портпаролот на полицијата. Камперот се судри со неколку возила Полицијата соопшти дека возачот на камперот, кој превезувал две деца, не го забележал запирањето на сообраќајот и се судрил со неколку возила. Девет возила беа оштетени, вклучувајќи два минибуса што превезуваа 11 деца со големи потреби за поддршка и осум старатели. Автопатот беше затворен повеќе од пет часа Автопатот кон Берлин беше затворен околу пет и пол часа додека службите за итни случаи пружија помош и ги отстранија возилата од местото на несреќата. Полицијата ја процени штетата на околу 350 илјади евра. Сообраќајниот метеж беше предизвикан од претходна несреќа во која беше вклучена превртена приколка за коњи, соопшти полицијата. Автопатот беше затворен во двата правци по таа несреќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47