Нисан постави нов рекорд во производството во Америка - Канал 5

Нисан постави нов рекорд во производството во Америка

Нисан постави нов производствен рекорд со 700.000 теренски возила „Мурано“ произведени во Соединетите Американски Држави.

Нисан постави нов рекорд во производството во Америка

Вкупниот број го вклучува производството во фабриката во Кантон, Мисисипи, каде што возилото се произведуваше од 2014 до 2020 година, и сегашната фабрика во Смирна, Тенеси.

„Оваа пресвртница е директен одраз на гордоста што нашиот тим ја вложува во секое возило што го произведува“, рече Брајан Крокет, потпретседател за производство во фабриката на Нисан во Смирна. „Зад секои 700.000 „Мурано“ стојат луѓе кои ги внесуваат своите вештини, посветеност и внимание кон деталите во работата секој ден.“

Фабриката во Смирна произведува повеќе од 6.700 „Мурано“ месечно. Моделот се произведува исклучиво во САД и неодамна влезе во Топ 100 во индексот „Американ-Мејд“ на Cars.com, водечка годишна ранг-листа на возила што најмногу придонесуваат за американската економија врз основа на податоци за производство, набавки и вработување.

Првата генерација на Murano (од 2003 година) всушност беше многу добро прифатена на глобално ниво, меѓутоа, со новите генерации, успехот во Европа згасна, па денес не е дел од понудата на европските дилери, објавува „AutoBlog“.

Герасимовски: Досега 1360 пензионери од Општина Центар аплицирале за еднократната помош од 2.500 денари

За помалку од една недела, 1360 пензионери од Центар се пријавиле за еднократна парична помош од 2.500 денари.

Герасимовски: Досега 1360 пензионери од Општина Центар аплицирале за еднократната помош од 2.500 денари

„Пријавувањето е во тек. Интересот е навистина голем. Пензионерите најчесто ги користат утринските часови за да се пријават, а бројот на поднесени барања секојдневно расте. Ова е јасен показател дека ваквата мерка навистина им значи на нашите повозрасни граѓани”, посочи градоначалникот Горан Герасимовски.

Право на оваа помош имаат сите пензионери, жители на Општина Центар, кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија во месечен износ до 26.157 денари.

Потребни документи за аплицирање: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, потврда за последната примена пензија (чек или потврда од банка за мај или јуни), а за социјална пензија потребна е потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.

Барањата се поднесуваат во Општина Центар , барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Формуларот за пријава може да се преземе и од веб-страницата на општината.

Повикот е отворен до 18 јули или до исцрпување на предвидените средства.

Исплатата на средствата ќе се реализира во текот на летото.

Општина Центар

Женски излегувања без мажи ги освојуваат клубовите во Австралија: Настани за кои се бара билет повеќе

Две најдобри пријателки од Перт, Австралија, предизвикаа вистински бум во ноќниот живот со организирање на ексклузивни поп-ап настани наменети исклучиво за жени.

Женски излегувања без мажи ги освојуваат клубовите во Австралија: Настани за кои се бара билет повеќе

Нивниот проект „The Blackout Room“ веќе стана еден од најбараните настани во градот – без мажи, само за девојки кои сакаат да се забавуваат без притисок.

Адел Казинс (42) и Шејрис Содерберг (37), и двете мајки со полн работен ангажман, успеале да создадат безбеден простор за жените кои сакаат да се забавуваат без непосакувани ситуации, флерт или непријатности.

Настаните се одржуваат во хотелот „Абердин“ и билетите се продаваат по цена од 29 австралиски долари, со бесплатен шот на влез. Иако почнале како малку поинаква идеја, денес настаните се распродадени со над 300 присутни.

– На 42 години, не се чувствував веќе добредојдена во клубовите, а сè уште сакав да танцувам. Само не сакав да се справувам со погрешни погледи или да ме вознемируваат – изјави Адел.

Организаторките велат дека нивната публика најчесто е меѓу 30 и 40 години, но присуствуваат жени од сите возрасти – па дури и млади кои сакаат ова да биде нивно прво клубско искуство.

Иако настаните добиваат позитивни реакции од женската публика, на социјалните мрежи не изостануваат критики од мажи, од кои дел прашуваат „Кој ќе ги купува пијалаците?“. Адел на тоа одговара:

– Сакавме свој простор, и го создадовме. Никого не исклучуваме трајно, ова се само повремени настани. Мажите се слободни да си направат свој клуб.

Жените, пак, во коментарите велат дека конечно имаат простор каде што можат да танцуваат, да се чувствуваат слободно и безбедно.

Настанот се случува во време кога низ Австралија се водат дискусии и правни битки за потребата од женски простори – меѓу кои и уметничката изложба „Ladies Lounge“ во музејот Мона, која по правна постапка мораше да биде отворена и за мажи.

Иако предизвикува дебати, концептот на „женски излегувања“ продолжува да добива поддршка – и од жени, и од мажи кои велат дека на нивните партнерки конечно им е пријатно да излегуваат без грижа, пишуват австралски медиуми.

Куомо останува во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат

 Поранешниот гувернер на Њујорк, Ендру Куомо, изјави дека ќе остане во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат откако ги загуби прелиминарните избори на демократите од Зохран Мамдани, јавуваат американските медиуми.

Куомо останува во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат

Тој, во видео порака, навести дека ќе се соочи со демократскиот кандидат Мамдани, за кого рече дека „нуди паметни слогани, но нема вистински решенија“.

-Борбата за спасување на нашиот град не е завршена, рече Куомо, додавајќи дека „само 13 проценти од жителите на Њујорк гласаа на прелиминарните избори во јуни. Изборите се во ноември и јас ќе се кандидирам за победа“.

Актуелниот градоначалник Ерик Адамс, исто така, ќе се кандидира како независен кандидат, а републиканците како свој кандидат го номинираа Куртис Слива, основачот на грашанските патроли против криминалите на „Ангели чувари“ во 1970-тите, јавуваат американските медиуми.

притисни ентер