БалканНИС ќе може да работи до 23 јануари САД ја продолжија лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија до 23 јануари, а дотогаш би можеле да бидат завршени преговорите на Гаспром со унгарскиот МОЛ за купување на рускиот мнозински удел.Српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ објави на Инстаграм дека продолжувањето на лиценцата значи дека рафинеријата во Панчево, по 36 денови, ќе може да продолжи со работа. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе има изјава за РТС и ќе им соопшти на граѓаните подетални информации за одлуката на Вашингтон и важноста на лиценцата за работата за НИС. Хандановиќ изјави дека во 2026 година, најважно за српската енергетска индустрија е НИС повторно да работи, како и дека во преговорите за продажба на рускиот удел во НИС со сите потенцијални купувачи, ќе биде услов - работењето на Рафинеријата. Министерката во изјава за српски медиуми рече дека разговорите ќе продолжат со унгарски МОЛ, како потенцијален купувач. Откако OFAC ја одобри лиценцата за НИС до 23 јануари 2026 година, ЈАНАФ објави дека се целосно подготвени веднаш да обезбедат непречен транспорт и снабдување со нафта до рафинеријата во Панчево. Владата на Хрватска објави на X мрежата дека оваа одлука ќе овозможи понатамошно снабдување исклучиво со нафта што не е од руско потекло. Нафтената индустрија на Србија е во мнозинска сопственост на Русија. „Гаспромњефт“ има удел од 44,85 проценти, Србија има 29,87 проценти, а „JSC Интелиџенс“ 11,3 проценти (исто така припаѓа на групацијата „Гаспром“). Тагови: НИС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург 10:21Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаЗа седум месеци имало над 740.000 туристи, од нив 523.000 се странски Македонија го задржа трендот и годинава бележи пораст на бројот на странските туристи... Над 741 илјади туристи ја посетиле Македонија во првите седум месеци од годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемиот дел од нив, или повеќе од 523 илјади биле странски, чиј број е зголемен за 1,3% во однос на истиот период лани..Најбројни биле гостите од Турција, Германија, Србија, Романија и Албанија..Иако во однос на лани за 2% е зголемен и бројот на странски ноќевања во однос на минатата година, сепак еден странски турист во просек остварува помалку од две ноќевања во земјава. Туристичките водичи сметаат дека токму должината на престојот останува еден од клучните предизвици за домашниот туризам. И додека бројот на туристи во земјава расте, предизвикот останува ист. Како Македонија да не остане само попатна станица, туку место во кое што туристите ќе се задржуваат подолго и ќе најдат причина повторно да се вратат.. Природата, културното наследство и гостопримството се само дел од она што најмногу ги воодушевува странските туристи, вели претседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Димитар Кавранов. Но вели, позитивните впечатоци понекогаш остануваат во сенка да проблемите со хигиената и слабата инфрастуктура која води до најпосетуваните туристички дестинации во земјава. Токму овие проблеми се оние на кои надлежните институции треба да посветат повеќе внимание, смета Карванов. „ Вие ако сакате да стигнете на Матка во сабота или недела, тоа е мисија невозможна, затоа што таму има многу автобуси, па не може да се заврти, па дури не може ни да се стигне. И сега сето тоа го занемаруваме со останатите убавини коишто се секогаш пред нас. Во најголем случај си одат задоволни меѓутоа не исклучуваат да забележат дека има ѓубре, дека влезот на Старата скопска чаршија е руиниран долу на патосот и така натаму и така натаму. Во летно време кога ќе го пројдете Камениот мост тука мириса.. Ние го пишуваме тоа на разни места, го пријавуваме, меѓутоа дојдовме до сознание дека се додека за тие работи се грижат во институциите лојални, а не компетентни лица, се дотогаш ние ќе имаме глуви уши.“ Сепак, Кавранов вели дека Македонија е меѓу најповолните туристички дестинации во Европа, а нивните искуства покажуваат дека туристите цените ги оценуваат како пристапни..Особено позитивни впечатоци вели, оставаат домашната храна и вино, гастономски потенцијал кој според него државата треба многу повеќе да го искористи во промоцијата на Македонија како туристичка дестинација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаглавија платите во градинките: Администрацијата бара одговор за ветеното покачување од априлКаде заглави ветеното зголемување на платите за административците во градинките договорено во април? Административните работници во градинките никако да го добијат ветено зголемување на платите. Тие преку допис до медиумите побараа министерството за социјална политика и Сонк да се изјасната зошто нема зголемување на нивните плати иако на први април се објави дека е постигант договор платите да им се зголемуваат по 7% годишно во следните три години. Во псимото тие напишаа. „Административните работници се составен и неопходен дел од функционирањето на јавните детски градинки. Иако не работиме директно со децата во воспитно-образовниот процес, без нашата работа не може да се обезбеди нормално, организирано и законито функционирање на установите. Не бараме привилегии. Бараме еднаков, правичен и фер третман. Нашата работа има вредност. Нашиот труд заслужува почит и нашата работа заслужува соодветно вреднување.“ Првиот човек на Сонк Јаким Неделков за Канал 5 вели дека техничките детали околу колективниот договор се веќе усогласени и дека се чека финална согласнот од Министерството за финансии за да се потишат колективните договори. Заради доцнењето со исполнувањето на договореното зголемување на платите објаснува дека е договорено со министерствот за социјална политика зголемувањето за 2026 наместо 7% да биде по 8% како компензација и покачувањето наместо од март следнта година да започне да важи од јануари. И од Министерството за социјална политика потврдуваат дека договорот е постигнат и дека е составен нов колективен договор со измените кој на 9 ти сепетември е испратен во министерството за финансии за согласност. Инаку административните работници во градинките се меѓу последните кои добиваат зголемување на платите. Тие веќе неколку години наназад немаа згоелмуавње на платите како останатите администартивни работници во земјава заради што падна договор со новите колектвни договори да добијат дополнителни 7% зголемување во следните 3 години за да се приближат со платите на останатите административни работници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротестен марш во Скопје за поранешните водачи на ОВК кои беа осудени во ХагВо Скопје попладнево се одржува протестен марш по повод првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг против поранешните водачи на ОВК, кои беа осудени за воени злосторства.Маршот е најавен како натпартиски, но од владиниот коалиционен партнер ВЛЕН сметаат дека зад него стои ДУИ... Маршот го следи Афродита Рамос.. Афродита, како тече протестот и кој е сѐ присутен? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook