Нина, што ти стана? Нина Бадриќ со раскопчана кошула и без градник! (фото) - Канал 5

Нина, што ти стана? Нина Бадриќ со раскопчана кошула и без градник! (фото)

Нина Бадриќ плени со својот глас и стас, но и со непогрешливиот стил.

Нина, што ти стана? Нина Бадриќ со раскопчана кошула и без градник! (фото)

Сепак, таа малку ги изненади своите фанови со своето последно издание. За рекордно време таа доби илјадници „лајкови“, а коментарите само се редеа. Таа се појави во прилично смела, непогрешлива комбинација. На фотографијата што ја објави, таа носи црни панталони и бела елегантна кошула, врз која, како што се чини, префрлила одврзана тесна вратоврска.

Сепак, најголемо внимание привлече нејзината раскопчана кошулата, под која пејачката, како што се чини, не носи градник. Оваа комбинација пејачката ја надополнила со проѕирни салонки на висока потпетица. Нина е дискретно нашминкана во бронзена нијанса, а нејзината коса има боја на махагон. Некои луѓе се запрашаа дали и Нина му подлегнала на трендот на користење филтри за разубавување на фотографиите, бидејќи нејзиното лице делува „обработено“.

– Цел свет се трга од патот на човекот кој знае каде оди – напишала кратко Бадриќ во описот на објавата.

Покрај мноштвото коментари со пофалби, имаше и такви во кои луѓето забележале дека пејачката „открила“ повеќе од вообичаено, што не е својствено за неа.

Инаку, Бадриќ неодамна објави фотографија на која ретко кој би ја препознал.

На фотографијата, Нина носи качкет, бела маичка со пруги, црни хеланки, патики и долга црна јакна.

Пејачката неодамна откри дека со помош на специјална диета успеала да изгуби дури 20 килограми. Таа не внесува храна од животинско потекло, а на тоа ја инспирирал српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер разговараа во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат

Американските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер разговараа  во Киев за начините за завршување на војната во Украина. 

 Виткоф и Кушнер разговараа  во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат

Подоцна им се придружија и некои европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и советникот за национална безбедност на Велика Британија, Џонатан Пауел пренесува Би-Би-Си. Но според медиумот фундаменталните разлики остануваат. Американските претставници дојдоа брзо од Москва, каде што Владимир Путин им кажа дека Русија прави „опиплив напредок“ на бојното поле. Приказната што ја слушнаа од Украина беше поинаква, всушност спротивна. Украинските власти тврдат дека во август добиле повеќе територија отколку што изгубиле, а Русија претрпе 42.000 жртви, мртви или ранети. Путин, исто така, им кажа на американските претставници дека мора да се решат корените на конфликтот, неговите стратешки барања украина да отстапи територија, да се откаже од надежите за приклучување кон нато и да ја намали големината на својата армија.по разговорите, Зеленски инсистираше дека Украина ќе бара „силни и јасни“ безбедносни гаранции, вклучително и силна армија тој не даде никакви знаци дека е подготвен да се откаже од која било територија во источниот регион донбас, прашање што го опиша како „тешко“. Виткоф инсистираше дека е постигнат напредок и дека постојат состојки за спогодба. Но, тој призна дека обете страни ќе мора да направат компромиси за да ги намалат разликите меѓу нив. И во моментов, тешко е да се замисли дека која било од страните ќе го стори тоа. Значи, засега, очекувањето во киев е дека борбите ќе продолжат и дека ќе се соочат со тешка зима.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Најмалку пет лица загинаа денес кога товарен авион на Амазон излетал од пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во САД, удирајќи во неколку возила, соопштија официјални лица.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Неколку лица се однесени и во болници со непознати повреди, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Мајами-Дејд, пренесува „NBC“.

Според американската Федерална администрација за воздухопловство (FAA), повеќе од 60 пожарникари од округот Мајами-Дејд реагирале на местото на несреќата.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувнал по падот на Боингот 767-300, а надлежната служба потврди дека имало „повеќе повредени“ во овој инцидент, пренесе американската телевизиска станица.

Како што е додадено во соопштението на „FAA“, авионот продолжил да се движи надвор од пистата околу 14 часот по локално време, откако долетал во Флорида од Сан Хуан, Порторико.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 09.09.2026 година (среда) на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. 

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Прскањето ќе се одвива на водни површини.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер