Нимиц: Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот

Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот на фантазијата.

Во Атина почна дводневна меѓународна конференција по повод шест годишнината од Договорот од Преспа, со кој земјава го смени уставното име во Северна Македонија, и така се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји.

Конферецнијата е организирана од институтот Алексис Ципрас и фондацијата Зоран Заев, а присутни се актуелни и поранашни политичари и дипломати.

-До компромис е тешко да се дојде, но кога ќе дојдете до компромис, лесно е на другите луѓе од двете страни да кажат „ако бев јас таму ќе завршев подобра работа“ или „овој компромис повеќе и служи на другата страна“. Живееме во опасен период, живееме во реалниот свет, и во реалниот свет имаме договори, па луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат тие договори. Не можеме да живееме во светот на фантазијата, не можеме да живееме во виртуелен свет, изјави Нимиц.

Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против екс министерот Спасовски

Синдикатот на полицијата во Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Синдикатот на полицијата во Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и против актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Надлежните бараат решение, по зголемениот број на пријави за змии во државата

Во Македонија нема лиценцирани заловувачи на змии, и решавањето на проблемот со овие влекачи, останува на добрата волја на неколкумина вработени од Зоолошката градина од Скопје и пожарникарите.

Поради тоа, ЦУК заедно со повеќе институции, во наредниот период ќе работи на системско решение за да нема зачестено појавување на змии, особено во градските средини.

Првиот човек на Центарот, Стојанче Ангелов упати смирувачки пораки до граѓаните во врска со змиите, кои во неколку наврати беа забележани низ градските подрачја.

Ангелов ги повика и дел од општините да придонесат надминување на проблемот со нивните капацитети.

Дел од општините пак спроведуваат акции за заштита од влекачите. Од Општина Карпош информираа дека продолжиле со поставувањето на „репелент“, средство против змиите, во близина на детските игралишта и околните училишта.

Пред две недели холандски турист беше каснат од змија во Охрид, и со противотров спасен во дебарската болница. Првите случаи во Скопје пак беа регистрирани минатата недела - едниот во центар за обука во Идризово, додека пак другиот во близина на кафеана покрај Вардар.

Поднесена кривична пријава против Самка Ибраимовски за закани и кон судија на Уставниот суд

Претседателот на ПЦЕР - Самка Ибраимовски доби кривична пријава од МВР – за закани и повици за насилство врз уставен судија – случај кој го пријави претседателот на судот – Дарко Костадиновски пред два дена.

Соопштението на својот фб профил го пренесе и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој порача дека МВР и во иднина остро ќе реагира против било какви закани, особено против членови на највисокиот суд во Македонија.

-Денеска (26.06.2024) Секторот за компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С. И. (69) за сторено кривично дело ‘Загрозување на сигурноста’ чл.144 ст.5 предвидено и казниво според Кривичниот законик. Пријавениот С. И. на својот фејсбук профил упатил сериозни закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд,- -МВР.

Самка Ибраимовски на вчерашната прес-конференција во Тетово, самиот споменувајќи ја судијката Ана Павлова Данева, негираше дека упатувал закани, туку пренесувал реакции испратени од негови следбеници на неговиот профил по однос на законот за извршители.

-Ништо посебно, ниту закани сум имал кон судиите, а пред се, Ана Павлова Данева, како моја колешка и добро ме познава, како тетовчанка по потекло, барем требаше да има почит кон мене, кон мојата функција, лидер на една политичка партија, како еден колега кој бил со неа пратеник, да се јави на телефон и да праша, Самка што е ова што се пишува, дали има нешто вистина. Јас лично не сум се заканил ниту на Ана Павлова Данева, ниту на претседателот на судот,- - Самка Ибраимовски – Претседател на ПЦЕР.

Пријавата против Ибраимовски доаѓа по неговите критики за работата на уставните судии, воедно и работата на претседателот Костадиновски во однос на иницијативата за повторно преиспитување на законот за извршители со кој се менува времетрањето на застареност на долговите на лицата кон истите. Уставниот суд пред неколку дена одличи да поведе постапка и да донесе времена мерка за ивршување на оспорените законски одредби.

притисни ентер