Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар
1Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар
ЖивотНилски коњ проголтал човек, а потоа два пати го исплукал: Наеднаш стана темно и тивко (ВИДЕО)Британецот Пол Темплер имал 28 години и бил туристички водич во Зимбабве додека еден ден немал „лош ден“ на работа.Тој 9 март 1996 година, дознал дека колегата што води сафари со кану по реката Замбези има маларија, а Темлер се согласил да ја преземе неговата група од десетина луѓе поделени во кајаци. При спуштањето по Замбези на безбедно растојание поминале покрај десетици нилски коњи, жители на четвртата по големина африканска река, но се случил непланиран инцидент што едно кану се одвоило од групата и се приближило до опасното животно. Воденото чудовиште ги катапултирало кануто и туристот, поради што настанал хаос во реката. Струјата го однела во устата на мајката нилски коњ. - Знаев дека морам брзо да го извлечам... Веслав кон него, полека приближувајќи се, кога здогледав огромен страничен бран како доаѓа кон мене. Ако некогаш сте гледале стари филмови каде што торпедо се приближува до брод, тоа би било така. Знаев дека е или нилски коњ или огромен крокодил - се присетил Темплер за CNN Travel. Тој додава дека во моментот кога му ја подал раката на човекот во реката, избила водата меѓу нив и настанала темнина. Следувал кошмар. - Мојот свет стана мрачен и невообичаено тивок. Ја чувствував водата од половината надолу. Можев да се чувствувам како се наежувам дури и во реката. Од половината нагоре беше поинаку. Беше топло. Не беше толку влажно како да сум во река, но не беше ниту суво. Чувствував страшен притисок на долниот дел на грбот. Се обидов да се свртам, но не успеав - изјави Британецот. Тој додава дека му биле потребни неколку секунди за да разбере каде се наоѓа и што му се случило. - Сфатив дека сум до половината во устата на нилски коњ - рекол Темплер. Имајќи на ум дека нилскиот коњ може да порасне до пет метри во должина и да тежи до четири тони, не е чудно што возрасен човек може да се смести во неговата уста и грло. Може да ја отвори устата под агол до 150 степени, а најстрашни се забите чии остри врвови можат да бидат долги и до половина метар. Каснувањето на нилски коњ е три пати посилно од каснувањето на лавот, така што водното чудовиште може да го преполови човечкото тело со едно движење. Пол пропаднал во грлото на нилскиот коњ, но животното го исплукало, по што Пол продолжил да плива. Додека се обидувал да доплива до човекот што тргнал да го спасува, повторно го почувствувал притисокот. Овој пат неговите нозе биле заробени во устата на нилскиот коњ, а рацете му биле слободни, па вторпат бил исплукан. Нилскиот коњ излегол од водата и го фатил странично, нуркајќи одвреме-навреме за да ја онеспособи својата жртва. Овој пат Темплер немало да преживее доколку не се појавел еден од водичите во кануто и не успеал да го спаси ризикувајќи го сопствениот живот. Имал повеќе повреди на рацете и нозете и дупнато белодробно крило. Во следните неколку месеци следеле неколку сериозни операции, а лекарите во еден момент не биле сигурни дека ќе можат да му ги спасат рацете и нозете. Меѓутоа, едната рака морала да му биде ампутирана. Телото на човекот кој што се обидувал да го спаси било пронајдено три дена подоцна. Тој немал траги од напад на животно врз него, па се верува дека се удавил. По сѐ што му се случило, овој поранешен водич за сафари вели дека нилските коњи не се премногу опасни за луѓето - ако ги оставите сами, нема да ве допрат. - Нилските коњи не ловат луѓе. Не им приоѓајте. Тие не сакаат да ги вознемируваат, а по природа не се предатори. Не им приоѓајте на нивните патеки, а ако навистина сакате да ги видите, земете двоглед. Кога водичот ќе ви каже да останете во возилото - останете во возилото - објаснил водичот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај БланарПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. Сиљановска-Давкова ја акцентираше важноста на континуираната словачка поддршка на македонскиот пат кон Европската Унија, нагласувајќи дека пристапниот процес треба да биде кредибилен, предвидлив и заснован врз заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми. За неа, постепената интеграција и пристапот до единствениот европски пазар, европските фондови и заедничките програми, води кон приближување кон ЕУ, но не може да биде замена за полноправното членство. Таа изрази подготвеност за сестран дијалог со Република Бугарија, во духот на европските принципи и вредности, гарантирани во основачките документи. Министерот Бланар ја реафирмираше словачката заинтересираност и посветеност на евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и нашата. Тој силно го поддржа македонско-бугарскиот дијалог, како единствен начин за надминување на проблемите. Како многупати досега, министерот нагласи дека Словачка е против било какви двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ. Соговорниците ги истакнаа блиските јазични и културни врски меѓу двете земји, втемелени во делото на сесловенските браќа Кирил и Методиј. Претседателката изрази длабока благодарност за објавувањето на првиот учебник за изучување на македонскиот јазик за словачките говорители и отворањето на првиот лекторат по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Нитра, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСопственикот на „Пинк“ најави откази- ќе отпушти околу 1.000 вработени Сопственикот на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ, објави дека ќе отпушти околу илјада вработени во неговите компании. Одлуката дојде откако, според неговата објава на социјалните мрежи, 150 луѓе во театарот Одеон веќе ги загубија своите работни места, пишува Нова.рс. „Еден од најтешките денови во мојот живот, полн со емоции, љубов, топлина и разбирање. Ги распуштив сите ансамбли во театарот Одеон, 150 луѓе ги загубија своите работни места. Во целиот систем, ќе морам да отпуштам околу илјада луѓе, поточно од десетина компании кои сè уште не стапнале на „зелената гранка“. Се гледаме, драги пријатели, во подобри времиња! Вашиот Жекс ве сака“, напиша Митровиќ. Најава за затворање по само една година Театар Одеон беше отворен во септември 2024 година во центарот на Белград, во просторот на поранешното кино што Митровиќ претходно го купи. Митровиќ првпат објави распуштање на театарот и отпуштања во Пинк на крајот на 2025 година, малку повеќе од една година по отворањето.Тагови: Пинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСе урна хеликоптер на ЕУФОР во БиХ- загинаа три лица, 12 се повредени (ВИДЕО)Воен хеликоптер се урна во градот Горице во близина на Брчко.Како што може да се види на фотографиите, хеликоптерот е целосно уништен, а неофицијално, дознаваме дека три лица загинале. Полицијата на округот Брчко (ПБД), како и противпожарни и екипи на брза помош, веднаш пристигнале на местото на падот на хеликоптерот. Пошироката област била веднаш обезбедена. Три лица загинаа, а 12 се повредени во пад на хеликоптер во градот Горице во близина на Брчко, потврди Klix.ba. Според директорот на Институтот за јавно здравје на Брчко, Јасмин Механовиќ, еден од повредените е во критична состојба и најверојатно ќе биде префрлен во Универзитетскиот клинички центар Тузла. Екипи од полицијата на округот Брчко, пожарникари и служби за итни случаи веднаш беа испратени на местото на несреќата. Пошироката област околу местото на падот на хеликоптерот е обезбедена. „ЕУФОР може да потврди дека денес, за време на рутинска операција во областа Брчко, се случи несреќа во која се урна еден од нивните авиони“, објави мисијата. Во соопштението се наведува и дека во инцидентот не е оштетена цивилна инфраструктура, имот или возила, како и дека нема повредени цивили. ЕУФОР, исто така, ги повика граѓаните да не шират непроверени информации за несреќата и да добиваат информации исклучиво преку официјални канали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11