Никовски: Зошто на Македонија и беа ултимативно поставени уставните измени?

„Не верувам дека ќе има нови избори“

Во клучните надворешно-политички работи треба да има став на Влада и претседателот да е инволвиран, но министерот е тој што дава предлог, Владата е таа што дискутира и одлучува и го дава мислењето на Претседателот, а тој треба да одлучи. Криминал секогаш имаше, но промените во СДСМ која беше државотворна партија, нивната промена дојде кога тие видоа дека може да дојдат власт ако капитулираат и така го потпишаа договорот од Нивици и со Бугарија. Она што го направија изминатите 6-7 години е историска катастрофа, а партијата треба да нестане од политичката сцена. Не верувам дека ќе има нови избори. Зошто на Македонија и беа ултимативно поставени уставните измени, тоа не за џабе и секогаш има нешто. Политиката продолжува со ракетна улога на промена на уставот и тоа значи да внесеме тројански бугарски и да ја рушиме државата од внатре. Ако може малиот со 15 пратеници да диктира и уценува, дека или има или нема Влада, треба да им се каже „господо нема да влезете во Влада“ Ристо Никовски во Само Вистина.

Четворица американски полицајци убиени при апсење осуден криминалец во Шарлот

Четворица полицајци се убиени, а четворица се ранети во престрелка во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина.

Началникот на полицијата во шарлот рече дека тројцата убиени полицајци се членови на американската оперативна група за бегалци, која ја сочинуваат полицајци од различни агенции.

Полицајците биле застрелани додека се обиделе да приведат осуден криминалец кој бил забарикадиран во куќа. Престрелката траела три часа, а еден од осомничените бил пронајден мртов во дворот. Уште две лица се осомничени за нападот, кој се смета за еден од најсмртоносните врз американската полиција во последните децении..

Камениот мост во Скопје целосно запуштен од институциите

Камениот мост – наместо симбол на Скопје, тоне во агонија. 

Поранешниот грациозен поглед, сега е обраснат со гранки и секаква вегетација. Сводовите се посебна приказна, несовесните и натаму си ги користат како тоалети од каде се шири непријатна миризба, засилена од топлото време, некои ја изразуваат и својата „уметност“ на нив, а од страната на „чаршијата“ се користат и како паркинзи.

На целиот поразителен амбиент се додава и „живата музика“ што е распространета по Камениот мост, па чувството е повеќе како да пешачите во некоја земја од третиот свет, наместо среде Европа во Скопје.

Барем попладнево, најмногу од оние кои го преминаа Вардар преку овој мост беа туристи кои велат, дека ваквите објекти во нивните држави се третираат како светост.

Скопјани велат дека ваквата ситуација покажува и на негрижата на иснтитуциите, но и на несовесноста на граѓаните.

Се изгуби и вечерната магија на камени мост која ја даваше осветлувањето, бидејќи голем дел од светилките не работат. Град Скопје распиша и тендер за илуминација, но истиот заглави во институциите.

Од конзерваторскиот центар велат дека не може да се дозволи секој да работи на објект од толку големо значење, а избраната фирма, не поседува проектант со законски определената лиценца.

Што се однесува до грижата и состојбата на Камени мост, од конзерваторски велат имаат ингеренции само да направат увид и да ги известат надлежните инспектори, уверуваат, дека состјбата е единствено во надлежност на градот.

Одговор на прашањата побаравме и од Град Скопје, најавија одговори кои не пристигнаа до подготовката на прилогот.

Франција ги претстави предлозите за намалување на тензиите меѓу Израел и Хезболах

Во изминатите шест месеци, напоредно со војната во Појасот Газа, Израел и либанскиот Хезболах секојдневно разменуваа оган од двете страни на границата.

Француските власти денеска им презентираа предлози на либанските власти со цел да се намалат тензиите меѓу Израел и проиранската милитантна група Хезболах, изјави францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне, додавајќи дека официјален Париз се обидува да посредува меѓу конфликтните страни.

„Имавме неколку предлози до либанската страна. Имаме околу 20.000 Французи во Либан за кои војната во 2006 година беше особено драматична, меѓу другото, и затоа соработуваме со Либан“, рече Сежурне во пресрет на состанокот во Ерусалим со израелскиот министерот за надворешни работи Израел Кац.

Сежурне рече дека основата на францускиот предлог е да се обезбеди спроведување на резолуцијата 1701 на ОН. Хезболах рече дека нема да влезе во конкретни разговори додека не дојде до прекин на огнот во Појасот Газа, каде што војната меѓу Израел и Хамас влезе во седмиот месец.

Во изминатите шест месеци, напоредно со војната во Појасот Газа, Израел и либанскиот Хезболах секојдневно разменуваа оган од двете страни на границата. /МИА

притисни ентер