50 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работа
150 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работа
3Од 1 септември почнува да сообраќа градски воз од Зелеинково до Скопје, за почеток ќе сообраќаат два воза
2Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје
МакедонијаНиколовски: Заев има два начини да се усогласи со нас за предвремени избори со добро или со масовни протести За власта во Собрание да ги добие гласовите на ВМРО ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство, ќе мора да распише предвремени парламентарни избори.Во спротивно опозициската партија ќе повика на протести – ова го најави потпретседателот на опозициската партија во интервју за Канал 5. За разлика од него, премиерот е оптимист дека набрзо ќе постигнат договор за иднината на јавното обвинителство преку работните групи. Избори, вели, сега не се потребни. Клучната разлика меѓу власта и опозицијата се истрагите отворени по рокот, односно 30 јуни 2017 година. Нивните предлози се разликуваат и по тоа кој да има надлежност за предметите – според ВМРО ДПМНЕ, треба да одлучува државниот јавен обвинител, додека пак власта предлага на нив да продолжат да работат јавните обвинители од СЈО. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
МакедонијаБожиновска: Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во енергетиката и инвестициитеСања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Македонија – Турција.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел унапредување на економските односи, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестициски иницијативи. На форумот учествуваше висока македонска владина делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во чиј состав се и ресорни министри од економската, енергетската и инфраструктурната област. Во рамки на форумот, министерката Божиновска говореше на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде ги претстави можностите што ги нуди Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на Македонско-турскиот бизнис форум во Истанбул, оствари билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат. На средбата беше потврдена заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете пријателски земји, со посебен акцент на енергетиката, рударството, минералните суровини и привлекувањето нови инвестиции. Средбата претставува уште еден значаен чекор во зајакнувањето на македонско-турските односи и потврда на заедничката определба за продлабочување на економската соработка, привлекување инвестиции и создавање нови можности за одржлив развој и просперитет на двете земји. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија50 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работаОколу 50 вработени во Клиниката за детски болести денеска протестираа пред Министерството за здравство, незадоволни што веќе шест месеци работат без плата и сè уште немаат продолжени договори за работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеДали роботската хирургија ќе стане дел од македонското јавно здравство?Скалпел во рака на робот наместо кај хирургот.Лекарот не е врз пациентот во операциона сала туку на страна, седи и управува со роботските раце кои нудат милиметарска прецизност, помалку болка и побрзо закрепнување на пациентите. Вака изгледаат првите операции на Урологија со роботика или роботска асистенција извршени врз четворица пациенти над 60 годишна возраст на кои им е отстранет карцином на простата. Сите се добри и наместо подолго време време да лежат во болница за неколку дена ќе бидат пуштени дома, вели д-р Башким Шабани, Директор на Урологија кој учествувал во операциите. Применети се две методи на оперирање со робот апаратот, вели Директорот Шабани, и планот е во иднина да продолжи едукацијата за работа со овој апарат на робот кој не оперира туку асистира и е од Кина и чини околу 1,8 милиони евра. Засега овој апарат е во Македонија но не е набавен, роботот е донесен привремено. Во четирите операции под менторство на проф. Гу Ди освен Директорот д-р Шабани како научен соработник, во робот асистираните операции вклучени се и проф. д-р Огнен Ивановски, доцент д-р Александар Трифуновски и д-р Оливер Станков како научен соработник. Тагови: хирург Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter