МакедонијаНиколовски: За 18 проценти зголемена транспарентноста на институциите во однос на 2016 годинаОпштините, министерствата и Владата стануваат транспарентни институции. За 18 проценти е зголемена нивната активна транспарентност споредено со 2016 година, односно нивната транспарентност изнесува 63 отстоа, а 2016,била 45 проценти.Ова денеска на прес-конференција го истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на која ги презентираше најновите податоци на извештајот за Индекс на активна транспарентност 2021 година на Центарот за граѓански комуникации. -Дури 62 од вкупно опфатените 98 институции ја подобриле својата активна транспарентност во 2021 година во однос на 2016 година. Ако во 2016 година само 24 институции биле во категоријата „многу добра" и „добра" транспарентност, оваа година дури 62 институции се во овие две категории. Особено се забележува подобрување на транспарентноста кај министерствата. Во 2016 година само едно министерство било во категориите „многу добра" и „добра" транспарентност. Оваа година дури 12 министерства ја подобриле транспарентноста и се искачиле токму во овие две категории, информираше Николовски. Во делот на транспарентноста на општините, според Извештајот, општина Карпош има 100 проценти активна транспарентност, а подобрување е забележано кај 51 општина. Значително подобрување е регистрирано кај општина Валандово, којашто во 2016 година од категоријата „многу лоша транспарентност" со 17,9 проценти, годинава со 94,3 отсто е во групата на општини со „многу добра транспарентност". Слично е и кај општина Кавадарци, која од категоријата „слаба транспарентност" во 2016 година со 38,8 проценти, годинава со 80,6 отсто е рангирана како општина со „многу добра активна транспарентност". -Активната транспарентност е особено важна за општините, како места каде што граѓаните секојдневно се обраќаат за услуги што им се потребни. Затоа и информациите што ги објавуваат треба да бидат јавни и достапни, бидејќи граѓаните имаат право да знаат, како и за што локалната самоуправа ги троши народните пари, порача вицепремиерот за борба против корупцијата. Индексот, според Николовски, бележи подобрување кај транспарентноста на министерствата. Од 16 министерства и Владата, кај дури 13 и кај Владата, е регистриран пораст на исполнетоста на обврските од активната транспарентност. Владата од категорија просечна транспарентност во 2016 година со 25 отсто, оваа година се искачи на 93,5 проценти, и е во категорија на „многу добра транспаренстнот". Министерство за одбрана со 100 проценти, годинава е прво на листата на институции за активна транспарентност, за разлика од 2016, кога со 47,6 проценти беше во групата на институции со „просечна транспарентност". Во однос на 2016, МВР и министерствата за финансии и здравство бележат раст на активна транспарентност, односно од категоријата на „просечна транспарентност" или „слаба транспарентност" сега се рангирана како институции со „многу добра транспарентност". Вицепремиерот Николовски нагласи дека владините политики даваат позитивни резултати и дека за тоа покажуваат и други извештаи за меѓународни рангирања меѓу кои и извештајот на Европската комисија за 2020 година, каде беше нотирано дека Северна Македонија со усвојувањето на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија 2019-2021 година, е првата земја во регионот што ја направи транспарентноста своја политика. Прашан за обвинувањата на опозицијата дека биле најкоруптивна Влада, Николовски рече дека бројките доволно говорат. -Во 2016 година Владата на ВМРО-ДПМНЕ со транспарентност од 25 проценти и Влада предводена од Зоран Заев 2021 година со 95,7 отсто транспарентност. Граѓаните треба да знаат, да бидат информирани и да знаат дали некој троши службени пари за одела, забави, скапи хотели…она што се случуваше до 2016 година што го потврдуваше расипништвито на министрите и директорите. Денеска имаме отчетност и транспарентност, граѓаните можат да го видат секој налог што се потпишува, истакна вицепремиерот Николовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ФудбалМодриќ: Ќе играм додека чувствувам страст Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот. Дерби и амбиции за титулата По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот. „Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ. Продолжување на договорот и планови за иднината Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина. „Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветВооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајциГватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди. Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал. Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити. Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада. Тагови: Гватемала напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 15 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook