Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
1Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
2Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
МакедонијаНиколовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива ПаланкаСлободата, еднаквоста и прогресивноста се основни вредности на СДСМ, порача пратеникот Љупчо Николовски од Крива Паланка, на почетокот на караванот „Мугри на слободата“.„Од Крива Паланка пак ќе тргне победата. Како што во 2010 освоивме десетпати подобар резултат, така и денеска ќе се исправи грешката од 8 мај. И на локалните и на парламентарните избори“, порача Николовски, истакнувајќи дека оваа општина ќе биде симбол на промени. Оваа Влада, додаде тој, ја замени европската перспектива со националистичка хистерија. Наместо визија – ширење на омраза. Наместо отворени кластери и ЕУ грантови – нови долгови. Наместо неповратни средства од ИПА фондовите – кредити со камати. „Наместо да сме како Албанија, која отвора кластери со ЕУ, нашата власт ги задолжи идните генерации со кредити од држави, а не од меѓународни институции. Ние бевме лидери во ИПАРД – тие сега ни ја укинуваат целата перспектива“, рече Николовски. Тој рече дека дека борбата за слобода не почнала вчера ид ека продолжува. „Се боревме со протести, со бомби, со маршеви. И ќе продолжиме да се бориме. Без систем и без ЕУ – ништо нема да се смени. А тие што велат дека ќе градат систем, не направија ништо освен што го оставија Кочани без државна поддршка“, истакна Николовски. Тој остро ја нападна владата и за маргинализирањето на Крива Паланка: „Го бришат градот од сите капитални програми, не постои министер што ја посетил општината. Тие не само што немаат план, туку немаат ни доблест да се појават меѓу луѓето.“ - рече Николовски. Николовски заклучи дека СДСМ останува единствената државотворна партија, со визија и искуство да ја врати Македонија на вистинскиот пат. „Сега е моментот да се исправат неправдите. Победата ќе биде на сите граѓани што веруваат во работа, правда и иднина.“ - заврши тој, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеОд јануари догодина Здравствениот дом во Делчево добива мамограф Од јануари догодина Здравстевниот дом во Делчево ќе добие мамограф, со што пациентките нема да мора повеќе за овој преглед да патуваат до Кочани. Ова го најави министерот за здравство Сашо Клековски при денешната посета во Делчево, при што најави и дека итната медицинска помош во оваа општина ќе добие две нови амбулантни возила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравјеСпецијализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед.Специјализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед и консултативен преглед со претходно изготвени ПСА резултати со уролог специјалист кој доаѓа од ГОБ 8 Септември. Лани во рамките на ваквиот преглед биле навреме откриени 3 карцинома на простата кој за среќа биле во почетна фаза заради што укажуваат дека за оваа болест секој ден порано е значаен. Превентивата е иднината на медицината ососбено за ракот на простата кој е 4 по смртност во светски рамки а кој најчесто нема симптоми додека не дојде во крајна фаза. Ноември е месецот на машкото здравје но тоа не значи само да се пуштат бркови туку да се појде на превентивен преглед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВласта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ Нови задолжувања или враќање на старите долгови од претходната влада- премиерот Мицкоски и лидерот на СДСМ Филипче со меѓусебни обвинувања кој е виновен за парите кои допрва треба да се враќаат. Според Мицкоски владата има добар економски план кој досега се покажал како успешен, како што вели, и покрај последиците од политиките на владата на СДСМ по која требало да се отплатат долгови од 5 милијарди евра во следните две години. За критките од опозицијата за лоши резултати во капиталните инвестиции, премиерот одговори дека досега за годинава има реализација од 70 проценти. „ Со несмалена динамика продолжуваме и следната година. Она кое треба да го знаат граѓаните е дека за 2027 и 2028 година, за да ги платиме каматите на заемите на претходната влада, истите да ги рефинансираме, да ги рефинансираме домашните заеми, да го рефинансираме буџетскиот дефицит којшто генерално е содржан во рамките на капиталните инвестиции, ни се потребни околу 5 милијарди евра, толку пари треба да обезбедиме за следните две години. Со толку практично тие ги задолжиле неродените генерации. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Наспроти Мицкоски, претседателот на СДСМ Филипче вели дека долговите не се стари туку креирани од актуелната влада. Со предлог-буџетот за 2027 година нема да има капитални проекти и повисоки плати, ниту повеќе пари за здравството, образованието и земјоделството, изјави Филипче. -На целата таа лоша економска политика, лоша структура на буџетот, дополнителните лаги на премиерот е дека се задолжува да враќа стари долгови. Чиста лага... Ако навистина се задолжуваше државата да ги врати старите долгови, тогаш вкупниот долг немаше да расте, а порасна од 8,5, па 11 а ќе биде 12 милијарди евра. Најголем историски долг во историјата на државата. Христијан Мицкоски при репрограмирањето, враќањето на старите долгови, се задолжува дупло – еден дел за стари долгови, уште толку за нивни проекти коишто не се капитални туку за трошење пари,- Венко Филипче - претседател на СДСМ. Со предлог-буџетот за следната година се предвидени вкупни приходи од 6,43 милијарди евра, расходи 7,16 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари или 3,5 отсто од БДП. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook