МакедонијаНиколовски – Варнс: За кратко време испорачани извонредни резултати од Царинската управа Царинската управа има значајна улога во спроведување на реформската агенда до полноправно членство во ЕУ, при што за кратко време веќе се видливи резултатите кои се извонредни. Ова е заедничкиот заклучок од денешната средба на заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс и директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. - Извонредните резултати што ги постигнавте за кратко време се значително сведоштво за исклучителната работа на Царинската управа. Вие имате значајна улога во одржување на безбедноста и подобрување на економската состојба како значаен аспект во привлекување странски директни инвестиции. Следните 18 месеци ќе бидат клучни во спроведување на реформската агенда до полноправното членство во ЕУ, каде Царинската управа има значајна улога, но и ќе биде под голем притисок за испорачување на резултати во делот на економијата, безбедноста, но истовремено и во борбата со корупцијата. Веќе се гледа вашиот метод на тимски резултати и зголемена соработка на национално и меѓународно ниво при што целосно ја имате нашата поддршка во исполнување на стратешките цели, рече Варнс. Николовски изрази благодарност до Соединетите Американски Држави за континуираната поддршка изразувајќи задоволство од укажаната чест за втора официјална посета на амбасадата на САД за кратко време, како потврда за одличната соработка. На средбата стана збор за трговската размена, како и за резултатите на Царинската управа во делот на сузбивање на криминалот и корупцијата, прибирање на приходи во Буџетот и инвестициите и мерките што ги реализира управата со цел забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ. На оперативно ниво ги зајакнавме контролите што ни овозможи вистинска и реална наплата на приходи, како и значителен напредок во делот на сузбивање на организираниот криминал. Од почетокот на годинава заклучно април Царинската управа наплати приходи во износ од 41,2 милијарди денари што е за 4,1 процент или 1,6 милијарди денари повеќе од истиот период минатата година. Во овој период остварени се 173 случаи на заплени или за 84 проценти повеќе од истиот период минатата година кога биле остварени 94 случаи на заплени. Откривме сериозни криминални мрежи, при што до Основното јавно обвинителство и до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги заклучно со април поднесе 72 кривични пријави против 39 правни и 138 физички лица, истакна директорот Николовски и потенцира дека Царинската управа веќе е препознаена како институција која испорачува тимски резултати и дека на овој начин ќе се работи и во иднина, сè со цел испорака на уште подобри резултати.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКим Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон Американската старлета Ким Кардашијан уште еднаш ја искористи можноста да ги покаже своите бујни облини на еден настан, привлекувајќи ги погледите на љубопитните набљудувачи. Вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот. Присутни беа неколку познати убавици, кои го збогатија настанот со своите внимателно одбрани модни комбинации. Меѓу истакнатите дами беше и Ким Кардашијан, ѕвездата од реалните шоуа дојде да му даде поддршка на своето момче седумкратниот свтески шампион во Ф1, Луис Хамилтон. За оваа прилика Ким одбрала две различни модни комбинации. Најпрво заблеска во црна кожна комбинација која ги истакна нејзините бујни облини и бујни гради, а потоа се пресоблече во посветла – но подеднакво впечатлива – облека. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..Холивудската ѕвезда, убавата актерка Џенифер Лоренс ги рангирала колегите со кои снимала романтични сцени, според тоа кој од нив се бакнува најдобро. Првото место му припадна на Џош Хачерсон иако во конкуренција биле и Лијам Хемсворт, Бредли Купер.... Американската актерка Џенифер Лоренс откри кој од нејзините холивудски колеги најдобро се бакнува, а нејзиниот редослед привлече големо внимание во јавноста. За време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ кај Енди Коен, актерката доби задача да ги рангира колегите со кои снимала романтични сцени. На листата се најдоа Лијам Хемсворт, Бредли Купер, Џош Хачерсон, Крис Прат и Тимоти Шаламе. Лоренс му го додели првото место на Џош Хачерсон, со кого глумеше во филмскиот серијал „Игри на гладта“. „Џош е најдобар, а потоа, па, Хемсворт, Купер, Шаламе, Прат“, изјави актерката. Интересно е тоа што Хачерсон беше присутен во студиото додека Лоренс го споделуваше своето мислење. Актерката зборуваше и за снимањето романтични сцени, нагласувајќи дека, во реалноста, таквите искуства немаат многу врска со романтиката. Присуството на голема филмска екипа, камери и напорниот работен ден создаваат атмосфера која е далеку од интимна. За неа е особено непријатно кога треба да снима сцени со бакнување со колеги кои ѝ се блиски пријатели, како што е Хачерсон.Тагови: џенифер лоренс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНашата генерација –Нашата Македонија, годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕПод мотото „Нашата генерација –Нашата Македонија во салата Расадник се одржа 35 годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ .Под мотото „Нашата генерација –Нашата Македонија во салата Расадник се одржа 35 годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ . Свои обраќања имаа претседателот на УМС Тодор Конески и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.Конференцијата ја следи Андијана Лазова Божиновска. Во видеото погледнете го целиот извештај. На денешната 35-та годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација-нашата Македонија“, која се одржува во салата „Расадник“ во општина Кисела Вода, свое обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски при што ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“ за интензивни посети на општинските комитети. „Затоа ние излегуваме меѓу граѓаните и сакам да објавам нова активност одовде, од оваа сала, дека од овој викенд, следниот и во сите наредни до крајот на годината членовите на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и јас лично, започнеме со интензивни посети на општинските и месните комитети на партијата. Ќе одиме од град во град, од населено место до населено место. Почнуваме кампања Очи в Очи за подобро“, истакна Мицкоски. Мицкоски посочи дека понекогаш најважните прашања не се поставуваат пред камера, туку тие се кажуваат тивко, на маса, меѓу луѓе што добро знаат колку е тешко, затоа што постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати. „Тие мора да се слушнат директно од луѓето. Токму затоа треба да разговараме очи в очи. Без однапред определен одговор и без барање сите да бидат и да мислат исто. Ќе зборуваме за она што е завршено со датум, доказ и резултат. За започнатото со јасна фаза, цена и рок. И за она што мора да се подобри со разбирање за луѓето кои веќе предолго чекаат. Не за да слушнеме само пофалби. Не за да ја повторуваме веќе познатата слика. Туку за да разговараме и за она што функционира, но и за она што не функционира“, појасни Мицкоски. Не ветуваме, додаде Мицкоски, дека еден разговор ќе реши сè, но секој сериозен разговор може да открие што недостига, кој е надлежен и што треба да се провери повторно. „Довербата не е нешто што еднаш се добива и засекогаш се задржува. Таа се проверува секој ден, во одлуките што секојдневно се носат, во ветувањата што се исполнуваат, во проблемите што се решаваат, но и во оние што предолго остануваат нерешени. Нема напредок без вистина за состојбите, нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери. Очи в очи за подобро и нема застанување. Од напролет на трибини меѓу целиот народ, од село во село, од град во град со народот заедно, рамо до рамо за подобра иднина, подобра иднина за младите“, порача Мицкоски од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. На првата работа на која се осврна Конески се студентските домови, кои беа наследени во многу лоши услови со искршени прозори и тоалети, бојлери кои со месеци не работат, влага по ѕидовите и соби во кои студентите наместо да учат, се бореле со студот и инсектите. „Тоа е минато! Студентскиот дом „Стив Наумов“ е целосно реновиран и денес 1.150 студенти живеат во услови достојни на европски студенти. По него следува „Кузман Јосифовски – Питу“, а тоа е само почеток. Планот ги опфаќа сите девет државни студентски домови, а за преостанатите седум се обезбедени околу 50 милиони евра. Ова не е проект за една година. Ова е одлука дека студентот во Македонија заслужува да живее достоинствено“, рече Конески. Конески истакна дека вториот проект и мерка за младите се грантовите за млади претприемачи, каде што преку јавниот повик за самовработување, невработените млади до 29 години со добра бизнис-идеја имаа можност да добијат финансиски средства. „Со години младите во Македонија слушаа дека ако сакаат да успеат, треба да си го бараат својот пат надвор. Ние велиме спротивно: ако сакаш да успееш, твоето место е тука во Македонија. Затоа оваа година, преку јавниот повик за самовработување, невработените млади до 29 години со добра бизнис-идеја имаа можност да добијат 10.000 евра неповратни средства за да го основаат својот бизнис. Тоа е порака од државата до младиот човек: веруваме во твоето знаење, веруваме во твојата идеја и веруваме дека иднината на Македонија е во твоите. Секој нов бизнис отворен од млад човек значи едно семејство помалку што ќе се раздели на аеродром, а едно ново работно место повеќе во нашите градови“, истакна Конески. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook