Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3

Нема откажување од европско земјоделство дома, лидери сме во реализацијата на ИПАРД 2 програмата во споредба со сите други земји заедно.

Нема откажување од европско земјоделство дома, лидери сме во реализацијата на ИПАРД 2 програмата во споредба со сите други земји заедно, однсно имаме поголем број на склучени договори од Србија, Црна Гора и Албанија заедно, изјави коносителот во ИЕ 3 на Коалицијата за европска иднина, Љупчо Николовски.

„Над 2.369 инвестиции се реализирани во последните пет години со поддршка на ИПАРД 2 програмата, тоа се над 60 милиони евра неповратни европски пари, искористени и вградени во македонското земјоделство“, истакна Николовски.

Први во регионот ја започнавме и реализацијата на ИПАРД 3 програмата, добивме за 63% поголем буџет. Лидерската позиција ја потврдивме и креираме нова успешна ИПАРД 3 приказна, модернизирајќи го македонското земјоделство.

„Во следните 4 години токму преку ИПАРД 3 ќе се инвестираат над 210 милиони евра во модернизација на македонското земјоделство, во нови фарми, во нови преработувачки капацитети, во развојот на руралниот туризам и во обнова на земјоделската механизација“, истакна Николовски

Наша цел е до 2028 година е да ги завршиме преговорите со Европската Унија и конечно да станеме рамноправна членка на Унијата до 2030 година.

„Тоа значи многу за македонското земјоделство, тоа значи над 1 милијарда 100 милиони евра само за развојот на руралниот туризам, за нови инвестиции, модернизација, за вкусот на Македонија да се најде на европските трпези“, истакна Николовски,се наведува во партиското соопштение.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер