Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната
Несреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децата
1Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната
2Несреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децата
МакедонијаНиколовски: Американските царини од 15 отсто не се конечни, можеме да одиме до 10 проценти, ќе се знае до крајот на септемвриАмериканските царини од 15 отсто не се конечни, продолжуваме да преговараме. Преговорите ќе бидат интензивирани во втората половина на август, кога ќе се завршат летните одмори. До крајот на септември ќе видиме која стапка ќе биде дефинирана, а според Министерството за финансии можеме да одиме до 10 проценти, рече денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Како што истакна Николовски на прес-конференција, Македонија согласно сегашните 15 отсто царини е на ниво на цела ЕУ, додека во Швајцарија, на пример, стапката е 39 отсто. - Не се конечни тие 15 проценти. Апсолутно бидете убедени дека ова е успех на нашата Влада која во комуникација и перманентни разговори и преговори со администрацијата на претседателот Трамп успеа од 33 да ги спушти на 15 отсто царините, но ова не е конечен договор. Преговорите траат и ќе траат, а ќе бидат поинтензивирани во втората половина на август кога ќе се завршат летните одмори. Министерството за финансии е убедено дека можеме да одиме уште подолу, со стапка кај 10 отсто. Продолжуваме да преговараме, јас сум убеден дека квалитетни луѓе преговараат и ќе видиме до крајот на септември која стапка ќе бдие дефинирана, но за тоа ќе излезат официјално владини претставници и ќе кажат, истакна директорот на Царинската управа. Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со 35, од Босна и Херцеговина со 30, а најниска царина ќе има Црна Гора 10 отсто. Тагови: Бобан Николовски царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
ЕкономијаНиколоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зонатаИмаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија.Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот. „Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме и веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме и на договор со други земји, Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт. Тој посочи дека целта е да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери. „Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија“, истакна Николоски. Според него, на овој начин се опфаќаат земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери, а Владата и Министерството продолжува со работа за изнаоѓање дополнителни решенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНесреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децатаНајмалку 20 лица се повредени откако автобус со повеќе од 50 патници, главно ученици од Германија, се преврте во Холандија рано утринава.На патот А28, во близина на Везерп, автобусот излетал од коловозот откако се судрил со доставно возило, јавува холандскиот сервис NOS. Според локалните власти, автобусот удрил во доставното возило одзади, при што тоа скршнало и се превртело на страна на спротивната страна од патот. Во автобусот имало повеќе од педесет луѓе, главно ученици од Германија. Осум лица се пренесени во болница со повреди, меѓу кои и возачот на доставното возило. Според полициските извештаи, некои од нив се во тешка состојба. Покрај повредените кои морале да бидат пренесени во болница, голем број други лица со полесни повреди биле прегледани на самото место. Според портпаролот на полицијата, меѓу повредените имало и тинејџери. Фотографиите објавени во холандските медиуми покажуваат како пожарникарите ги извлекуваат патниците низ покривот на автобусот. Повредените, како што се наведува, главно се здобиле со исеченици од стакло. По несреќата, автопатот А28 беше затворен во двете насоки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
МакедонијаФилипче: На Мицкоски му треба алиби за избори затоа што сè во државата е заглавено и нема резултатиПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена. „Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар којшто него го тера да бара избори е тоа што повеќе нема пари во буџетот за неговите криминални тендери“, рече Филипче. Тој посочи дека власта нема резултати во ниту една клучна област и дека последиците од лошото управување директно ги чувствуваат и граѓаните и компаниите. „Нема ниту еден резултат. Нема никакви резултати во економијата, во образованието, во земјоделството, во социјалата. Едноставно сè во државата е застанато. Луѓето немаат пари. Огромни се долговите кон компаниите. Близу 200 милиони евра се должи за поврат на ДДВ“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ додаде дека компаниите се соочуваат со проблеми со ликвидноста, има отпуштања на работници, пад на странските инвестиции и на индустриското производство. „Гледаме како е падот на странските инвестиции, има пад на индустриското производство. Еден тотален непрофесионален начин на водење на државата, комплетна незаинтересираност за било што добро за државата и за граѓаните“, рече Филипче. Филипче потенцираше дека СДСМ е подготвена за изборите која и да се одржат, уште утре. „Ние за избори сме спремни. Утре да се случуваат, за утре сме спремни за изборите и со тимот и со програмата, со Мастер планот за Македонија и Договорот со граѓаните којшто ќе го презентирам во текот на септември. За избори сме спремни кога и да бидат. Ама нема да бидеме алиби. Христијан Мицкоски има две третини во Собранието, апсолутна власт. Може да распише избори кога сака. Зошто му е СДСМ сега? Зошто му е? Не навлегуваме во таа игранка. Човекот ќе распише избори кога повеќе нема да има пари, а пари снемуваат сè повеќе и повеќе“, рече Филипче. Тој најави дека Мастер планот ќе содржи шест јасно дефинирани точки за иднината на државата, зајакнувањето на системот и благосостојбата на граѓаните. „Шест точки јасно, добро дефинирани, да знаат граѓаните за што ќе гласаат кога и да се случат следните избори“, додаде претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00