Николовска: Новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ е најдемократскиот статут на партија во регионот

 ВМРО-ДПМНЕ е најпрогресивната и најдемократската политичка партија во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ со одлуки на највисоките тела, на Извршниот и на Централниот комитет, се определи за измени на партискиот Статут со што се воведува најголем степен на демократија во носењето на партиските одлуки.

ВМРО-ДПМНЕ се определи за Статутот следејќи ги современите искуства на големите европски десничарски партии, со што партијата огромни надлежности се пренесуваат на членството и на органите на партијата. Работата на партијата и нејзините органи и тела е јавна и транспарентна, во духот на внатрепартиската демократија.

Почитувани, Новите измени се револуционерни во насока на поголема демократија во водењето на партијата, повеќе право на одлучување на комитетите и членовите во водењето на политика. ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за непосреден избор на претседател и раководство на Општинските Комитети директно од членството, понатаму демократски избор на идни државни функционери, кандидати за градоначалници.

Во насока на прогресивност и демократизација, се воведуваат нови органи и тела партијата, Унија на ветерани, како и форум на интелектуалци, а се ограничува и правото на реизбор на претседател на партијата и на други функционери.

Почитувани

„ВМРО-ДПМНЕ е народна, државотворна, демократска партија со конзервативна идеологија, која што ги застапува и штити македонските национални интереси, негува европски демохристијански традиции и промовира универзални хуманистички вредности.

ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа и споделува принципите, вредносните определби и практики на Европската народна партија.“

Целите и задачите на ВМРО-ДПМНЕ дефинирани со овој Статут, ја продолжуваат заложбата на нашата државотворна партија за независна, суверена, самостојна, граѓанска, демократска држава која почитувајќи сите вака поставени цели и задачи ќе овозможи подобар живот на македонскиот народ и заедниците во рамки на една унитарна држава која се стреми да стане членка на Европската унија.

Во овој статут се потенцира важноста на рамномерната застапеност на жените и мажите во рамки на органите и телата на партијата, како и воедно застапеноста на младите во внатрепартиските структури.

Со новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ се овозможува примена на начелото на непосредна демократија при носењето на партиски став. Се воведува нова партиска функција Претседавач на Централниот Комитет. Чекор напред во непосредно демократско одлучување за избор на кандидати за советници во локалната самоуправа, е тоа што сега нив директно ќе ги бира Собранието на општинскиот комитет. На овој начин ќе се избираат и новите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Се ограничува мандатот на Претседателот на партијата, Претседателите на Општинските Комитети, како и на претседателите и членовите на сите органи и тела кои се бираат на Конгрес, во новиот Статут им го ограничува нивниот мандат на 4 години, при што максимум на истата функција, еден од овие функционери може да се задржи најмногу три мандати и тоа под услов да третиот мандат е избран од страна на партиските органи и тела со 2/3 мнозинство.

Исто така со овој Статут, мандатот на сите останати партиски функционери во сите органи и тела на партијата се ограничува на 2 години.

Новиот Статут на партијата не предвидува почесни членови и почесни претседатели на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот да биде најпрогресивната и најдемократската политичка партија во Македонија, партија која што ги носи во Македонија искуствата и степенот на демократија од Европските народни партии. ВМРО-ДПМНЕ со вакви значајни измени на својот Статут, ги јакне демократските капацитети на една десничарска партија, а овозможува и јакнење на капацитетите и демократијата во Република Македонија.

Ружица Николовска

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

Јокиќ: Минесота е одличен и талентиран тим, ќе се бориме до крај

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ изјави дека Минесота е голем и талентиран тим, но истакна дека Нагетс ќе се борат за пласман во следната фаза од плејофот во НБА лигата, пренесуваат американските медиуми.

Минесота вечерва го победи Денвер со 106:99 и поведе со 1:0 во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА.

-Тие се одличен тим, талентирани. Покажаа зошто беа први на табелата во поголемиот дел од оваа сезона, изјави Јокиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Српскиот ас на прес-конференцијата се пошегува кога го прашаa што треба да се поправи и што да прави бидејќи играчите на Минесота постојано му се менувале во одбрана.

-Би сакал да имам клон, знаеш, да излезам да одморам и тој да игра. Потоа се враќам свеж. Ми ставија високи играчи, добри скокачи, дефанзивци... Беа агресивни. Јас сум среќен со ударите што ги упатив, некои не, но тоа е кошарката, ќе се обидеме да ги победиме во следниот натпревар, додаде Србинот.

Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – гол и пет асистенции

Мајами веројатно беше разочаран од НБА тимот кој беше елиминиран на стартот од плеј-офот, но затоа уживаат во фудбалскиот тим и вештините на Лионел Меси. 

Интер ја задржа лидерската позиција во Источната конференција и по 12. коло декласирајќи го Њујорк Ред Бул со 6:2 во дербито, со гол и пет асистенции на Меси и „хет-трик“ на Луис Суарез.

Водството на гостите од Њујорк на полувремето (Ванциер 30), го инспирираше Лео Меси да испише историја на МЛС. На Рохас му „сервираше“ два гола (48, 62), во меѓувреме донесе предност (50), а потоа трипати му испрати асистенција на Луис Суарез (69, 75, 81). Тој стана првиот играч во сезоната со 10 постигнати голови и прв играч во историјата на оваа лига со пет асистенции на еден натпревар.

Голот на Емил Форсберг во седмата минута од судиското надополнување ни малку не го расипа славјето.

Откако се опорави Меси, Интер е незапирлив, води на Истокот по 12 меча со 24 бода, Синсинати има три помалку и меч помалку. Торонто е трет со 19, а Њујорк останува четврти со 17 бодови.

притисни ентер