Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата - Канал 5

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, остро го критикуваше изборот, на предложените нови заменици министри, Дритон Сулејмани за образование и Адмир Шабани за одбрана.

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти,  уште едно лицемерие на Владата

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, остро го критикуваше изборот, на предложените нови заменици министри, Дритон Сулејмани за образование и Адмир Шабани за одбрана, посочувајќи дека се работи за политичка одлука на Владата која го фаворизира партискиот интерес наместо стручноста.

Таа посочи на фактот дека образованието во Македонија го живее периодот на најголема неизвесност во последната деценија. Се прават реформи без јавни расправи, во партиски кругови, а отсуството на транспарентност оди дотаму што се кријат имињата на тимовите кои ги предлагаат реформските мерки.

„Образованието е во целосен хаос. Јасно е незадоволството на наставниците, учениците, универзитетските професори и студентите од брзите и неосмислени реформи. Во ваков момент, кога јавноста укажува, а министерката е една од најслабите алки во Владата, очекувавме дека заменик министерот ќе биде лице со докажана експертиза во образовните политики, со солидни искуства и со јасна визија, но неговото CV на две страници не го потврдува тоа. Напротив, тие две страници се сосема доволни да се потврди неговата некомпетентност за позицијата која му се доверува, истакна Николова.

Николова посочи дека одбраната е стратешки ресор кој бара професионалност, доверба и лидерство, а предложениот заменик министер за одбрана има комуникациски вештини, што не е доволна квалификација за позиција која директно влијае на националната безбедност.

„Одбраната е стратешки ресор кој бара професионалност, доверба и лидерство. Предложениот заменик министер за одбрана, како поранешен портпарол на изборната комисија, веројатно има комуникациски вештини, но тоа не е и не смее да биде главната квалификација за позицијата која директно влијае на нашата безбедност. Со тоа само уште еднаш се потврдува дека оваа Влада нема намера да направи нешто добро за државата или функционален систем , приоритет е да ги задоволи коалициските потреби и ништо повеќе од тоа. Живееме во време на најсериозна безбедносна нестабилност во Европа по Втората светска војна. Живееме во услови на војна на европскиот континент, зголемени геополитички тензии, хибридни влијанија и растечки глобални предизвици. Македонија е членка на НАТО, и тоа е добро, но можеме да заклучиме дека оваа Влада е едно од најлицемерните влади коишто сме имале досега. Денес и премиерот зборува за нашето членство во НАТО, но да не заборавиме, во предизборието велеше дека Преспанскиот договор не е завршена работа. Навистина е големо лицемерие. Денес, во вакви безбедносни услови, знаеме дека тоа е еден од најдобрите договори коишто се склучени. Затоа одбраната не смее да биде дел од коалициски договори. Во ваков период на светски предизвици, потребни ни се најкомпетентни луѓе, а не најлојалните на партијата и коалицијата, појасни Николова.

Таа предупреди дека предложените кадровски решенија ја потврдуваат партизацијата и некомпетентноста, при што приоритет се коалициските калкулации, а не стручноста: „Образованието и одбраната се исклучително важни за една држава. Одбраната ја штити сегашноста, а образованието ја гради иднината. За жал, оваа Влада ги заменува компетентните со политички лојални кадри“, заклучи пратеничката на СДСМ, Даниела Николова,се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем.

Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата.

Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат.

СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења.

Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24.

Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан.

Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница.

Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер