Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаНиколоски: Во Пелагонискиот Регион има инфраструктурен бумВо Пелагонискиот Регион се случува инфраструктурен бум и тоа е нешто што ќе продолжиме да го работиме - истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со стопанственици од регионалните стопански комори на Битола и Прилеп.Информирајќи за тековните и најавувајќи нови проекти, Николоски нагласи дека единствена цел на Владата е да се развива стопанството и токму затоа пелагониските општини се помагаат со сериозни суми средства. - Проектите заеднички ги градиме и со единствена цел да се развива стопанството затоа што навистина во овој регион се случува инфраструктурен бум и тоа е нешто што ќе продолжиме да го работиме. Сакам да најавам три нови проекти, а тоа е обиколница кај градот Прилеп, проект што го работиме со градоначалникот на Прилеп, чија обврска е да го заврши проектирањето, а моја и обврска на Владата е обиколницата да се изгради со цел товарниот сообраќај се извади надвор од градот, вториот проект е топловодот, парно за градот Битола, проект што е во сериозна фаза, и третиот проект е гасификацијата. Ние имаме огромни проекти за овој регион, а дополнително ги помагаме општините со сериозни суми средства - беа определени 250 милиони евра за општините, средства за дополнителни проекти - посочи Николоски. Во изјава за медиумите вицепремиерот и министер за транспорт потврди дека активирањето на железничката пруга кон соседна Грција е во застој, пред сè, поради кризата во железничкиот систем во Грција. - Железничката пруга кон Грција е проект во застој. Јас разговарав со тројца министри за транспорт од Грција и бев информиран дека пругата не е во добра состојба, особено по железничката несреќа што им се случи пред две години, каде што имаше многу жртви. Нивниот железнички систем е во криза и директно ни беше одговорено дека во овој момент немаат средства за да ја репарираат пругата, што значи во догледно време не може да се очекува отворање на овој премин, но не поради нас, туку поради Грција - посочи Николоски. Барањата на пелагониските стопанственици ги соопшти Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора, со седиште во Битола. Според Велковски, владините инвестиции и проекти треба да продолжат затоа што тоа е од интерес на регионот, кој има 8.000 правни субјекти и е регион кој минатата година ја заврши со 3 отсто економски раст и 5 отсто зголемен извоз. - Сакаме да продолжиме со инвестиции и затоа е потребна владина помош за пет клучни работи во овој регион, а тоа се подобрување на инфраструктурата со акцент на патниот правец Битола - Прилеп, реализација на автопатот Дреново - Прилеп, изградба на обиколница Битола - Ники (Република Грција), со што ќе се поврзиме на делницата Д10 и патот Виа Игнатија, изградба на обиколница Ресен - Охрид и изградба на железничката инфраструктура со модерна пруга од Битола преку Ники, Лерин, до Солун. За овој регион е значаен и гасоводот бидејќи без гасификација нема да можеме економски да се развиваме - нагласи Велковски. За стопанскиот развој на Пелагонискиот Регион денеска во Битола заеднички информации со градоначалниците и бизнисмените споделија Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд, Николче Јанкуловски, заменик-министер за финансии и Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е гостиварец- му пронашле кокаин „Task Foce“ пронајде дрога во Гостивар и лиши од слобода едно лице.На 25.10.2026 во 01:55 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(27) од Гостивар. При преглед извршен кај него, полицискисте службеници пронашле две пакувања со кокаин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Црна хроникаПијани возачи предизвикале сообраќајки во струмичко и валандовско- загина човек од с.Добрејци Двајца возачи на подрачје на СВР Струмица возеле под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и со тешки телесни повреди.На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. На 25.10.2026 во 00:15 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионален пат во с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од с.Брајковци, валандовско и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(57) од с.Марвинци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „мерцедес“ В.И. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни пријави, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Македонија18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полицијаНа 24.10.2026 година, во 14:00 часот, во Полициската станица Делчево, 18-годишен жител на Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во Делчево пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица. Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите. Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook