Николоски: Во Пелагонија се случува инфраструктурен бум, автопапт Прилеп-Битола ќе го завршиме пред рокот - Канал 5

Николоски: Во Пелагонија се случува инфраструктурен бум, автопапт Прилеп-Битола ќе го завршиме пред рокот

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика и очекувам веќе од следната пролет да ги возиме првите километри, а целиот автопат да се заврши и пред рокот.  

Николоски: Во Пелагонија се случува инфраструктурен бум, автопапт Прилеп-Битола ќе го завршиме пред рокот

Преговараме за нова траса од Фариш до Прилеп како автопатско решение, работиме на проектирање на обиколница Прилеп, на топловодот за Битола, гасификацијата и други инфраструктурни проекти кои ќе дадат силен економски инпут за развој на Пелагонискиот регион, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски пред Регионалните бизнис комори на Битола и Прилеп.

“Знаете дека како Влада презедовме итни мерки. Македонија во моментов има најевтино гориво во целиот регион и нема никаков застој во снабдувањето, што не е случај со останатите држави. Скопскиот и охридскиот аеродром редовно функционираат за разлика од други аеродроми. И приштинскиот аеродром исто така се снабдува преку домашни снабдувачи, што значи дека успеавме кризата да ја амротизираме онолку колку што беше можно.

Во делот на автопатите, сега доаѓам од увид во изградба на автопатот Прилеп - Битола и градежните активности одат одлично. Она што го добив како ветување од Изведувачот е дека следната пролет ќе можеме да возиме по првите километри автопат на потегот од Прилеп до Битола, а целиот автопат да се заврши пред рокот со што ќе имаме комплетно автопатско решение од Прилеп до Битола.

На тоа се надоградуваат и разговорите кои што интензивно ги водиме и очекувам во текот на месеците јуни или јули да излеземе со конечното решение за продолжување онаму каде што застанавме, а тоа е после тунелите кај Фариш. Веќе го пуштивме експресниот пат кој што оди од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш. Сега треба да го завршиме и делот што оди делот од Фариш до Прилеп, односно до го ограничиме Плетвар и на тој начин да имаме до Битола целосно автопатско решение” – изјави вицепремиерот Николоски.

Тој најави и воведување на градски воз меѓу Прилеп и Битола со цел да се олесни комуникацијата меѓу општнинте како резултат на отежнатиот сообраќај на регионалниот пат.

“ За таа цел работиме заедно со двете железнички претпријатија, Македонски Железници Инфраструктура и Македонски Железници Транспорт. Некаде во месец јуни да пуштиме нов градски воз кој што би оперирал на линија Прилеп-Битола-Жабени и на тој начин да можат оние кои што имаат дневна потреба помеѓу овие два града а и оние кои што работат во индустриската зона Жабени да го користат возот што би значело навреме да се стига, брзо да се стига и да одиме со една промотивна цена, тоа е 150 денари за повратна карта, што е убедливо најевтиното што може да се најде на пазарот” – истакна Николоски.

Вицепремиерот најави и нови инфраструктурни проекти за економски развој на Пелагонија.

“ Сакам да кажам уште три проекти во најава. Еден е обиколница на градот Прилеп. Веќе работиме со градоначалникот, тој веќе го работи проектирањето, мое и на Владата да ја изградиме обиколница со цел товарните возила да ги извадиме надвор од градот. Втората работа што сакам да ја најавам е топловодот, односно парното за градот Битола. И третата работа е гасифификација. Така што имаме огромни проекти за целиот овој регион, кои што се надопштински проекти. Знаете дека помагаме на општините секоја година со сериозна сума на средства, беа определени 250 милиони евра за општините и тоа се дополнителни проекти од овие кои што веќе ги спомнав” – изјави вицепремиерот Николоски.

На средба со бизнис коморите од Прилеп и Битола, покрај вицеперемиерот Николоски, присуствуваат и заменик министерот за економија Марјан Ристески, Николче Јанкуловски, заменик министер за финансии и градоначаланиците на Битола, Прилеп, Могила Новаци и Крушево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула или Болсонаро- Бразилците гласаат во вториот круг на претседателските избори

Граѓаните на Бразил денеска гласаат во вториот круг од претседателските избори.

Лула или Болсонаро- Бразилците гласаат во вториот круг на претседателските избори

Граѓаните на Бразил денеска гласаат во вториот круг од претседателските избори, на кои за шеф на државата се натпреваруваат актуелниот претседател, левичарот Луис Инасио Лула да Силва (80), кој се бори за четврти, без последователен мандат, и десничарскиот сенатор Флавио Болсонаро (45), син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро.

Флавио Болсонаро постигна најдобар резултат во првиот круг од изборите, одржан на 4 октомври, што претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го оцени како „многу голема“ победа, јави Би-би-си.

Поддржувачите на Флавио Болсонаро на последните предизборни митинзи изразија уверување дека тој ќе донесе промени во Бразил, ветувајќи тешка борба против организираниот криминал, како и намалување на даноците и јавната потрошувачка.

Во пресрет на изборниот молк, Болсонаро одржа митинг во Бело Хоризонте, главниот град на сојузната држава Минас Жераис, кој се смета за важен за претседателските кандидати од 1980-тите.

„Речиси дојде време. Остануваат само неколку часа пред да ја обликуваме иднината на нашата нација во следните 30 или 40 години“, рече Болсонаро во видеото објавено на социјалните мрежи.

Тој, исто така, вети дека ќе го ослободи својот татко, кој беше осуден на 27 години затвор за заговор за државен удар по поразот од Лула на изборите во 2022 година.

На големиот митинг на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро во саботата, Лула рече дека изборите се за „суверенитет“ и дека граѓаните ќе избираат помеѓу кандидатот кој го бакнува бразилското знаме и оној што го бакнува американското знаме.

Администрацијата на Лула ги обвини САД за мешање во изборите во Бразил, тврдење кое Вашингтон го отфрли како „неосновано“.

Ќе победиме на изборите од една едноставна причина: вистина е дека народот сака промени, но сака да оди напред, а не назад“, рече Лула.

Лула и неговата Работничка партија ги претставија изборите како „битка за демократија“, тврдејќи дека пресудата против Жаир Болсонаро за заговор за државен удар покажува дека болсонарското движење претставува закана за демократските институции на Бразил.

Тој инсистираше на тоа дека Бразил „не се вклопува во ничиј двор“, што се толкува како одговор на таканаречената „Донерска доктрина“ на Трамп, стратегијата за национална безбедност на неговата администрација според која доминацијата на САД на западната хемисфера не треба да се оспорува.

Спротивно на тоа, Болсонаро тврди дека соработката со Вашингтон во борбата против моќните криминални групи, кои имаат големо влијание во одредени делови на Бразил, ќе и овозможи на државата да го врати суверенитетот над териториите контролирани од бандите.

Во првиот круг од претседателските избори, одржан на 4 октомври, Болсонаро освои 47,03 отсто, а Лула 45,16 отсто од гласовите, што значеше дека се кандидираа за вториот круг на изборите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп гласаше на Флорида, па си залепи налепница (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп гласаше вчера на гласачко место во Флорида, заедно со неговата сопруга, првата дама Меланија Трамп, пред среднорочните избори во САД на 3 ноември.

Трамп гласаше на Флорида, па си залепи налепница (ВИДЕО)

Претседателот гласаше лично во Вест Палм Бич, недалеку од неговиот имот Мар-а-Лаго, каде што го поминува викендот. По гласањето, Трамп залепи на своето одело налепница со натпис „Јас гласав“. Критичарите претходно истакнаа дека Трамп претходно гласал по пошта, и покрај неговото противење на таков метод на гласање.

Анкети: Демократите треба да го преземат Претставничкиот дом

Пред среднорочните избори, Трамп се залагаше за построги правила за гласање по пошта, тврдејќи дека промените ќе помогнат во спречувањето на изборни измами. Критичарите го обвинуваат дека се обидува да ја ослабне поддршката за опозициските демократи, чии гласачи традиционално имаат поголема веројатност да гласаат по пошта.

Овие избори ќе одредат кој ќе ја има контролата врз Конгресот во текот на последните две години од претседателствувањето на Трамп. Републиканците на Трамп се надеваат дека ќе одбранат тесни мнозинства во двата дома на Конгресот.

Анкетите покажуваат дека демократите имаат добри шанси да ја преземат контролата врз Претставничкиот дом. Се верува дека промената на владата ќе биде потешка во Сенатот, бидејќи се избираат само една третина од местата, но промената на контролата е сè уште можна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)

Александар Вучиќ, лидерот на листата „Александар Вучиќ - Единствена Србија“, гласаше утрово во Нов Белград. 

Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)

Тој пристигна на гласачкото место околу 8:05 часот со сопругата Тамара, а поради големата толпа, неговиот ред дојде дури по 10 часот наутро.

Вучиќ гласаше на гласачкото место број 140 во зградата на градинката „Тесла - Наука за живот“. Долга редица се формираше пред гласачкото место уште од рано наутро, па чекаше речиси два часа за да гласа заедно со другите граѓани.

Висок одѕив од утрово

Висок одѕив е забележан и на другите гласачки места во Србија. Според податоците од CeSID и Ipsos објавени од Europe Elects, одѕивот до 9 часот наутро по UTC бил 12 проценти, повеќе од двојно во споредба со истото време на парламентарните избори во 2023 година, кога изнесувал 5,2 проценти.

На денешните предвремени парламентарни избори се избираат 250 претставници, а на гласачкото ливче има 18 изборни листи. Право на глас имаат повеќе од 6,45 милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер