Николоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проекти - Канал 5

Николоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проекти

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Bрисел, каде што учествува на официјални средби организирани од европската комисија.

Николоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проекти

На средбите се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, планот за раст, како и за процесот на интеграција и проширување на Европската унија.

Како земја на Балканот која нема излез на море, реализираме огромни инвестиции во развој и модернизација на двата европски коридори 8 и 10 што поминуваат низ Македонија. Работиме на изградба на автопати на Коридор 8, исто така градиме железница на источниот дел на овој коридор. Паралелно започнавме со изградба на брза пруга на Коридорот 10, а работиме и на воведување на ИТС системи на патниот дел. Заедно со соседите работиме и на проширување на граничните премини, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на глобалниот настан “Денови на поврзување на Европа” што се оддржува во Брисел.

На панелот посватен на Западен Балкан – Источен Медитеран, заменик претседателот на Владата, Николоски, го потенцира политичкото и економско значење на коридорите и инвестициите што се реализираат во Македонија.

“ На Коридорот 8 на источното крило, инвестираме во автопати и железницата. На автопатскиот дел го завршивме првиот дел, а вториот дел очекуваме да започне следната година заедно со Европската Унија и Европската инвестициска банка како водечка финансиска институција, за што благодарам за одличната соработка. Што се однесува до железницата, има три делници: ја завршивме првата делница, втората е во изградба и треба да ја завршиме до крајот на 2028 година. Минатата недела, повторно заедно со ЕИБ, ја започнавме постапката за набавка за избор на изведувач за изградба на третата делница- најтешката фаза од железничкиот коридор. Таа е со должина од само 23,1 километар, но 75% од неа се објекти — над 20 тунели и 56 мостови, што покажува колку е тежок проектот. Таа минува зад еден пограничен град и влегува во заедничкиот тунел што ќе го градиме заедно со Бугарија. Ова е една од ретките позитивни вести што ги имаме во моментов со Бугарија — минатиот ноември потпишавме заеднички меѓувладин договор за изградба на овој прекуграничен тунел кој треба да го отвори целиот Коридор 8. Доколку сè оди по планот, за 5 години од изборот на изведувач до 2031-2032 година треба да имаме целосна железничка врска меѓу Скопје, Софија, Бургас, Варна и Одеса.

На западната страна работиме со ЕУ и партнерите за реконструкција на постојната железница и изградба на делот што нè поврзува со Албанија. Албанија исто така прави одлична работа и инвестира многу и во автопати и во железницата. Со тимска работа, со истата цел можеме да ја постигнеме до 2031-2032 година за целосна автопатска и железничка врска со Албанија, што значи дека наскоро ќе можеме да патуваме со автомобил или воз од пристаништето Драч до Бургас и Варна преку Скопје”- истакна Николоски.

Тој пред присутните потенцира дека на железничкиот коридор 10 се работи на проектот за изградба на двоколосечна брза пруга за патнички возови од 160 до 200 км на час и за карго возови до 120 км на час. Додаде дека се работи и на проширување на граничните премини и воведување на Интелегентни транспортни системи.

“ Целосно ја менуваме сликата и на граничните премини со воведување зелени ленти и проширување на прекуграничните врски и со Албанија и со Бугарија. На Коридорот 10 работиме на првиот целосно дигитален автопат со воведување Интелигентен транспортен систем (ИТС) во соработка со ВБИФ. Пред три недели заедно со колегите од Косово започнавме нова автопатска врска -дел од Коридорот 6 од Скопје преку Приштина кон Драч и пристаништето Бар во Црна Гора, која очекувам да биде изградена за три години. Денес директорите на железничките компании од двете земји се состануваат во Приштина за заедничка железничка врска, а следната година би можеле да имаме меѓуградски воз Приштина-Скопје кој ќе патува 50 минути”- додаде Николоски.

Истакна дека набавени се нови 150 електрични автобуси, а во тек е постапка за набавка и за 5 електрични локомотиви и 5 до 7 патнички возови. Го најави започнувањето на изградба на новиот автопат Букојчани -Кичево што ќе се започне за десетина дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставен суд: Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители

Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители, и се преземаат потребните дејствија за подготовка на темелен и аргументиран реферат, врз основа на кој ќе се одлучува за оспорените одредби, одговорија од Уставниот суд .

Уставен суд: Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители

Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители, и се преземаат потребните дејствија за подготовка на темелен и аргументиран реферат, врз основа на кој ќе се одлучува за оспорените одредби, одговорија од Уставниот суд по вчерашниот повик на обвинителите- Нивните иницијативи поврзани со намалените коефициенти за платите, итно да бидат разгледани како што наведуваат од Уставниот суд во моментов се водат постапки по три предмети, поднесени од Здружението на јавните обвинтели и Советот на јавните обвинители.

На 24 декеври 2025 судот повел постапка за оценување на уставноста на измените на законите на платите на Јавните обвинители и на членовите на Советот, донесени во 2024 година.

На седница одржана во март годинава, постапката била запрена, поради исцрпеноста во примената на законот, и на истата седница предлогот за поведување постапка за уставноста на законските измени од 2026 година, не го добил потребното мнозинство гласови..Истиот предмет пак, бил повлечен од дневен ред на седницата на судот во септември, заради дополнително утврдување на фактичката и правната состојба..

Судот потсетува и дека во моментов функционира со осум од предвидените девет уставни судии. Последните законски измени со кои беа намалени коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители беа во февруари годинава...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Bugatti“ се излизга на влажен коловоз: Јутјубер нуди да го купи уништениот автомобил (ВИДЕО)

Оштетениот „Bugatti“ го привлече вниманието на еден познат јутјубер, кој веќе нуди пари за него.

„Bugatti“ се излизга на влажен коловоз: Јутјубер нуди да го купи уништениот автомобил (ВИДЕО)

Еден од само 500-те произведени примероци на „Bugatti Chiron“ е оштетен во сообраќајна несреќа во Мајами. Снимки од социјалните мрежи покажуваат автомобил покрај патот, кој претрпел сериозни оштетувања што би можеле да доведат до исклучително скапа поправка.

Сопственикот на црниот „Bugatti Chiron“ сигурно не очекувал дека неговиот хиперавтомобил ќе заврши покрај тротоарот откако возел по влажен коловоз.

Околностите под кои се случила несреќата се непознати, но видео објавено на социјалните мрежи покажува како автомобилот стои веднаш до едно големо дрво.

Врз основа на достапните снимки, возачот најверојатно изгубил контрола на лизгавиот пат, при што автомобилот се завртел или пролизгал. На предниот дел од каросеријата има видливи оштетувања, вклучително и напукнат долен дел од браникот и преден спојлер.

Сепак, се чини дека задниот дел од возилото може да претставува посериозен проблем. Десното задно тркало е поместено од својата правилна положба, што укажува на можно сериозно оштетување на системот за потпирање, пренесува „Carscoops“.

Исто така, можно е да е оштетено и подвозјето, а оштетено е и едно од предните тркала.

Поправките би можеле да чинат цело богатство.

Кај автомобил како „Chiron“, дури и навидум безначајна несреќа тешко дека ќе помине евтино. „Bugatti“ произведе само 500 примероци од овој модел, а поправките бараат специјализирано знаење, како и соодветни делови.

Искуството на јутјуберот Мет Армстронг – кој изминатата година ја помина во реставрација на уништен „Bugatti Chiron Pur Sport“ во САД – покажува колку може да биде сложен еден ваков потфат.

Според него, производителот не препорачува сопствениците сами да вршат поправки, што ја прави набавката на делови дополнителен предизвик.

Армстронг сугерира дека најсигурниот потег за сопственикот би бил да поднесе барање до осигурителната компанија – под претпоставка дека има соодветно осигурително покритие – и поправката да им ја препушти на овластен сервис на „Bugatti“. Сепак, во коментар на објава на Инстаграм, тој навести дека можеби дури и би бил заинтересиран самиот да го купи оштетеното возило.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Средба со Гренел - иста лобистичка куќа за Мицкоски, Вучиќ, Орбан и истрага на Белата куќа

Сега да ја потсетиме јавноста кој е Гренел и која е поврзаноста на Гренел со Мицкоски и Муцунски.

Жерновски:  Средба со Гренел - иста лобистичка куќа за Мицкоски, Вучиќ, Орбан и истрага на Белата куќа

Денеска сакаме да зборуваме за една многу интересна тема, којашто е поврзана со оние случувања во Вашингтон, коишто се пак директно поврзани не само со нашата држава, туку преку оваа прес-конференција ќе се увериме и со регионот, бидејќи ова е една цела мрежа којашто Мицкоски и неговата влада ја користеле, односно ја злоупотребувале, не за целите на нашата држава и на нашите граѓани, туку за сопствени цели.

Стратешкиот мост до администрацијата на САД, да цитирам, или ако сакате, примерниот канал за директна комуникација со Белата куќа, или ако сакате уште еден цитат, клучниот економски играч во економската агенда на македонската влада во своите приоритети кон Вашингтон, од вчера е под истрага за проневерени милиони долари од донација за Центарот „Кенеди“ и за продавање пристап до претседателот Трамп.

Сега да ја потсетиме јавноста кој е Гренел и која е поврзаноста на Гренел со Мицкоски и Муцунски.

Прва средба, јули, значи веднаш по доаѓањето, јули 2024 година во Вашингтон, каде што се цитира плодна средба помеѓу Мицкоски и Муцунски со Гренел.

Август 2024 година, веднаш потоа во Скопје, продолжуваат разговорите.

Јануари 2025 година во Вашингтон, повторно Мицкоски и Муцунски се гледаат со Гренел.

Потоа, февруари 2026 година во Минхен и потоа јули 2026 година во Скопје, повторно има средба.

Погледнете ја низата средби коишто се индикативни и коишто веќе зборуваат за тоа каква е поврзаноста на Муцунски и на Мицкоски со овој човек.

Истиот Гренел, сакаме да ѝ објасниме на македонската јавност, со години работи за Вучиќ.

Српската влада преку американската лобистичка куќа Валкур плаќа за директни контакти со него.

Според извештаите што Валкур ги поднела до Американското Министерство за правда, претставници на куќата контактирале со Гренел во периодот од септември 2025 до март 2026 година.

Кој е Валкур?

Валкур е куќата којашто работи на промоција на кој друг, ако не на Вучиќ, во политичките и медиумските кругови во Вашингтон, вклучувајќи организирање интервју за средба што Трамп ја има споделено.

Се сеќавате кога се фалеше Вучиќ со Трамп. Гренел се обидувал исто така да му организира средба со Трамп во Флорида, меѓутоа средбата била блокирана и сето тоа е како дел од кругот околу Џаред Кушнер и проектите во Белград.

Во ФАРА-регистарот на Американското Министерство за правда, под број 7373, Валкур ја претставува Република Србија, а Валкур се поврзува и со фирмата која плаќа лобисти за Христијан Мицкоски.

Да ѝ објасниме сега на македонската јавност, многу попрецизно, како е формирана и како постои целата мрежа. Кои се клиентите на Валкур?

Покрај државата Србија, тука се и, внимавајте, Телеком Србија и унгарската компанија 4iG, и двете многу добро познати на македонската јавност. Телеком Србија е присутна на македонскиот медиумски простор преку канали поврзани со кругот на Вучиќ. Која е 4iG?

4iG, и е компанијата што треба да пружи услуга на поддршка на медиумите на Орбан и на Вучиќ во Македонија. Значи, целиот круг веќе се затвора многу прецизно.

Претседателот на 4iG, Гелерт Јасај, е близок соработник на Орбан. Во март 2025 година бил именуван за амбасадор за развој на милијардерски деловни односи.

Ние денеска прецизно ќе ја кажеме целата мрежа, за преку информациите коишто ги има СДСМ, во подолг временски период, на македонската јавност да ѝ биде јасно што се случува и во каква мрежа е влезен Мицкоски.

Јавно се достапни документите како 4iG добиле од Орбановата влада големи одбранбени договори, вклучувајќи рамковен договор во мај, во износ од околу 4,3 милијарди долари од Министерството за одбрана, потпишан само неколку недели пред изборите во 2026 година, непосредно пред изборите.

Е сега, новата унгарска влада на Петер Маѓар, во август 2026 година, како што и ние информиравме, наредила целосна ревизија на сите вклучени договори помеѓу државата и фирмата 4iG, во кои, се разбира, спаѓаат и одбранбените и телекомуникациските врски.

Значи, една лобистичка група. Српската влада го плаќа Валкур за контакти со Гренел и за промоција на Вучиќ.

Мицкоски се среќава со Гренел. Гренел се среќава со лобистите на Вучиќ.

Во кругот на клиентите на истата куќа стојат и, како што кажавме, Телеком и 4iG, компании поврзани со најблискиот круг на Орбан. Значи, внимавајте, сето тоа што го кажавме не се одвоени приказни.

Ова е една иста организирана шема, иста приказна. Ист канал.

Значи, Вучиќ го плаќа Валкур, Валкур контактира со Гренел, а Гренел зборува за Мицкоски. Значи, за некого провизија, а за граѓаните, се разбира, на крајот на денот, дебела сметка.

Да заклучиме јасно и прецизно.

Тоа значи дека Мицкоски во Вашингтон воопшто не водел самостојна политика, туку водел политика којашто е формирана, организирана и одобрена директно од Вучиќ и од Орбан.

И тоа е нешто што станува кристално јасно.

Она што исто така треба да се потенцира е дека периметарот за којшто зборуваше Мицкоски воопшто не бил наменет за интересите на Македонија и на нашите граѓани, туку, за наша среќа, на сите нас, од тој фамозен Вашингтонски периметар денес не остана ниту милиметар.

СДСМ бара одговор од Мицкоски: ти, како премиер на нашата држава, кога се среќаваше со Гренел, водеше сметка за државата и за нашите граѓани или водеше сметка за трговец со оружје?

Она што исто така СДСМ го бара е обвинителството веднаш да отвори истрага за тоа какви биле контактите и договорите на Мицкоски со овој човек.

Тоа е многу битно, затоа што и нашата држава мора да се вклучи во оваа акција којашто е покрената директно од Белата куќа, односно од тоа место за коешто Мицкоски зборуваше дека има одлични канали и дека е во самиот периметар.

Почитувани граѓани, дозволете да кажам на крај дека никој не смее да биде над законот, а дека Мицкоски ќе одговара.

Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 21.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер