31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај
231 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај
3Државен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун
МакедонијаНиколоски: Владата инвестира 280 милиони денари во проекти во Општина Крива Паланка, се обновува и обиколницатаПретседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на ЈПДП, Коце Трајановски денеска извршија увид во градежните активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланлка“.-Македонија се гради како никогаш досега, низ државата има повеќе од 1200 градилишта, нешто што досега не се случило, повеќе од половина милијарда само средства финансирани од централниот буџет кон општините. Ако праксата од минатото беше Македонија да се граба, сега праксата е Македонија да се гради, а така и ќе продолжи и во годините што следат. Ако на тие половина милијарда евра ги додадете проектите што ги води Владата на централно ниво, со оние инвестиции што се спроведуваат и преку ЈП за државни патишта доаѓаме до неколку милијарди евра, проекти коишто се реализираат и исто толку во годините што следат, ќе бидат реализирани, рече Мицкоски. Спомна дека се развива и патот од Романовце до Страцин, што очекува во претстојниот период да биде дел од тендерска постапка. Експропријацијата е завршена, а се очекува да почне јавната набавка и од Скопје до Крива Паланка ќе може да се стигнува за помалку од 45 минути. Вицепремиерот и министер за транспорт, Николоски рече дека пред извесно време е пуштен во употреба и експресниот пат од Страцин до Крива Паланка кој, како што рече, веќе го менува животот во овој дел од Македонија. -Со рехабилитацијата на обиколницата, оние кои патуваат кон Бугарија исто така ќе можат побрзо и побезбедно да патуваат. Активно се работи на реконтрукција и проширување и на граничниот премин и има добра динамика. Очекувам за брзо време да биде завршена како би имало и поголем проток на границата, посочи Николоски и потенцира дека Владата инвестира и 280 милиони денари во проекти во Општина Крива Паланка. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајновски ги појасни работи што ќе бидат извршени на обиколницата „Крива Паланка“, проект во вредност од 65,5 милиони денари. -На обиколницата ќе се изврши рехабилитација на асфалтот, а онаму кадешто е многу оштетен, ќе биде изваден и ќе се постави нов, со стабилизација на теренот. Тоа е должина од околу еден километар, додека вкупната должина на обиколницата е 4,5 километри, а вкупната вредност на проектот е 65,5 милиони денари. Проектот опфаќа рехабилитација на два моста, шест пропусти и еден подземен премин. Го распишавме тендерот и се работи, во надлежност на ЈПДП е коловозот со ивичници, додека тротоарите, осветлувањето и подземната инсталација се во надлежност на општината. Мислам дека нема многу инсталација, така што, се надевам дека ќе биде завршен во предвидениот рок, рече Трајановски. Тој упати благодарност до Владата за поддршката на проектите, и потсети дека неодамна беше рехабилитиран и проширен патот од Крива Паланка до Деве Баир, во јануари беше пуштен во употреба експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, така што, рече, полека но сигурно се реконструираат патиштата во државата и се прават нови. Тагови: Александар Николоски Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуелШкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случајНа 3 октомври 1995 година во 9.50 часот Скопје го потресе силна експлозија. Мета на нападот беше првиот македонски претседател Киро Глигоров. Во моментот на поминување на службениот автомобил на претседателот Глигоров на улица „Македонија“ во близина на хотелот „Бристол“ експлодирал парикиран автомобил „ситроен ами 8“, 20 килограмскиот експлозив бил активиран со далечинско управување. Претседателот Глигоров преживеа, загина неговиот возач Александар Спировски, минувачот Христо Христоманов, а тешко повреден беше и телохранителот Илчо Теовски. Обемната истрага и со учество на меѓународно експрети не го даде одговорот кој бил сторителот и нарачателот? Авторот на книгата „Скопскиот атентат“ Зоран Доревски, кој во времето на атенатот бил главен инспектор во управата за обезбедување на личности и објекти преку анализа на светски атентати, докази од атентатот во Скопје објаснува дека во тогшната млада држава Македонија била удар и на надоврешната политика. „Би можел да кажам и кој е тој некој меѓутоа, но јас не можам со сигурност да потврдам, бидејќи за ниту еден атентат не постои писмен документ каде некој наредува направете го тоа и тоа“- д-р Зоран Доревски автор на книгата Скопски атентат „Атентатот се случува во момент кога Македонија треба да пристапи кон ОБСЕ, кога се потпишува програмата за партнерство за мир, што значи НАТО доаѓа во државата, кога се потпишуваат договори со светска банка и монетарен фонд што значи економска стабилизација и средување на финансиско- економски аспект на државата и во момент кога Македонија ја напушта орбитата на Белград“, потенцира во анализата Доревски. Авторот Доревски посебен акцнет става на случувањата по атентатот и го споредува со други специфични атентати како на Кенеди, кога биле елиминирани и замолчени над 100 сведоци. Во неговото истражување објаснува колку луѓе загинале по обидот за елиминарање на Глигоров. „Јас најдов осум лица кои загинуваат во првите две години по атентатот. Најголемиот дел од нив во 1998 година кога доаѓа обновување на втората истрага на јавниот обвинител Ставре Џиков и новата власт која покренува истрага за атентатот. Мислам дека успеав да кажам зошто овие лица биле замолчани и кои биле нивните сознанија, вели Доревски. Во истрагата биле проверени околу 30 илјади возила и 15 илјади објекти, над 180 луѓе идентификувани. До денеска истрагата не покажа кој бил нарачателот на атентатот. Претседателот Глигоров имаше тешки повреди на главата. Тој почина на 1 јануари 2012 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДржавен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун Со државни почести денеска Бугарија ги пречека посмртните останки на Цар Самоил. Со воен авион останките беа пренесени од Солун во Софија и поставени на плоштадот „Кнез Александар Први“ каде беше одржана церемонија на која се обрати бугарскиот државен врв. Од таму беа пренесени во базиликата „Света Софија“ каде имаше присуство на бројни граѓани. Претходно, во Музејот на византиската култура во Солун, официјално беше извршено предавањето на посмртните останки од Грција. Бугарскиот премиер Румен Радев порача дека со враќањето се исполнува, како што рече, морална обврска, додека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис зборуваше за историскиот долг на Атина кон Софија и потенцираше дека Грција добива назад 48 црковни реликвии со големо духовно и историско значење. -Нашите сонародници и идните генерации заслужуваат и треба да им оддаваат почит на своите предци. Овие шест децении, нашите политичари, дипломати, научници и државници работеа напорно за да стигнеме до денешниот ден. Херојскиот и величествен цар Самоил, кој не можел да ја поднесе глетката на своите војници, е пример за секој Бугарин. Ако во минатото цар Самоил нè разделувал, денес нè обединува. Денес тој го прави нашето стратешко партнерство уште посилно, а врските меѓу двата народа – поцврсти.- Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија -Враќањето на важен црковен предмет ги претвора и тешките историски моменти во нови можности за комуникација. Атина ја исполнува својата историска должност, враќајќи ѝ ги на Софија посмртните останки на цар Самоил, кои во 1964 година ги открил професорот Моцопулос во базиликата „Свети Ахил“. Тие со децении биле чувани од грчката влада, а сега му се враќаат на бугарскиот народ, за да им се оддаде почит на начин што вие ќе го сметате за најсоодветен. – Киријакос Мицотакис – Премиер на Р. Грција На новинарско прашање околу чинот на пренесуваењ на останките на Самоил во Софија, премиерот Христијан Мицкоски се наврати на Бледскиот догово и пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје. -Што се однесува до пренесување на мошти јас би се вратил наназад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев како резултат на тој Бледски договор се донесени во Скопје и нешто што треба нас како Македонци да не прави горди, зашто моштите на тој великан којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет и штета шт малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и сето она коешто таму е договорено, а тоа не етолку одмана, пред неколку децении после капитулацијата на фашистичка Бугарија после Втората светска војна којшто ја окупирала територијата на денешна Македонија. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Во однос пак на дилемите кои се отворија и во дел од научните кругови во Софија има сомнежи дали од Грција навистина сепак стигнале останките на цар Самоил. -Единственото нешто кое претстои според мене да се направи а не било направено претходно, е ДНК анализа на коските кои ќе бидат вратени во Бугарија и која ќе потврди или нема да потврди, она што е трагично во случајот, она кое сите го знаеме а тоа е дека таму е погребано семејството на царот и дел од неговото семејство. Јас разбрав дека станува збор за детски скелет што означува колку е неподготвена целата таа операција. – Проф. Милко Палангурски - Историчар Останките на Цар Самоил биле откриени во базиликата „Свети Ахил“ на островот Ахил во Малото Преспанско Езеро, при археолошките ископувања на грчкиот професор Николаос Моцопулос во 1964 година а во последните години се наоѓаа во Музејот на византиската култура во Солун.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter