Николоски: Трасата останува иста, рокот за изградба ќе биде 5 години - Канал 5

Николоски: Трасата останува иста, рокот за изградба ќе биде 5 години

Заедничко прокетирање и изведба, фиксен рок за завршување на прокетот и сребрен или златен фидик – ова се трите услови кои Владата ќе ги постави при склучувањето на договорот за изведба на брзата пруга од Табановце до Гевгелија.

Николоски: Трасата останува иста, рокот за изградба ќе биде 5 години

Министерот за транспорст Александар Николоски во синоќешното Само интервју на Канал 5, вели ќе се разговара само со компании од прва класа, кои според него ќе може навреме да го завршат прокетот, нешто за што ќе бидат обврзани и во самиот договор. Очекува летово да се завршат административните процедури, а на есен да се почне со работа, крајниот рок за завшрување на прокетот е 5 години.

Иако во јавно не е објавена, рече дека физибилити студија имало и била испратена со сите меѓународни финансиски институции, преку кои МФ бара 1,91 милијарда евра за изградба на пругата, а според информации на Канал 5 веќе има и заинтересирани банки кои испратиле понуди. Николовски е уверен дека Македонија ќе добие како што рече најдобро финансирање во историјата на државата, а ваква пруга вели на земјава годишно може да и донесе 120 милиони евра, 10 пати повеќе од сегашните околу 12 милиони евра.

„Ние не можеме инфраструктуните проекти да ги цениме во чиста математика – ако ги цениме во чиста математика ние не треба ниеден да градиме, ниеден автопат не еисплатлив, ниеден пат не е исплатлив. Вие имате села кои што имаат по 10 – 20 жители па се поврзани со авалтен пат, нема економска оправданост, целта е да ги поврзете луѓето. Како може да барате економска исплатливост во болница како ќе ги измерите – колку чини еден човечки живот да се спаси нема цена тоа....“ - Александар Николоски – министер за транспорт ( Само Интервју 19.06.2025) .

Според најави дека во октомври ќе биде потпишан и вториот договор со Британија, оној за стратешко партнерство. Потпис на него во Лондон треба да биде ставен од премиерите на двете земји. Николоски уште еднаш повтори дека прашањето за сместување на мигранти во земјава е затворено, и во договорот не е предвидено такво нешто, и покрај информациите во тамошните медиуми дека есенва на самиот во Лондон за земјите од Западен Балкан една од главните теми ќе биде токму тоа. Дека договорот е историски најдобар, според него говори и фактот што со Британија се воделе, како што рече сериозни разговори за ослободување од визи за три категории, кои би опфатиле 80 % од граѓаните.

„Ние не можеме да претпоставуваме што се би разговарале државите во иднина, како што не можеме ни сега, но нашиот став во однос на прашањето со мигрантите е јасен и тука јасно ја кажавме нашата позиција и не гледам што тука би се променило.... во однос на визите тоа е нешто што го разговараме во рамки на мојата посета во Британија.... 8.33 Многу сериозно разговараме за најмалце три категории на патувања да бидат ослободениод визи и тие три категории практично ќе покријат 80 % од граѓаните....“ - Александар Николоски – министер за транспорт ( Само Интервју 19.06.2025) .

Освен брзата пруга со парите од Британија, земјава ќе гради и здравствени установи,а се предвидени и прокети во делот на образовението. Дополнително Николоски вели се размислува и за трамвај во Скопје, градски воз, но и електрични автобуси, за кои огласот е веќе објавен. Ќе се набауваат вкупно 120, од кои 80 за главниот град, понудите се очекуваат до 17 јули, а проценетата вредност е 38 милиони евра...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајли Сајрус ѝ ја избричи главата на обожувателка, болна од рак (ВИДЕО)

Мајли Сајрус исполни голема желба на обожавателката Кеш Џејкобс, на која ѝ беше дијагностициран рак на дојка во трет стадиум, и ѝ помогна да ја избричи главата. 

Мајли Сајрус ѝ ја избричи главата на обожувателка, болна од рак (ВИДЕО)

Откако Џејкобс објави видео на социјалните мрежи во кое ја замоли пејачката да ѝ ја исполни таа желба, нејзиниот тим организираше нивна средба. Сајрус ја пречека обожавателката зад сцената по нејзиниот концерт во Холивуд Боул на 18 октомври, каде што лично ѝ ја потстрижа косата.

Средба по концертот

Во среда, 21 октомври, Џејкобс објави видео од нивната средба на Инстаграм и ТикТок и ѝ се заблагодари на пејачката што се согласила со нејзиното барање. На почетокот на видеото, Сајрус праша: „Дали навистина ќе го направиме ова?“, а потоа се пошегува: „Ниту едно претходно не сум се бричела“.

За време на средбата, пејачката се обиде да ја охрабри обожавателката и да ја потсети дека не мора да ги крие своите емоции. „Можеш да бидеш нежна и силна во исто време“, ѝ рече таа. Сајрус ѝ рече дека е сосема нормално да чувствуваш различни емоции во исто време. Таа го охрабри Кеш велејќи дека истовремено може да мисли „Се плашам“ и „Јас можам да го направам тоа“. Таа додаде дека „секој страда на свој начин“.

Во продолжението на видеото, Сајрус зеде машинка за шишање и ја избричи главата на својот обожавател пред огледалото. „Ајде девојче, ајде да го направиме тоа“, ѝ рече таа пред да продолжи да се бричи.

@cashjacobs_2 Longest and BEST weekend of my life #miley #hollywoodbowl ♬ Let’s Get Married - Miley Cyrus

„Желбата се остварува“

Во описот на објавата и последователното видео на TikTok, Џејкобс откри колку многу ѝ значеше средбата. „Мајли не само што ми го плати летот до Лос Анџелес и билетите за втората вечер на Холивуд Боул, туку одвои време да се сретнеме по концертот и ми помогна да го пребродам еден од најстрашните и најинтимните моменти во мојот живот“, објасни таа.

„Дознавањето дека имам рак на дојка, добивањето порта во градите и започнувањето со хемотерапија беше доволно тешко. Да не ги спомнувам несаканите ефекти од хемотерапијата со кои наскоро ќе се справувам“.

Џејкобс објасни дека музиката на Мајли Сајрус ѝ помогнала многу пати во тешки времиња. Откако се обиде да ја пренесе својата желба на пејачката преку социјалните мрежи, нејзината порака на крајот стигна до нејзиниот тим.

Таа ја опиша целата средба како „можност за цел живот“ и „остварена желба“, истакнувајќи особено колку била изненадена што Сајрус веднаш се согласила. „Мајли е најнежното, најкул, најљубезното, најискреното човечко суштество што некогаш сум ја имал честа да го запознаам и да поминам време со него“, напиша Џејкобс.

Концертите на Холивуд Боул беа првите целосни концерти на Мајли Сајрус по четири години. Пејачката оттогаш се пензионираше од турнеите, а нејзиното враќање на сцената во Лос Анџелес го означи нејзиното враќање на големите соло концерти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионисти

Најдобри апстрактни експресионисти во светот: Пешиќ Грозданов, Чуан, Мофат, Ривас, Џон, Скопелити, Филичкин, Орантас, Бренан И Александрова / 2026 Американски уметнички награди

Прво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионисти

Уметници од 69 земји се натпреваруваа на АМЕРИКАНСКИТЕ НАГРАДИ ЗА УМЕТНОСТ 2026, каде што на 20 од најценетите галерии во САД им беа испратени слики преку интернет за да ги оценуваат во цртеж, сликарство, скулптура, дигитална уметност и фотографија. Над 300-те победнички дела, од 1-во до 6-то место (и нерешени) во сите 50 категории, ќе бидат прикажани во претстоен филм и 75 статии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

На почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер