МакедонијаНиколоски: Со пуштање на реконструираната обиколница на Крива Паланка, спој со Бугарија, ја завршуваме модернизацијата на источното крило на Коридор 8Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целосно го развиваме источното крило на Коридор 8.Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целосно го развиваме источното крило на Коридор 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски ја пуштија во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка. Како што посочи Николоски, проектот е инвестиција вредна 1, 2 милион евра и е дел од Коридорот 8. -Драго ми е што проекти се завршуваат на време. Ова е таков пример, ова е проект кој го започна оваа Влада и го заврши оваа Влада, што е пример како се работат проекти кои одговорно и посветено се работи. Се работи за проект кој е во должина од 4, 5 км и проект кој значи целосна рехабилитација и поврзување со Република Бугарија. Ова не е само обиколица на Крива Паланка, ова е поврзување со Бугарија и е витален дел од Кориодр 8 во кој многу вложуваме со цел развој на истиот, рече вицепремиерот Николоски. Тој потсети дека минатиот јануари беше пуштен експресниот пат од Крива Планака до Страцин и ова е природно надоврзување на тој експресен пат, а во моментов интензивно се работи на осовременување, проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир. -Првата фаза треба да биде готова до јуни, се работи на реконструкција на постојните објекти и после јуни месец да влеземе во втора фаза што ќе значи проширување на граничниот премин. Со еден модернизиран и проширен граничен премин и со една модернизирана обиколница на Крива Планака и еден експресен пат кој оди од Крива Паланка до Страцин целосно се развива источното крило на Коридор 8 – потенцира вицепремиерот Николоски. Тој истакна дека на овој Коридор во соработка со ЕУ во рамки на Планот за раст се бара најсоодветно решение за модернизација и од патниот дел на Страцин до Романовце, односно до Куманово. Во однос на железничкиот поврзување на Исток тој додаде: -Интензивно веќе започнаа работите на железничкото поврзување на Крива Паланка со Скопје и со Софија. Потпишавме Договор со Бугарија за прекуграничниот тунел, а на фаза 2 веќе се задвижени работите иако таму имаме наследена ситуација од претходната Влада, изведувач кој не е одговорен, но со силен притисок работите се движат напред. Така што очекувам и за тој проект да дојдеме со добри вести што ќе значи Крива Планака да ја поврземе со Бељаковце и да имаме дневна линија воз од Крива Паланка до Скопје - потенцираше вицепремиерот Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Шоу бизБекамови го вклучуваат Бруклин во објавата за Денот на татковците и покрај наводната караницаБруклин Бекам можеби не е во најдобри односи со своето семејство, но неговите родители сè уште мислат на него.Дејвид и Викторија Бекам вклучија фотографии од нивниот најстар син, 27, во нивните објави на Инстаграм за Денот на татковците. Семејни честитки на Инстаграм „Да бидам татко е мојата најважна работа... Ве сакам сите и ви благодарам, мама @victoriabeckham, што ни го подари нашето прекрасно семејство. Среќен Ден на татковците на сите татковци низ целиот свет“, напиша Дејвид на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by David Beckham (@davidbeckham) Викторија, исто така, објави почит на својот профил. „Дејвид, ти навистина си најдобриот татко. Нашите прекрасни деца отсекогаш биле твое најголемо достигнување и многу те сакаме. Среќен Ден на татковците“, рече таа. Таа вклучи фотографија од Дејвид како позира на плажа со сите нивни четири деца, вклучувајќи ги Ромео, 23, Круз, 21 и Харпер, 14. View this post on Instagram A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) Раздор во позадина Објавите доаѓаат неколку дена откако Бруклин навидум ги прозва своите родители во реклама на „ DoorDash“ снимена пред Светското првенство. Во рекламата, Бруклин седи на каучот во својот дом додека во позадина се слуша фудбалски натпревар. „Веројатно се прашувате зошто го гледам Светското првенство во 2026 година од дома“, вели Бруклин со насмевка. „Долга приказна е.“ Потоа станува и фрла неколку билети за турнирот на масичката за кафе. Рекламата завршува со натписот: „Комплицирано е. Наскоро повеќе.“ View this post on Instagram A post shared by @brooklynpeltzbeckham Бруклин, најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, во јануари објави долга изјава за неговите семејни проблеми и зошто не сака да го поправи својот нарушен однос со своите родители, браќа и сестра. Извор: Индекс.хрТагови: Бекамови караница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЧешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштатаЗабраната ќе се однесува на употребата на телефони во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели.Чешката влада поднесе закон за забрана на мобилните телефони во училиштата од септември 2027 година, потврди премиерот Андреј Бабиш, приклучувајќи се кон растечкиот глобален притисок за ограничување на времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефони во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели. „Училиштата нема да можат да им дозволат на учениците да земат пауза со своите телефони од други причини“, се наведува во нацрт-законот. Овој потег следи по мерките на други влади насочени кон ограничување на употребата на социјалните медиуми или мобилните телефони кај децата. Полска овој месец го следеше примерот на земји како Холандија, Јужна Кореја и Италија со забрана на паметните телефони во училиштата поради загриженост за нивното влијание врз концентрацијата и однесувањето на учениците. На социјалните медиуми, Австралија беше првата што воведе забрана за пристап на деца, а Велика Британија овој месец објави забрана за лица под 16 години. Бабиш нагласи дека владата размислува и за забрана на социјалните медиуми за деца, по примерот на Франција и други земји кои зазедоа построги ставови поради перципираните негативни ефекти врз децата. Извор: Индекс.хрТагови: Чешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: „Ќе се согласат на сè...“Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе прифати строги инспекции додека САД и Иран водат разговори за нуклеарниот договор во Швајцарија, при што официјалните лица на двете земји даваат спротивставени изјави.Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од САД и Иран моментално се во Швајцарија каде преговараат за конечен мировен договор што треба да го реши проблемот со нуклеарната програма на Иран. Иранскиот режим вели дека сака да користи нуклеарна енергија само за цивилни цели, но задржува залихи од високо збогатен ураниум. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) постојано го повикува Иран да ја открие локацијата на своите залихи од збогатен ураниум откако САД и Израел го нападнаа Иран минатото лето. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека иранските претставници се согласиле да им дозволат на инспекторите на МААЕ да влезат во Иран. Сепак, Министерството за надворешни работи на Иран негираше дека Техеран прифатил какви било нови обврски во врска со неговата нуклеарна програма за време на разговорите со САД овој викенд во Швајцарија. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36