МакедонијаНиколоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено од меѓународните медиумиСкопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми. Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од понудените преку 390 илјади нови седишта, заради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6 илјади седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот авио портал „EX-YU Aviation News“ - посочи Николоски. Нагласи дека во првите месеци од годинава, македонските аеродроми бележат раст од 30 отсто по број на патници и околу 20 отсто по број на операции, што ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот во Македонија. -Само од почетокот на оваа година се водедоа нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, односно од Охрид кон Милано и Братислава. Дополнително, во текот на месец јули од Охрид започнува да оперираат линиите кон Катовице и Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и Алгеро, со што за речиси две години од работа на оваа Влада, се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии - потсети Николоски. Порача дека развојот на авиособраќајот останува меѓу приоритетите на Министерството за транспорт и тоа, како што нагласи, го докажуваме со реализација на проектот за реконструкција, надградба и проширување на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, со што дополнително ќе го зголемиме капацитетот за патници и авио операции. Вицепремиерот Николоски, истакнува дека оваа година се очекува да се надмине бројот на патници од 3,5 милиони, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии. -Во однос на актуелните состојби со горивата, Македонија има стабилна состојба, во континуитет се врши координирање со сите институции и засега авиосообраќајот се одвива непречено - објави вицепремиерот Николоски на својо фејсбук профил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Шоу бизФото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикиниЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ... Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан . Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива. Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамЕлектричните возила се по популарни Според експертите од автомобилската индустријата, електричните возила добиваат на популарност кај потрошувачите поради подобрената инфраструктура за полнење и појавата на попристапни модели, вклучително и од кинески производители. Побарувачката за електрични возила низ цела Европа е зголемена и поради зголемувањето на цените на горивата поради војната на Блискиот Исток, според податоците од истражувачката група New Automotive и здружението за индустријата за електрични возила E-mobility. Сепак, некои раководители предупредуваат дека интересот може да се намали кога цените на бензинот повторно ќе паднат. Извршниот директор на Ford Europe, Џим Бомбик, рече дека војната го зголемила интересот на клиентите за електрични возила, но предупреди дека ова не треба да се гледа како трајна промена во трендот. „Нарачките за електрични возила на Renault се зголемија за 50 проценти во некои земји од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, но очекуваме растот да забави ако цените на горивата паднат“, изјави минатата недела извршниот директор на компанијата, Франсоа Провост.Тагови: електричен автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
СветУкраина и Русија повторно разменија тела на загинатиМосква и Киев разменија тела на загинатите во повеќе од четиригодишната војна, соопштија украинските власти. Украина прими 522 тела, додека Русија прими 33, според државните новински агенции. Русија ги врати останките на повеќе од 20.000 Украинци од почетокот на 2025 година, додека прими повеќе од 600 останки на свои граѓани. Поради бавното, но стабилно напредување на руските сили, украинската војска не можеше да ги врати телата на своите паднати војници. Двете страни ги чуваа своите загуби во тајност. Украинските загуби се проценуваат на околу 190.000 загинати и исчезнати, додека руските загуби се проценуваат на повеќе од 350.000, според ДПА. Обединетите нации проценуваат дека нешто повеќе од 16.100 цивили се убиени од мај оваа година. Украина се спротивставува на целосна руска инвазија од февруари 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook